Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
22.01.2012, 18:19

Мое ќоше

Јави се, јужна

Ерол Ризаов

Македонијо главата горе. Победивме

Македонија во шок тагува за испуштената победа против Данска, светска ракометна велесила. Ги надигравме Скандинавците во секој поглед. Почнавме дури и цепелини да им пуштаме. Ги шашардисавме, не знаеја каде им е главата. Еден од најдобрите стручњаци за ракомет во светот нивниот тренер Вилбек жолт како лимон веќе немоќно ги рашири рацете немајќи совет за смирување на македонското цунами. По дожд од голови, шест разлика за Македонија, кога бевме сосема близу, само на чекор од историската победа, почнаа Данците да се соземаат и да се спасуваат. И како што бидува на големите мечеви кога се натпреваруваат меѓу себе најдобрите, тогаш спортскиот дух ја покажува својата магија, ја покажува вистината зошто е омилен од милијарди луѓе бидејќи само тој јазик го знаат и го разбираат сите. Тој адреналин на витешката борба го крева на нозе светот. Пресвртот, кога послабиот го победува посилниот е можеби најпривлечната сила на спортот. Данска во Белградската арена беше надиграна од Македонија, но успеа, иако послаба, да победи во последните две секунди од натпреварот. Како. Тоа го оставам на големите генерали, експерти за мудрување, по битките.

Јас можам само да кажам, како и милиони други, Македонијо главата горе. Натпреварот не е завршен. Јави се, јужна. Одиме да ги надиграме Полјаците и Србите. Одиме да си ги мериме силите и вештините со најдобрите во Европа. Ние сме со нив во истата лига, ние сме на врвот на ракометниот спорт. Тоа е нашата победа. Ние веќе победивме, не само затоа што сме таму, туку затоа што сме силни и рамноправни, затоа што ни се плашат. Овие резултати во ракометот и во кошарката не се случајни, а уште помалку се некаква спортска среќа или сплет на околности. Кошарката и ракометот имаат повеќедецениска традиција во Македонија. Во ракомет веќе имавме екипа - европски шампион. Во кошарката во рамките на Југославија, која беше повеќекратен светски, олимписки и европски шампион имаа значајна улога и наши репрезентативци, како и наш тренер меѓу кои беше легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур и се разбира тука е и татко на југословенската современа кошарка Лазар Лечиќ. Нема ништо понормално во вакви услови да се појават нашите ракометни и кошаркарски асови кои ја тресат Европа. Погледнете ги резултатите меѓу сите репрезентации кој кого победил и кој од кого изгубил и ќе ви биде се' јасно, колку сме изедначени и колку сме рамноправни во лигата на европските шампиони. Затоа повторно тврдам дека и со Данска, како и по поразот со Германија, дека во ваквите натпревари секој пораз не е пораз. Напротив секоја добра игра на Македонија е своевидна победа без оглед на резултатот. Нам ни треба тоа рамноправно надигрување и одмерување на силите со европските големи тимови како мелем на лута рана. Ни треба како најдобра терапија да ни се врати одамна изгубената самодоверба во лавиринтите на транзицијата, сиромаштијата и оспорувањата. Ја видовте ли таа радост кај Данците и кај Германците дека ја победиле Македонија. Еј, човече ја победиле Македонија, иако беа надиграни. Не можеа да си веруваат на сопствените очи. Тоа беше голем ден за нив. Ама и за нас. Не е мала работа да се победи Македонија. А уште поголема работа е да се надиграат Германија и Данска. Ние тоа го направивме.

Ја видовте ли таа силна моќ на спортот, на најголемиот и најдобриот дипломат во светот. Видовте ли како паѓаат тие бариери околу името на Република Македонија, дури исчезна и она „Република“, сите викаат само Македонија, Македонци, публиката, спортските коментатори, тренери, стручњаци... сите научија да пеат македонски, сите до еден зборуваат за македонското спортско чудо. Затоа во овој миг кога се јадеме живи по несреќниот праз со Данска, најнеопходно е да се охрабрат нашите ракометари дека војната не е завршена, дека имаме големи шанси да го постигнеме најголемиот успех, во ракометот, што овие големи спортисти ќе ги стави рамо до рамо со нашите кошаркари. Она што во моментот најмногу им треба на нашите репрезентативци е да се ослободат од чувството на вина доколку такво нешто има. Тие остануваат наши херои бидејќи тоа си го одработија. Денес играме против Полска. Голем поздрав до нашите јунаци. Јави се, јужна. Македонија сака победа.


