29.01.2012, 15:29 Мое ќоше
Груевски го притисна Уставен
Ерол Ризаов
Непочитување на одлуките на уставните судии е репресија
Премиерот Никола Груевски истрела силен рафал против Уставниот суд. Со видлива нервоза ги деградира уставните судии со јавно жигосување дека работат ��од притисок. Овој пат пресијата била од моќните кодоши. Претседателот на Владата изјави во Битола: „Уставен суд донесе одлука под притисок на кодошите да се урне процесот на лустрација. Ова го направиле луѓе кои биле кодоши во минатото... “
Јас, пак, наивен мислев дека Уставниот суд е под постојан притисок на власта и на премиерот Груевски, кој сите одлуки што не му се по ќеф жестоко ги пречекува како непријателски акт против државата. Цело време бев во заблуда дека големите кодоши си нашле безбедно прибежиште скриени и онемени во скутот на власта. А, оно гледај тие биле инсталирани во непријателските редови и се уште толку моќни да влијаат на одлуките на Уставниот суд. Да видиш, да не веруваш. Конечно, кој го ферма Уставниот суд. Таа доктрина Владата ја воспостави уште со самото доаѓање на власт. Може Уставниот суд да си донесува какви сака одлуки, но Владата си има свои патишта како да си ги оствари своите цели. Нервозата доаѓа оттаму што премиерот многу се вознемирува кога Уставниот суд ќе соопшти дека некои владини закони не се според Уставот.
И нормално, кога премиерот ќе се онеспокои, настанува стампедо во редовите на македонската преродба. Сите што побрзаа да соопштат дека ќе ги почитуваат одлуките на Уставниот суд добија уплав од лутината на лидерот, па на врат - на нос се коригираа поради својата непромисленост. Претседателот на Комисијата за лустрација експресно ја повлече својата изјава дека веднаш ќе ја почитува мерката на Уставниот суд. Така мислел до вчера, ама денес веќе има нова визија тоа да го направи откако одлуката ќе се објави во „Службен весник“. А дотогаш ќе протече многу вода по Вардар. Пред тоа вообичаено први се огласија трубите на власта дека од земјата ќе направат Кодошистан и сите досиеја ќе и' ги стават на увид на јавноста, па народот нека чита и ужива кој кого кодошел во изминатите 70 години. Ами како. Ќе се насладуваме неколку години во црнилата што ги оставиле зад себе кодошите на селската левица, а потоа кога ќе дојде до промена на власта, ќе се соблазнуваме со злоделата на граѓанската десница. Така во наредните децении сите г...а ќе испливаат на површина. Тоа е една од најголемите придобивки на демократијата што би рекол светски познатиот словенечки филозоф Славој Жижек.
Премиерот има свои советници кои добро знаат зошто постои Уставниот суд, кои се работните задачи на уставните судии и каков треба да биде односот на македонската Влада со Уставниот суд. Овие правни експерти не смеат да го оставаат премиерот на тенок мраз да дава такви изјави во јавноста. Тие мора да му кажат дека уставните судии не судат и не пресудуваат дали треба лустрација или не треба, дали треба, ова или она. Уставниот суд постои како сегде во светот да не се носат противуставни закони. Таа институција која го штити Уставот, всушност, го штити правниот поредок во земјата. Уставот е мајка на сите закони. Тоа е конститутивен акт и темел на општеството на економскиот и политичкиот систем на Македонија. Света и работна должност на уставните судии е да го бранат правниот систем и уставноста. Ако и ова не помага, тогаш е неопходно на премиерот да му се даде да прочита нешто што многу едноставно, јасно и разбирливо го напишал еден од нашите најголеми правни авторитети - академик Евгениј Димитров веднаш по конституирањето на независна Република Македонија: „Владеењето на правото е суштествен сегмент на демократијата. Надвор од демократијата принципот на владеење на правото преставува гола форма и може да се трансформира во инструмент на присила, репресија и диктатура. Основна функција на владеење на правото е ограничување на политичката власт и обезбедување ефикасна заштита на човекот и на неговите слободи и права“.
Ова што се случува во Македонија се' почесто со деградацијата на Уставниот суд и одлуките на уставните судии е класичен случај на непочитување и на правната држава и на човековите права и слободи. Тоа е злоупотреба на власта за присила и репресија. Убеден сум дека, сепак, ова го знае нашиот премиер. Да не е така, не би градел во центарот на Скопје толкав Уставен суд со оние импозантни антички столбови и колонади кои треба да влеваат сигурност дека имаме силен гарант на демократијата и правото. Или, пак, Вие мислите дека тоа е за друга намена.
|
|
Статијата е прочитана 5244 пати.
|
Испрати коментар
|
|
seirdzija, 30.01.2012 00:26:34 | Hm...Podobro ke bese da kazese deka ne treba mnogu,mnogu da mu veruvame na ustavniot kako sto svoevremeno zboruvase za A1.A i sto da ocekuvas od covek koj spojuva Falanga so VMRO,rezultatot e DPMNE.Partija koja dobi vlast so golemi vetuvanja,a se odrzuva na istata so lagi,perverzen patriotizam,sila,uceni,pritisoci i normalno kako rezultat na seto toa tesko nazaduvanje na drzavata....Najavuvaat milionski investicii koi nikogas nema da stignat vo Makedonija,ne so vakva vlast.... |
| fghjk, 30.01.2012 00:32:20 | Ustavniot ne da e na tenok mraz tuku zagazil vo g...a od koi ni Sv. Petar nema da go spasi a ne ocuvot na Makedonija koj so golemi lafovi saka da ja prikrie g.....a. Ustavniot vo interes na kodosite avtokratski udira vrz drzavata i pred se vrz zakonodavecot. Ustavniot si zel za pravo da diktira koj da bide lustriran i vo koj vremenski period. Zakonodavecot ima pravo kako sto odredil taka i da izvrsi-spored ustavot. Uste ednas na delo e konfrontacija pomegu avtokratijata i demokratijata. Vo avtokratijata vladeat nadueni kvazi avtoriteti nad zakonite. Vo demokratijata instituciite i graganite se orientiraat i deluvaat okolu i spored zakonite odnosno sistemot na zakoni sto se vika praven poredok. Samo budala bezpogovorno bi pocituval bezrbeten ustaven sto bezobzirno go krsi ustavot. |
| jovan, 30.01.2012 00:34:58 | Suma sumarum, drzava pred sam raspad. Stom sekoja partija si ima svoj pravila i zakoni i ne ferma nisto, jasno e kolku e saatot. Nekoj ne ferma sudski odluki, nekoj si menuva iminja na skoli, nekoj si pali znaminja... do kade ke otide, ke vidime, no ne vetuva nisto dobro stom sekoj si tera po svoe, a ne odgovara. |
| Predavnik, 30.01.2012 01:04:04 | Drzavata, toa sum jas! Zamislete da pokojniot Kiro se spushteshe na toj nivo. I od premierot ako e , premnogu e. Neka se drzi do svojata t.e. izvrshnata vlast, a zakonodavnata i sudskata da ja prepushti na soodvetnite institucii. Znam, patriotite vednash ce odgovorat, a Branko! A SDSM! A, a ,... Airlija ni rabota. |
| milan, 30.01.2012 01:25:17 | G-dine Rizaov dali smeese kaj diktatorskite rezimi /naprimer kaj Stalin ili Slobo/nekoj sudija nesto da zucne?kaj nas seuste smee no do koga neznam. |
| Ideolosko procistuvanje i doteruvanje na pametot, 30.01.2012 01:34:42 | Ne znam zosto no odednas se potsetiv nekade na 60-tite godini koga Mao vo Kina ja sproveduvase kulturnata revolucija za idejno prozistuvanje na drzavata, pa otera po polinja akademici univerzitetski profesori doktori i vidni naucnici da rabotat na polinjata ,za da ideoloski se procistat i ja svatat sustinata na komunistickata ideologija. A zostyo i kaj nas ne se sprovede edno takvo ideolosko procistuvanje i prevospituvanje? Eve najprvo da se pocne so ustavnite sudii .Naprolet da se pratat tri meseci na rabotna akcija vo pole. Neka sadat tutun , zitni kulturi , gradinarstvo i slicno i ideoloski se izgraduvaat i prevospituvaat.Pokasno moze da se pratat i drugite sudii, obviniteli, lekari , univerzitetski profesori , akademici i sl. Pa sto ce im fali dva tri meseci rabota vo pole na cist vozduh. A i ideoloski ce se procistat i izgradat i ce im se dotera pametot. |
| ФЕЛИКС, 30.01.2012 07:07:04 | Како прво ако сите велат и од внатре и од надвор да судството не ни чини,илузорно е да судството не чини само УС е ептен добар.Ако се погледне составот и кој ги предлагаше судиите ќе се види колку вредат.Имате судии ,,истакнати,,правници без минут судиски стаж.Па имате преседател на ИК 1994г.кој го аминуваше изборниот фалсификат.Зарем не се гледа да сите одлуки се носат со надгласување од партиски влијаниа независно власт опозиција.Вчера др.ајван инапиша небулоза да државата ги бира судиите,одбегнувајќи намерно да напише да голем број од судиите ги пр��длагаат партиите на власт,преседателот и 1-2 опозицијата.Инаку ќе имате прилика кога на многумина од судиите ќе им помине мандатот до јуни месец и како власта ќе инсталира свои судии.Дали и тогаш ќе нема право никој да ги критикува.И да завршам се додека партиите бираат судии се дотогаш сите судови ќе ни бидат никакви.Во другите земји нормална е критичноста кон УС и никој не се префркнува,прочитајте како во Хрватска се однесуваат кон УС. |
| B. Betinski, 30.01.2012 07:34:04 | So pravo se povikuvate na E. Dimitrov koj, od svoja strana, go parafrazira toa sto e receno vo Duhot na zakonite od Monteskje. Toj filozof prakticno gleda vo ogranicenata vlast lek protiv despotijata vo koja moze da se lizne sekoja demokratija. Ogranicuvanjeto vazi, megjutoa, ne samo za institituciite (izvrsna, sudska i zakonodavna vlast) tuku i za individuite, bilo onie so - vlast, bilo bez - vlast! Oti, individua koja si dozvoluva ne samo da rece tuku i da napravi se sto ke i padne na pamet, so toj akt mu dozvoluva da rece i da napravi se na blizniot svoj (na sekoj drug!), a pak togas stapuva na scena krvolocnata borbata na sekoj protiv sekogo do - istrebuvanje! Za zal, vo praktikata na nasiot premier poslednovo e ocigledno i cesto. Tokmu zatoa, logicno e prasanjeto: ne samo vo koj film zivee toj nas premier, tuku i kakov e negoviot mentalen sklop? |
| barzo, 30.01.2012 08:41:04 | batkaaaaa, i ti si eden od niv |
| Nikola, 30.01.2012 08:55:05 | Ova sto se slucuva vo drzavava e strasno, no postrasnoto sledi! A toa ce dojde koga Gruevski ce smesti vo Ustavniot sud svoi poslusnici. Togas se sto nosi Vladata, ce bide legalno! Zbogum demokratijo, ama i zbogum na moderna drzava Makedonija. |
| пријател, 30.01.2012 09:10:21 | Сите реакции на премиерот се со цел да се убеди народот (гласачите) дека едниствено тој знае што е добро за народот и за државата и дека само тој работи за доброто на народот и државата.Секој што мисли и работи поинаку е непријател на народот и државата.Дури и Уставниот суд на својата држава,за премиерот е предавнички.Не се срами да каже дека во земјата во која е тој премиер,некој делува дури и на одлуките на Уставниот суд?!Со тоа само докажува дека не е способен.Не е способен како премиер.Не е способен да ги спречи влијаниата врз Уставниот суд во државата во која е тој премиер.Виновни биле тие што вијаеле на Уставниот суд,а тој не е виновен што неможе да ги спречи,а е премиер. |
| Vesso, 30.01.2012 09:55:04 | Se uste se silni udbaskite sorabotnici i nivnite naslednici.Deka se mokni,dokaz e nesproveduvanjeto na lustracijata vednas po osamostojuvanjeto,i toa za sekogo.I denes se pravat semozni precki.Denes sigurno se unisteni dosiejata na site koi bile na vlast. |
| Баксуз, 30.01.2012 10:34:14 | Груевски систематски ги уништува демократските институции во државата а со тоа ја уништува и иднината на Македонија. Од Претседателот направи свој потрчко, слободните медиуми ги затвори, судовите ги наполни со свои следбеници, синдикатите ги стави под своја рака, студентските организации ги корумпира а од сите политички неистомисленици направи предавници или ги криминализира. Европа тоа го гледа и молчи. До кога? |
| PILE, 30.01.2012 11:19:37 | Prijatel,patriotizmot na Premierot e dokazjan mnogu oddamna,so samoto nepojavuvanje pred sudot vo London za svedocenje vo vrska so prodazjbata na rafinerijata Okta i so gubenje na sporot, a i vo ponovo vreme, so nemanje na nitu edna javna debata so bilo kogo, a ne pa so Velija Ramkovski za nadminuvanje na somnezjot kaj gragjanite za mozjen kriminal vo vrska so reklamite, i saka Velija i drugite pritvoreni od pajazjina kuken pritvor da im se izrece kako alternativna merka, e toa nebiduva, ke saka Velija javna debata.Cunki se mislam kako da mu pomogneme na Premierot i negovite rabotodavaci vo ovaa vreme-nevreme, sepak patot do slobodata i demokratijata vo Republika Makedonija, a so toa i na Balkanot oddi preku Hag. |
| cane sokolovski toronto, 30.01.2012 14:22:39 | Na Grujo kako mu ishte: Ako, kako vo slucajot so A1, sudot (bilo koj sud) donese presuda koja mu konvenira, a nekoj se buni i protestira, ogas: toa e rabota na sudot, toj e nezavisen, a ako donese odluka, kako sega US so lustracijava, togash: komunjarskite kodosi go pravat toa. Kakva kontradiktornost i hipokrizija! A Felks veke mi e preku glava so negovoto defending the indefensible branenje na ne odbranlivoto. |
| Леонид, 30.01.2012 15:15:53 | Дали Вие сметате дека одлуката на Уставниот Суд е исправна, кога се знае дека Уставниот суд е еднопартиска структура преполна со поранешни кодоши избрана во услови на целосна доминација на СДС со политичкиот систем на земјава? Дали сте вие против прочистувањето и лустрацијата на оние кои што на штета да други добивале привилегии и напредувале во кариерата? Тоа се клучни прашања за еден новинар аналитичар а не што кажал Груевски за одлуката на Уставниот суд.Toа е небитно во случајов. |
| Ајван Доктор®, 30.01.2012 17:54:49 | Да си премиер и да ја заборавиш функцијата на својот државен орган е навистина посебна дарба!Патем,едно е да критикуваш дека Уставен суд не делува како што треба,друго е веднаш штом донесе пресуда дека законот што си го донел е неуставен да му лепиш етикети карактеристични за најцрните режими!Во случајов вината за укинување на членови од Законот за верификација на факти не е во судот туку во Собранието,меѓу претставниците на народот кои работат по диктат и наместо да поаѓаат од правото,тие поаѓаат од желбите и наредбите на пастирот!Повторно,одлуките на судот се конечни и наместо„тапанџиите“да се усредоточат на прифаќање на закони кои нема да се косат со одредбите на највисокиот закон на државата (Уставот)тие трубат како некој влијаел врз судот!Уставниот суд и судија кој ќе работи според партиска,или според наредба од пастирот,наместо да го штити Уставот,ќе биде антидржавен!Вакви црнила изгледа и нè очекуваат од јуни според најавите на одредени провладини апологети и оранж-коментатори! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Слаби снежни врнежи
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|