Хороскоп
Овен
Се' уште сте во недоумица за работата. На полето на финансиите нема промени. Ве очекува солидна добивка. Ако веќе не сте, постои можност да се впуштите во страсна авантура. Стомачни тегоби.
Бик
Бидете подготвени на работни промени, кои ќе бидат повеќе од добри за вас. Парите трошете ги рационално, така што заштедата ќе се зголеми. Во врската имате проблем со посесивноста на партнерот.
Близнаци
Со леснотија ги завршувате сите работни обврски за кои брзината е од пресудна важност. Ве очекуваат се' поголеми трошоци во семејството. Некој од работното опкружување ќе почне да ви се додворува, но може и да претера.
Рак
Денес ќе бидете нервозни и неспособни за нормална комуникација, па конфликтите се извесни. Минливи финансиски проблеми. Во љубовта присутна е криза, а здравјето е чувствително.
Лав
Немате работни тешкотии. Првенствено треба да мислите на своето здравје, кое денес ќе биде особено чувствително. Можеби би било најдобро се' што сте планирале да оставите за утре.
Девица
Познато е дека сте во состојба од комарец да направите магаре, но за жал, за работи кои не се важни. Она што е многу поважно го запоставувате. Најголем проблем ви се финансиите. Здравјето е добро.
Терезија
Ве очекува стрес на работа. Можна е и кулминација кога се работи за здравствената состојба на некој од семејството. Наскоро ќе биде многу подобро. Емотивно сте стабилни. Здравјето е добро.
Скорпија
И денеска ќе бидете малку конфузни и неодлучни. За жал, тоа ќе потрае уште некој ден. Сконцентрирајте се на работата и работете според договорот. Се' повеќе изгледате неодговорно. Здравјето е променливо.
Стрелец
Ве очекува уште еден ни малку лесен ден на работа, но нема да реагирате импулсивно. Во овој момент, тоа само уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата, а и поддршката од шефот ќе изостане.
Јарец
Денеска ќе има уште малку работна неизвесност, но набргу ќе го дознаете она што треба да го знаете. Ве очекуваат поволни случувања, особено ако сте приватник. Партнерот е раздразлив.
Водолија
Работата нема да ви биде денес толку важна како емотивниот живот. Доколку дојде до кавга со партнерот, брзо ќе се смирите и тоа на негова иницијатива. За патување не размислувајте засега.
Риби
Врзани сте за саканата личност, но ве мачи понатамошниот развој на ситуацијата. Потребно е да му помогнете на партнерот при донесување одлуки, кои се донесуваат на вашата заедничка иднина.
|