Статијата е прочитана 4565 пати.

Испрати коментар



Ловците во акција за прихрана на дивечот
Поплавена фабриката Трикотажа „Пелистер“
Лозарите излегуваат на протест
Како се распаѓаше комбинатот „Џумајлија“



jovan, 23.01.2012 00:06:35
Neka sportot i sportskite temi bidat vo sportskata rubrika. Koj go interesira sportot, tamu ke cita sto se slucilo i koj se rezultatite. Taka e sekade vo NORMALNIOT svet.
Itar Pejo, 23.01.2012 00:17:07
Sportot e mnogu vazen za podiganje na patriotizmot. Istocna Germanija bese vodecka svetska sportska sila. Rezimot izdrza 50 godini gradejci sportski sali i sobirajci medalji. Mislam deka i nasiov rezim na toj nacin ce ostane na vlast uste mnogu godini.
Vlatko, 23.01.2012 01:21:50
losa kolumnava.stop.ke se navredi Gordan.stop.brisi dodeka ima vreme.stop. :)))
Ljubotan Trade Name, 23.01.2012 03:10:45
Dragi Erole! Ova e Sport! I sedi podaleku, od mesanje i mesianstvoto vo sport. Utrinski e Tvoj Veb Site i drzi se, za tvoite Politoloski Observacii,a ne Sportski Komentari. Jas sum sloboden strelec, i mozam da bidam sekade ;Mirogija za sekoja Manza.ama na mojot Veb Site, tamu sum ;Toa Sto Sum! Nitu eden Srpski Politicki Komentator Novinar, ne pravi komentari za Srpskiot Sport! Isto bi bilo kako Gjorgji Misajlovski od Diplomatija, da komentarise za Cunami! Ve Molam Bez Cenzura! Vi Blagodaram,Vie ne ste Skopski Vecer!
Albert, 23.01.2012 03:13:46
A be Erol, izgleda familijata dobro te placa stom ocigleden sportski poraz sakas da go ptretvoris vo triumf. Samo kolku da znaes, sportot ne e ni odblisku dobar diplomat, toa e kulturata i naukata i nisto drugo.
Jon, 23.01.2012 06:07:55
Smetam deka i erol kako novinar pripagja na opozicionata strana vo politikata ama so ovaj tekst pokaza deka moze nastanite da ne gi zamrsuva so partiski zacin Jas ne mislam deka nekoj ke najde kritika na ovaj tekst. Nie kako navivaci na nasata reprezentacija gledame razlika pomegju ovaj tekst i onaj na gordan poln so partiski cinizam
pameten, 23.01.2012 06:15:43
паѓаат тие бариери околу името на Република Македонија, дури исчезна и она „Република“, сите викаат само Македонија, Македонци... Imeto na sekoja drzhava i pred se na sekoj narod e element od sakralnoto. Ne se menuvat so zakoni, so komandi itn. Tie koi shto tvrdat deka so menuvanje na imeto na drzhavata kje se sneme identotetot voopshto ne razbirat sushtinata na sporovite, do 2008 megju Makedonija i Grcija, denes megju Makeodnija i svetot. Identitetot se gradi i menuva. Mnogumina zhalat za znameto so sonceto od Kutlesh iako nikoj ne go videl do 1976! Makedonija kje go izgubi imeto samo ako povrzuva identitetot so ochigledni istoriski nevistini. (Baranje na kontinuitet so Antiochka Makedonija, negiranje na Bugarskata kultura za vreme na Sredniot vek i Prerodbata). Makedonskiot identitet ima dosta zdravi temeli vo uspesite na umetnicite, pisatelite, sportistite, peachite i struchnicite za poslednive rechisi 70 godini. Ne e pametno se ovo da se kocka so porti, antichki simboli i t.n.
Весна, 23.01.2012 08:40:53
Напред момци. Со вас сме
Александар М., 23.01.2012 09:06:24
Господине Ризаов. Што ти требаше вакава колумна? Сега големото политичарче (а, всушност голема беда од човек) од саканата ти партија, Гордан Георгиев, ќе те искара зошто колумната не ти е во стил на неговата. Додека тој од петни жили запнува да навредува и омаловажува се што е македонско, ти повикуваш да се навива и денеска за Македонија. Веројатно ќе следат големи критики.
Mark, 23.01.2012 10:17:48
E za zal toa e kaj nas-sportot e politika, politikata e sport, se e kasa-popara..moze ke navlecam gnev ama gledajte sto postignuvaat Srbite, Hrvatite, Slovancite vo site sportovi-a nie drama dali sme postignale nekoe cetvrto ili sedmo mesto...Dobro i toa...
citatel, 23.01.2012 10:30:20
Eve sto e velemajstor vo novinarstvoto. Gi zamoluvam tie sto imaat vrska so trenerot Shundovski da mu sugeriraat da se procita pred celiot tim.Toa e odraz na mislenjeto na celata javnost vo Makedonija. Mislam deka taka ke se vrati samodoverbata kaj nasite junaci.
Sportot e za sportskite rubriki., 23.01.2012 12:04:40
Site najlucidno i pomalku neeticki gi koristite sportskite uspesi za nekoi si Vasi celi i zbiranje nekakvi poeni. Taka bese i so kosarkasite , taka e sega i so rakometarite. Gi mackate kako poekmez na sekoe parce leb. Se soglasuvam so Jovana. Sportot si se sport i ostavete go na sportskite komentatori i na sportskite stranici. Taka e vo site normalni drzavi. A dakli sme nie normalna drzava , e toa e drugo prasanje?
До Јован и други гл. уредници, 23.01.2012 13:06:43
Јован и гледам се множат гл. уредници кои знаат каде и во која рубрика да пишуваат новинарите. Притоа покажуваат колку се боси и без комуникациска култура и елементарна наобразба. Главен настан секаде во светот е главен настан и тој е топ тема од сите аспекти. Викендот vo Makeдонија главна тема беше натпреварот со Данска, денес ке биде со Полска. Ако се тоа главни теми нормално е медиумите да ги анализираат од сите аспекти. Рубриките не се дуќанчиња за специјализирана стока. Отворете некој светски весник и ке видите кога настаните ги надминуваат тесните рубрички рамки, како тие се анализираат од многу агли. Господа кога нешто не знаете најмудро е да молчите оти се глупирате.
Bravo, 23.01.2012 13:33:41
Odlicen tekst, so mnogu ljubov. Ima nekoi nesta sto vrska so politika nemaat i taka treba da ostane.
Борче, 23.01.2012 13:43:33
Ерол до сега само сум те пцуел поради статиите... Сега за ова можам да ти кажам едно браво и благодарам! Нека ја прочитаат статијава твоите колеги а задолжително и ракометарите!
marija, 23.01.2012 13:46:44
Rizaov napisal odlicen tekst, no citatelive se za nikade, se ke se najde nesto da im e krivo. Bravo za Erol. Ne naogajte vlakno vo jajceto. Komentirajte go ovoj tekst,ne od vcera.
dobar den, 23.01.2012 14:05:18
No comment.
Makedonche, 23.01.2012 15:04:44
Izvonredno Erole, kako i obichno. Se slozuvam so chitatel, a i nekoi drugi. Nazalost poveceto se optovareni so neshto mene ne poznato, pa ima komentari kakvi shto ima. Jas nishto losho ne vidov i vo kolumnata na Gordan naprotiv, ama nekoi ja tolku izvrtija rabotata, da ni Gebels ne im e raven. Interesno kolku se sposobni za skaruvanje i delba na narodot, a ne se sposobni 1 000 ludje da organiziraat za prevoz. Lichen sum svedok na noceshnata-utrinskata bruka na vlezot na zeleznichka vo SK. Sram! No sepak si ja sakame drzavata i ce navivame za nea. Oni se menlivi, taa e vechna.
?!, 23.01.2012 15:06:02
Аман бре Јован,,Љуботан,Алберт...А бре остајте и останативеда го искажат својот исплив на емоции,да си кажат колку и тие се задоволни од успехот.Колку им е мило иако во тимот го нема некој како Ерол.Сега ние останативе заради вакви ептен несмасни гласни размислувања друга песна ќе фатиме.Немате само вие право да се радувате.Инаку ако ја мериме јачината на сакањето,ова другово,Еролово,е појако.Зашто следи и покрај се.Е,па и да треснете од мака ние и понатака ќе си ја сакаме преку радоста.Еве ако треба и скришум,да не не чуете вие.Да живее Македонија,дом на сите вас а и на сите секакви како нас
лудебит, 23.01.2012 17:12:04
луботан Вистина невкусно.траде, за дасија видиш вацата треба огледало, ама даси го пр0вериш умот титреба нешто друго,немој даси ги понижуваш децата, ептен памет продаваш. Вистина си досаден како, п. ајде малку одмори.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: -3°C, Мин: -13°C

Вторник
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |