Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Спорт
23.01.2012, 18:15

„Битола мој роден крај“ на закопот на Миљаниќ

Легендарниот фудбалски тренер беше погребан со звуците на познатата македонска песна

Миодраг Мицковиќ

По долгата болест замина еден од најпознатите тренери, не само во поранешна Југославија туку и во Европа, голем пријател на Македонија, Миљан Миљаниќ. Целиот свој живот го посвети на фудбалот, на неговата Црвена звезда во која ги мина најубавите години. Беше и селектор на југословенската репрезентација на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, тренер на кралскиот клуб Реал од Мадрид, на Кација, еден од најдобрите и најбогатите клубови во Кувајт, човек од фудбалот и за фудбалот. Роден во Битола, многу ја сакаше Македонија, при секоја посета на нашата држава зборуваше македонски, имаше голем број пријатели, сигурно најдобриот во поранешниот генерален секретар на тогашниот Фудбалски сојуз на Македонија, Симо Балвански, со кого речиси беше неразделен се' до прераната смрт на Балвански.

Остана забележан и по својата отвореност кон новинарите. За него сите беа еднакви без оглед дали се работи за новинар од некој светски познат весник или од некој локален. За сите имаше време, за сите насмевка на лицето. Авторот на овој текст се сеќава на еден престој во Белград кога требаше да направи интервју како млад новинар со Миљан Миљаниќ. Таа вечер Миљаниќ требаше да замине на разговори и вечера со претставници на Реал Мадрид, па и јас бев поканет да бидам на вечерата и тоа беше извонредна можност да направам навистина ексклузивно интервју.

За Миљаниќ и неговиот фудбалски живот, за неговата блескава кариера е многу пишувано, нема нешто што не е познато. Последен пат престојуваше во Скопје на промоцијата на книгата на Илија Атанасовски.

„Ние сме големо фудбалско семејство“, рече Миљаниќ при последната средба со неговите македонски пријатели.

На закопот на Миљан Миљаниќ во Белград присуствуваа голем број познати фудбалери и претседатели на фудбалски федерации од поранешните ју-републики. Таму беа и познатиот поранешен фудбалер на Реал, Амасио, потоа Ивица Осим, Звонимир Бобан, Дејан Станковиќ, Синиша Михајловиќ, Дејан Савичевиќ, Душан Бевиќ, Иван Гудељ, една плејада на најпознатите поранешни југословенски фудбалери предводени од Драган Џаиќ. Сите дојдоа да му одадат последна почит на својот драг учител и тренер.

Од Македонија на закопот присуствуваше поранешниот генерален секретар на ФФМ, Илија Атанасовски бидејќи претседателот Хаџи-Ристески беше на службен пат во Русија заедно со секретарот Климпер. Она што најмногу остави впечаток на погребот е музиката од најпознатата македонска песна „Битола мој роден крај“ што се свиреше кога тргна погребната поворка кон вечниот дом на легендарниот тренер и потоа и музиката од „Македонско девојче“, кога ковчегот со неговите посмртни останки беше положен во гробот, што беше последна желба пред смртта на Миљан Миљаниќ.


Статијата е прочитана 5262 пати.

Испрати коментар



Наместо во Белград, останаа смрзнати на Железничка
Стоилов откритие на првенството
Србите воодушевени од Македонците
Нов гол на Пандев
Свирежи за Мурињо на „Бернабе“
Полјаците македонски ракометни муштерии



JORDAN TETOVO, 24.01.2012 03:22:06
BRAKO MAKEDONCI mlogo brgo vi tekna da napisete nesto dobro za ovoj SLAVEN BITOLCANEC izgleda se osramivte od GOSTOPRIMSTVOTO na moite BRATUCEDI U SRBIJA sto im go posvetija na nivnite kako sto tie gi narekuvaat MAKEDOCITE -ONI NASI SA JUGA ili one nase BRAKE tamo dole.SRAM da vi bide pisuvate nesto siromaski- pozitivno posle MESEC DANA SRAMOTA .A Na vasite OKUPATORI I NEPRIJATELI im gradite SPOMENICI KAKOV NAROD STE BRE slepci zaslepeni.
ZRAK, 24.01.2012 08:05:20
hari na sluzbeno patuvanje,more rabotnik,pa covekot ne moze da sedni da se odmori.
Od Prijatel br-1, 24.01.2012 08:21:30
Od do jordan Tetova ednas komunjar celzivot nepismen komunjar a sto vie napravivte osven neprijateli sto se odnesuva za Slavniot Trener mnogu pocest i lesna mu zemja................
Александар М., 24.01.2012 09:28:44
JORDANE OD TETOVO, јас ќе ти кажам каков народ сме ние Македонците (не знам што си ти). Кога почнаа пукотниците во Тетово, МАКЕДОНЦИТЕ, Јордане,МАКЕДОНЦИТЕ дојдоа да ве бранат вас продадените души. А вие бевте во Скопје кај роднини, си одевте во ГРЦИЈА(кај вашите) на одмор, а имотот во го бранеа МАКЕДОНЦИТЕ. Затоа ти и таквите како тебе немаат право да судат за МАКЕДОНЦИТЕ. Да те прашам, за кого ќе навиваш на утршниот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Србија. Јас многу убаво знам, ама ако си маж (?????) одговори.
постар лекар од провинција, 24.01.2012 10:26:35
Сите што сме родени во Битола ,сите што сме живееле во Битола,неизмерно ја сакаме Битола и на заминување од овој свет сакаме да бидеме испратени со таа преубава,стара и неповторлива песна
kiril, 24.01.2012 13:55:11
lesna mu zemja i pocivaj vo mir,golem majstore na fudbalskiot zanaet i Makedonec od Bitola
Janakiev Nikola, 24.01.2012 16:44:44
Kole 24.1.2012god. Leka mu zemja,Mijlanic bese golem Fudbalski strucnjak,ne znaev da e Makedonec,jas se mislev Crnogorec.Zasluzuva golem pocit,bile dosta poznati fudbaleri,D.Djaic predvodel,dali se bile Rora.M.Spasovski i Trifke Mihalovic.
bb, 24.01.2012 19:24:13
neka mu e lesna zemjata,neka pociva vo mir.Toa e prav covek,so srce dusa i cuvstva kon zemjata Makedonija vo koja se rodil.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: -3°C, Мин: -13°C

Вторник
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |