22.01.2012, 17:21 Мислења
Фризерска камуфлажа на Владата
Петар Муличковски
Во понудените предлози недостига решение од технички, технолошки и функционален градежен аспект
Она што можев да го видам на телевизија и во неколку дневни весници на конкурсот на Владата за промена на фасадата на зградата, главно се прикажани фасадите на пристигнатите пет трудови.
На прв поглед, без да влегувам во суштината на проблемот, тие претставуваат помодна фризерска ревија од камуфлажи, обланди и шминки преку кои се настојува да се скријат и да се обезвреднат позитивните архитектонски и урбанистички признати и потврдени елементи на објектот, кој се претставува со супра-постмодерната фасада, што во времето на неговата градба имаше забележителен архитектонски дизајнерски израз. Тоа е постмодерен конструктивизам со апликации на постмодерната архитектура, која одлично ја има дефинирано познатиот светски експерт и критичар за архитектура Вентури, кој вели: „историцизмот е основен белег на новиот симболизам, а вториот носител на симболизмот во архитектурата е орнаменталниот украс“, а тие се и основен и карактеристичен белег на постојната зграда на Владата на Македонија. По која констатација објектот претставува архитектонски градежен објект со автентичен стил во современата светска архитектура и не треба да се менува и не треба да биде цел на нејзино негирање обезвреднување и уништување, па макар тоа било од привремената идеолошка определба како присилниот проект „Скопје 2014“, кој Владата настојува да го реализира на несоодветен - историски македонизам.
Во понудените предлози недостига предлог-решение од професионален технички, технолошки и функционален градежен аспект. Според тоа, ваквата вредност од интерес на Македонија не треба да биде објект на оценување, па било тоа од една привремена идеолошка опција.
Наместо објектот да се вреднува од аспект на дел од културно, архитектонско и урбанистичко творештво како споменик од македонското културно и историско наследство - како вредност од национален интерес за кое дело авторот има ��обиено многубројни признанија и награди од дома, од поранешната југословенска држава и од светската интернационална асоцијација и академија, се' до највисоката интернационална награда за литература од областа на архитектурата лауреат со сребрен медал и почесна диплома поради кое многу познати професионални организации и критичари авторот на проектот го сметаат како најголем архитект на Македонија и на Балканот.
Затоа е потребно да се каже и да се објасни проблемот за кој треба да се изјаснат и тоа: дали е доволно за граѓаните да се запознаат само со фасадите на пристигнатите трудови кои треба тие да го решат проблемот со кој се соочени вработените - дека имало некои недостатоци кои треба да се поправат и санираат, или е во прашање „нешто друго“?
Но, исто така, да се запознаат и со општите вредности на објектот од архитектонско-урбанистички аспект кои може да ги обезвреднат потврдените добиени признанија, награди за неговата вредност кои можат да го револтираат јавното мислење дека Владата има направено професионална неправда кон авторот на објектот.
(Архитектот Петар Муличковски е автор на зградата на Владата, на која сега треба да и' се менува фасадата) |
|
Статијата е прочитана 2098 пати.
|
Испрати коментар
|
|
B. Betinski, 23.01.2012 00:23:41 | Gospodine Mulickovski, vo duhot na rimskata imperijalna praktika bese princiot Dementio memoriae koj go demonstriraa pri unistvanjeto na Kartagena. Toj princip podednakvo go praktikuvaa najpoznatite totalitarni rezimi na 20-ti vek (hitlerizmot i stalinizmot). Nesto priblizno, iako krajno neocekuvano, se slucuva sega i vo RM so sto civilizuiraniot svet veke nagolemo se podbiva. Ja razbiram vasata zagrizenost za sudbinata na vaseto avtorsko delo, veruvam deka ke naide na dovolno masovna podrska vo javnosta koja e dolzna, najposle, da se odbrani zabrevtaniot primitivizam ne samo vo arhitekturata, tuku i vo site sferi na zivotot. Od taa gledna tocka, vasite istapi vo javnosta se za sekoja pocit i pofalba. |
| Marencai, 23.01.2012 00:28:03 | Od ponudenite pocii za izgledot na vladata go nemase i stariot izgled za glasanje. Toa bilo gradezno resenie od edno vreme i neka prestavuva reprezent na toa vreme. Prozorite mozat lesno da se popravat ako se edinstven problem.
Ako vejke zapnale da menjaat ... neka ima konkurs po gradezen-arhitektonski fakultet, po gradenzni sredni skoli, pa da vidime sto idei ke dadat nasite decata. Pa prvo mesto da dobie stipendija od valdata. Da se promoviraat nasi nadezni deca.
I da ne se zaboravi zelenata vrednost na novite objekti. Se promovira stedenje na struja (greenje) a se gradat objekti nakiteni so stako i bez izolacija.
|
| Даме, 23.01.2012 03:32:03 | Зошто некој не го праша авторот, кој толку се повикува на неговото дело, за кое впрочем му се откупени авторските права, зошто понудил решение кое не ги задоволува ни минималните стандарди за енергетски ефикасен објект, па сега неколкугодишните трошоци кои ги генерира тој објект зиме за греење и лето за ладење се многу поголеми отколку трошоците за облекување на тој објект во ново руво, кое ќе обезбеди енергетска ефикасност на објектот! И на крај како автор на делото, би требало да му претставува чест да понуди ново подобро решение, наместо да се труди толку многу да ја сопре неминовната реконструкција на фасадата на објектот! |
| bitola, 23.01.2012 07:15:56 | sto ubavo ni bese so sds,tie nisto ne gradeja i narodot nemase sto da se rasprava.sds si prodavase i si kradese vo etapi. |
| Istocna Makedonija, 23.01.2012 08:26:00 | Nikoj nema legalno i moralno prao i eksluzivitet da
ja ,,koregira originalnata zamisla na avtor!Oso-
beno na ova unikatno i modernisticko zdanie na
,,IlindenskaBB.Kako startuvavme,nema da bide
cudno da pocneme i Pikaso da go ,,disciplinirame
a ,,koj se pa,Licenoski,Martinoski,Belogaski,,,Za
onoj Japonecot,Kenzo Tange i da ne se komentira
oti istorijata pocnuva od ,,nas!Viden nekade inte
resen komentar:Zgradava e bivs CK i relikt od mi
natoto i pod hitno-nova zgrada na Vlada,vo nas
inovatorski,,marsovski stil!Pod hitno! |
| В., 23.01.2012 09:07:49 | Владата сака да ја урне Владата. |
| водоинсталатер, 23.01.2012 09:31:25 | … проблемот со кој се соочени вработените - дека имало некои недостатоци кои треба да се поправат и санираат … За жал професоре, ова не е формулација на инжењер, инжењери зборуваат со бројки и технички податоци. На нивото на кое вие дискутирате иста тежина ке имаат и моите водоинсталатерски контра-аргументи. |
| bobi, 23.01.2012 09:34:43 | ako si tolku pameten predlozi resenie, se teci se se menuva, od energrtski i ekoloski aspekt deloto e nula, od estetski e dobro no ne e odlicno |
| Igor, 23.01.2012 09:45:19 | De be luge, od ljubomora se ke napravite samo za da frlite magla vrz svojot narod.
Pa dobro majku mu, poglednete na sto lici taa zgrada? Lici li toa na Vlada bre luge?
Ili koga se gradela za vreme Jugoslavija 90 parite vo dzebovi zavrsile, pa sega ke mavtate so avtorski prava?
Sram da Vi e! |
| milan, 23.01.2012 10:19:54 | G-dine Mulickovski kako graganin vi davam kompletna podrska da istraete i da se borite, te taka da go socuvate vaseto delo.Cenam deka javnosta,i strucnata fela od oblasta na arhitekturata i gradeznistvoto,mora da zastanat vo odbrana na vaseto delo.Potrebno e i da se pobara pomos i od megunarodnite institucii od taa oblast. POZDRAV. |
| Tito, 23.01.2012 11:38:31 | True od fasizam. |
| Санто, 23.01.2012 11:45:30 | Па добро бе луге, од толку проблеми со кои треба да се занимава една конструктивна опозиција, застапена со немал број пратеници во парламентот, треба да се занимава со вакви глупости.Или сака големиот архитект Грчев цело време да биде актуелен.Како тој и неговите пајташи да ја измослиле архитектурата.Кога ке треба да се смени знамето ке го повика шефот, да скрпи некое решение.
ПС.Ако се архитектите инженери,тогаш и другите инженери, дали треба да инсистираат на неменливост и авторски права на технолошки линии кои ги поставиле во некоја фирма, пред четириесетина години?За таа работа добивале плата, награди и тн.Никој особено за вакви дела не останал со куси ракави, во тоа време во кое е правен овој објект, по тогашни аршини, со врвен приоритет. |
| Oskar, 23.01.2012 12:51:43 | Zalam sto ne se znae koja licnost-i sto(i)jat, zad idejata za promena na fasdata, za da moze so nego da se polemizira. Vaka bez sprotivstavuvanje na argumenti e nevozmozno da se dojde do vistinsko resenie. Glasanjeto preku internet e sosema nekorisno bez strucna vrednost. Smetam deka potrebata od termickaizolacija na objektot treba da se napravi bez da se narusi arhitekturata na objektot. Ovoj objekt e eden od najznacajnite dela vo makedonskata arhitektura od II Svetska Vojna do osamostojuvanjeto na RM. Izgleda ovoj period nekomu mnogu mu preci, nasproti nepostoeckite stilovi na gradbi na ovie prostori, kako barok i antika. |
| Hari, 23.01.2012 13:30:31 | Podrska do Profesorot, eden od retkite koj Grujo ne uspea da gi plati za da go platat. Do komentatorite od dpmne: Vo SFRJ imese i demokratija i cesnost. Togasnite provizii i kriminali bea mackina kaslica vo sporedba so KRIMINALOT na pastirot. A sto se odnesuva do TAT, toa delo na DPMNE Tome Nenovski i kompanija. |
| Спасе, 23.01.2012 13:43:35 | Што мислите, дали авторот во време на комунизмот имал најдобро решение и работата ја добил на јавен конкурс, а не преку некој негов вујко? Со кое право пак тој сега го критикува проектот „Скопје 2014“? Според мое мислење, тој објект не личи на ништо. Освен тоа ме потсетува на ЦК и сите грозотии на комунизмот. Како и да се измени, ќе биде подобар. |
| Сантино, 23.01.2012 18:17:37 | А умно ли е , сине Санто,земја што е светски шампион во сиромаштија да фрла пари за глупости.Се е средено , само фасадата на владата ни остана!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Магла
|
Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
|
Среда
Снег
Макс: -1°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|