Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Спорт
23.01.2012, 18:27

Србите воодушевени од Македонците

Српските медиуми ги посочуваат македонските ракометни фанови како пример и за нивните навивачи за тоа како се бодри својата репрезентација

Од нашиот известувач Роберт Димитриевски

БЕЛГРАД – „Да не бевте вие Македонците, ќе се посрамотевме“.

Можеби звучи пресилно, но оваа констатација на еден претставник на Организацискиот одбор на 10. Европско првенство за ракометари во Србија не е далеку од вистината. Наспроти оптимистичките изјави пред првенството на директорот на ЕП 2012 и генерален секретар на Ракометниот сојуз на Србија, Божидар Ѓурковиќ, дека салите се распродадени, сликата не е баш таква, но значително ја поправаат македонските навивачи. На првиот натпревар од вториот круг против Данска во „Белградска арена“ имаше толку многу фанови со црвено-жолти навивачки реквизити, некои процени одеа и до 10.000, што весникот „Блиц“ ја прекрсти салата во „Македонска арена“. Според официјалната статистика на ЕП, мечот Данска - Македонија го следеле 17.000 гледачи, а тој меѓу домаќинот Србија и Германија веднаш потоа 19.500, што е претерана бројка ако се има предвид дека голем дел од Македонците си заминаа под влијание на огромното разочарување од инфаркт-поразот од Данска. Впрочем, и официјалниот спикер во салата по средбата не ги повикуваше залудно „браќата Македонци“ да останат и заедно со српските навивачи да ја бодрат Србија во дуелот за полуфинале со Германците.

„Денеска купив карта за нашиот натпревар со Швеѓаните, кој ни е клучен, но, за жал, Македонците ги купиле повеќето карти околу теренот. Срамота е што не се организиравме подобро, па најмногу да има наши навивачи, а не македонски, кои доста ни помогнаа против Германците“, стои во еден коментар од посетител на веб-сајтот на Радио-телевизија на Србија. Во друг се вели: „Ниту една сала не е полна, освен кога игра Македонија. Ако не беа Маке��онците, сигурно ќе изгубевме од Германците (мечот заврши нерешено 21:21 – н.з.). Сите Македонци навиваа за нашиот тим. Им благодарам“.

Дека нешто не е во ред со домашната поддршка за домашната репрезентација зборува и апелот од РСС пред синоќешниот дуел со Шведска.

„Сакаме да ги повикаме сите наши верни навивачи, вљубениците во ракометот и оние кои само што го откриле овој спорт со своето доаѓање и со поддршката, како и со спортското и фер навивање да ни помогнат да ја оствариме нашата голема желба да се пласираме на Олимписките игри“, се вели во соопштението.

Многу критики паднаа во српските медиуми за игнорантскиот однос на белграѓани кон ракометниот еврошампионат, посочувајќи ги македонските фанови како пример за тоа како треба да се сака и да се бодри својата репрезентација. Македонците го наполнија Спортскиот центар „Чаир“ во Ниш, со капацитет од 4.000 гледачи, во сите три натпреварувачки дена во групата Б од прелиминарната фаза, што не беше случај со другите три групи. Од странските селекции втора најголема поддршка по првиот круг имаа Словенците, кои на трибините во салата „Милениум“ во Вршац ги имаше околу 800 кога играа „змајчеки“, а зад нив се Хрватите и Унгарците. Во исто време, Србија во „Пионир“ против Полска, официјално, ја гледале 4.000 луѓе, против Данска 5.000 и против Словачка 4.900 во белградската сала со 8.150 места за седење.

Но, секоја еуфорија, па и ракометната, мора да биде поткрепена со резултати. Ако историската победа над Чешка во Ниш, прва за Македонија во нејзиното второ учество на европските првенства, ја удвои поддршката за избраниците на селекторот Звонко Шундовски во Белград, неверојатниот пораз од Данска дејствуваше обратно. Загубениот меч по удар за победа пет секунди до крајот беше капак во трилогијата почната со недобиениот дуел со Шведска, кога исто така го имавме последниот напад, зачинета и со речиси идентичниот неуспех со Германците, па на многумина што потрошија и време и пари за да дојдат во Србија им пукна филмот.

„Налет парите, но кој ќе ми ги врати изгубените нерви“, вели Горан Стојковски од Битола, кој со автомобил дошол во српската престолнина заедно со другарите за да го доживее, како што вели, чувството на гордост што му го приредиле кошаркарите со четвртото место на Европското првенство во Литванија.

Многумина од тие што купија влезници за средбите на Македонија во Белград почнаа да ги нудат под цена на интернет веднаш по мечот со Данска. Намаленото присуство на Македонците беше забележливо и на улицата „Кнез Михаило“ во центарот на Белград ден по натпреварот, за разлика од саботата, кога на секој чекор можеа да се видат луѓе со македонски знамиња, дресови и шалови. За падот на интересот кај љубителите на спортот во Македонија сигурно биле свесни и во Владата, која организираше бесплатен превоз со воз за мечот со Полска, а бесплатни влезници на среќните добитници на лотаријата на Македонска телевизија обезбеди „Макстил“.

Со оглед на придонесот на македонските ракометари и на нивните навивачи за гледаноста на мечевите и, воопшто, за атмосферата на ова ЕП, ваков гест можеа да направат и Европската ракометна федерација или организаторот на шампионатот.

ЛИЈАН БАКСУЗЕН ЗА МАКЕДОНИЈА

Кога и да се појави на трибините претседателот на ЕХФ, Тор Лијан, кога игра Македонија – таа губи. Така беше во Ниш на натпреварот со Германија (23:24), така беше и во Белград на мечот со Данска. Норвежанецот потоа остана да го следи и мечот Србија – Германија заедно со српскиот претседател Борис Тадиќ.

ВЕНТА ГИ ИСПОФАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ

Пред вчерашниот меѓусебен дуел во рамките на групата од вториот круг во Белград, полскиот селектор Богдан Вента ја испофали македонската репрезентација.

„Македонците играат со срце, со емоции и агресивно во одбраната. Не е само шутерот Кирил Лазаров од кого треба да бидете загрижени, тие имаат и други добри играчи“, изјави човекот под чие водство Полска стана светски вицешампион во 2007 година.

МАКЕДОНИЈА ПОУЧНА ЗА ДРУГИТЕ

Горчливото искуство на македонските ракометари против Данска, очигледно, оставило силен впечаток и кај другите репрезентации на ЕП во Србија, за што доказ е и реакцијата на францускиот селектор Клод Онеста во финишот од натпреварот со Словенија. На последниот тајм-аут, при водство на „триколорите“ од 27:26, тој ги предупреди своите репрезентативци на македонскиот пример, кога Ландин го одбрани ударот на Лазаров пет секунди до крајот, а во контранапад Линдберг и' донесе победа на Данска од 33:32. Европскиот првак не ја повтори грешката на Македонија, напротив - постигна гол седум секунди до крајот преку Жером Фернандез за конечни 28:26 и за први бодови во групата од вториот круг во Нови Сад.

Група 1

1. Германија 3 2 1 0 74:68 5

2. Србија 3 2 1 0 67:61 5

3. Македонија 4 1 1 2 108:108 3

4. Полска 4 1 1 2 99:104 3

5. Данска 3 1 0 2 81:83 2

6. Шведска 3 0 2 1 79:84 2

Резултати, 4. коло: Полска - Македонија 25-27. Синоќа играа: Данска - Германија, Србија - Шведска.

Група 2

1. Шпанија 3 2 1 0 77:72 5

2. Хрватска 3 2 0 1 84:82 4

3. Унгарија 3 1 1 1 71:74 3

4. Исланд 3 1 0 2 88:86 2

5. Словенија 3 1 0 2 89:91 2

6. Франција 3 1 0 2 77:81 2

Денеска играат: Шпанија - Исланд, Франција - Хрватска, Унгарија - Словенија.


Статијата е прочитана 9562 пати.

Испрати коментар



Наместо во Белград, останаа смрзнати на Железничка
Стоилов о��критие на првенството
Нов гол на Пандев
Свирежи за Мурињо на „Бернабе“
„Битола мој роден крај“ на закопот на Миљаниќ
Полјаците македонски ракометни муштерии



GOCE, 24.01.2012 01:39:00
abe drugarce robert...tesko tebe i na tvojata novinarska profesija ako taka lesno gi potcenuvas svojot narod i reprezentacija!!! zarem od od 10.000 iljadi navivaci ti najde nekoj ligav bitolcanec da go preneses negoviot komentar za tekot naprvenstvoto??? ja ti garantiram deka ke najdam 1000 afnovi koi bile vo belrad a se gordi i po porazot od danska, a i toa deka se namalil brojot na navivaci...da te prasam? KOLKU LI SAMO NAVIVACI IMASE NA MECOT SO POLSKA (ako vlasta uspea da isprati samo 500 fanovi vo Belgrad)??? aj isbroj pa kazi mi...:)
Aleksandar, 25.01.2012 01:47:06
Ah be Robert...... razmisli malku podlaboko pred da objavis nekoja statija. MAkedonija igrase so evropski i svetski prvaci i viceprvaci na EURO2012 (Svedska, Danska, Germanija, Polska..). Kako smes da spomnes razocaruvanje? Mislam... da site pomalku ostanavme razocarani ama ne smeeme da se ljutime na reprezentativcite. So ogled na toa so KOI reprezentacii igravme, kako pruzivme otpor i NIKOJ ne ne nadigra i ne ne pobedi so 5-6 gola razlika, NE SMEEME da sme razocarani. Ova e ogromen usoeh za Makedonija. I ne mi prenesuvaj nekoi izjavi na nekoj ligav bitolcanec. Iljadnici fanovi se zadovolni i seuste ja bodrat reprezentacijata, ti mu davas vaznost na nekoj poedinec. Ne e fer da pisuvame statii so razocaranost. Ova e najgolem uspeh na meskiot rakomet kaj nas. Odime napred!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови Вари
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Еден од најдобрите македонски стрип цртачи, беше награден со специјалната награда во чест на Миодраг Величковиќ – Мивел,...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |