Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.01.2012, 15:36

Интервју: Не постои трага за поткуп на функционери од „Телеком“

Во мејл-комуникацијата цело време се оперира со формулација дека „треба да се дадат пари“, но не и дека се дале пари, вели скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Гордана Дувњак



Деновиве на адрес�� на Обвинителството стасуваат прозивки од сите страни околу случајот „Телеком“. Ве повикуваат партиите од власта и од опозицијата, не Ве штедат ни медиумите. Води ли Обвинителството квалитетна истрага и од кога?

Сакам целосно да ги демантирам наводите во медиумите околу (не)вклученоста на Обвинителството во истрагата. Не само што сме вклучени туку можам да кажам дека сме меѓу првите земји што го направија тоа, уште во 2008 година. Во истата таа година во некои весници беа објавени некакви протоколи за постоење незаконито постапување на владини функционери од времето од 2004 до 2006 година за наводно привилегирање на положбата на „Телеком“ на пазарот. Се споменуваа лица со иницијали М.Ѓ., А.А. ... и слично.



Што покажа тогашната проверка? Дали произлезе нешто од тоа?

Покажа дека такви протоколи и нон-пејпери нема во Владата. Директно се обративме до Генералниот секретаријат на Владата и во „Телеком“, но такви документи не беа најдени ни во оригинал ниво копија. На кој начин се појавиле во весниците - не знаеме. Некаде во тоа време се појави и ревизорски извештај на странска консултантска куќа околу овој случај, кој го побаравме. Се обративме до „Маѓар телеком“, која ја имаше нарачано, но контактиравме и со американскиот обвинител кој работеше на овој случај. Дознавме како е дојдено до сето ова. „Дојче телеком“, како мајка-фирма на „Маѓар телеком“, а преку неа и на „Македонски телеком“, котира на Њујоршка берза и е должна да дава извештај еднаш годишно. Американската Комисијата за хартии од вредност, која е многу влијателна и беше постојано присутна и на нашите седум-осум средби што ги имавме со американските служби, го иницираше овој случај. Преку ангажирање друга ревизорска куќа за нејзините потреби, констатирано е дека има нејаснотии во извештаите што се однесуваат на Македонија и на Црна Гора. Извештајот не е потпишан и повторно е ангажирана нова независна ревизорска куќа од страна на „Маѓар телеком“. Во соработка со американските органи се прегледани и стотици документи, и-мејлови, луѓе, при што е дојдено, во најмала рака, до сомнителна комуникација.



Лани, зборувајќи на истата оваа тема, рековте дека тие мејлови не можете да ги користите во доказна постапка? Но, дали тие не можат да послужат како основа за натамошна истрага?

Мејловите можат да бидат доказ доколку укажуваат на факти кои можат да бидат проверени или потврдени со други.



Бидете попрецизни: колку ги користите мејловите добиени од Американците што укажуваат на наводен поткуп на македонски политичари?

Се користат и се проверуваат. Но, дали од нив произлегува нешто е друга работа. Ние ги користиме онолку колку што можеме, но, за жал, не произлегуваат факти и околности кои можат да потврдат такви сомневања.



Сигурно не очекувавте во нив да пронајдете конкретни имиња?

Мејловите се добиени во една предистражна постапка во која требаше да дознаеме кој, кому и за каква цел дал пари да не се воведува трет оператор. Во тие мејлови има договарања состаноци, пораки, но нема траги што упатуваат на тоа на кој човек треба да му се плати.



Со оглед на тоа што не е тешко да се провери во тоа време кој бил на тие високи функции, дали се направени проверки и разговори со високи функционери од тогашната владејачка гарнитура, кои би можеле да имаат влијание за донесување на една ваква крупна одлука?

Разговори се направени со тогашни високи функционери, на пример, со г. Џемали Мехази, кој во тоа време беше министер за транспорт и врски. Тој негира какви било разговори, а уште повеќе дека примил какви било пари. А, во отсуство на движење на трагите на парите, не можевме да докажеме дали е тоа навистина така.



Разговаравте ли и со тогашниот премиер?

Степенот на основаност на сомневање не се покачи на толкаво ниво да има потреба да се разговара за такво нешто. Сите активности поврзани со „Телеком“ се во директна надлежност на министерот, па затоа се разговараше со него. Сите оние што сметавме дека можат да дадат релевантни податоци за овој случај беа повикани.



Дали тоа што министерот негирал е доволно да се запре истрагата во тој правец?

Истрагата не е никогаш запрена. Дали имало услуги во целокупната постапка треба да биде предмет на граѓанска постапка меѓу нарачателот на услугите и правењето некакви договори кои немале основа.



Дали успеавте да идентификувате кои се тие македонска и албанска фирма што се споменуваат во мејловите, а на кои, наводно, требало да им се исплатат по милион евра ?

Апсолутно не.



Имате ли индиции што укажуваат дека воопшто дошло до такви трансакции?

Не, дури ни индиции.



Дали тогаш го знаете сопственикот на кипарската фирма преку која требало да оди исплатата?

Тој беше предмет на наша истрага. Парите се стасани до кипарската фирма, која е странка во договорите. Она што е сработено е платено. Но, не ја потврдивме теоријата дека преку фиктивни договори се извлечени пари за да бидат потоа поделени некому за поткуп.



Да нема забуни во јавноста. Можете ли да ни кажете во колку правци се движи истрагата? Еден е поткупот, а друг истрагата против тројца странски државјани кои беа во врвот на „Телеком“?

Точна е вашата констатација. Се работи за една истрага во која истражуваме три кривични настани. Првиот се однесува на десетина-петнаесет спорни договори со грчки фирми, кои биле регистрирани во Кипар. Поради обемноста на материјалот, истрагата постојано се надградува. За да не чекаме, таму каде што имаме докази, одиме на обвинение. Од првиот момент сме во контакти со американскиот, унгарскиот, германскиот, швајцарскиот обвинител. Преку размена на правна помош, од нас беше побарано да се сослушаат лица за кои тие имаат интерес и обратно, оние за кои што ние сме имале интерес. Стотици луѓе се сослушувани во Будимпешта, во Лондон... ги имаме добиено нивните искази. Вториот дел е паралелна истрага за поткуп, кој е даден, наводно, на македонски политичари, за да се овозможи монополска положба и да не се дозволи влез на втор, односно на трет оператор. Требаше да се потврди тезата дали некому навистина се дадени пари. Но, сакам да потенцирам дека во таа мејл-комуникација цело време се оперира со формулација дека „треба да се дадат пари“, но не и дека се дале пари, а уште помалку дека некое конкретно лице зело пари.



Сакате да кажете дека од мејловите произлегува само намера, но не можете да утврдите дали е реализирана таа зделка?

Да. Па, дури и намерата е спорна, бидејќи се вели треба. Значи, повторувам, не може да се утврди дали се дадени пари, кому и на каков начин.



Но, не е ли доволен сигнал за Обвинителството тоа што подоцна се случуваше во Собранието преку донесување закон кој овозможи монополска положба на „Телеком“?

Мотивот за истражување стои, но доколку не може да се следи движењето на парите и кому се дадени пари, не може ништо да се докаже. Не постои никаква трага дека се дадени пари на високи државни функционери. Давањето поткуп е една работа, а овозможувањето монополска положба е сосема друга. Дури и во времето кога се вовел вториот оператор, нема бенефиции за граѓаните во смисла на паѓање на цените.



Нема ли тука одговорност и во регулаторните тела кои не укажале на ваква појава?

Колку што се сеќавам, имаше истрага и во тој правец, дека регулаторите навреме не донеле подзаконски акти, но ваквото обвинување беше отфрлено од судот.



Спомнавте и трета насока на истрага. Што е со „Аналитико“, фирмата која ја спомнува опозицијата, а во неа во тоа време работеле блиски луѓе на сегашната владејачка гарнитура?

Не е само „Аналитико“ во прашање. Во овој дел се сретнуваат во документите и Радио Рос и поранешниот владин претставник во Управниот одбор на „Телеком“, Димитар Бузлевски, како и други личности, кои во одреден момент и за одредени услуги добиваат пари од оваа компанија. Но, во истрагата не најдовме дека се исплаќани пари за непостојни услуги.



Дали проверивте како е можно при блокирана сметка на „Аналитико“, сепак, да се добијат големо количество СИМ-картички за продажба?

И да била блокирана сметката, не е тоа толку чудно кога слична состојба има во над 80 отсто од фирмите кои во прометот работат и на тој начин. Сетете се дека А1 телевизија беше блокирана со години, има фирми што функционираат со цесии. Блокираноста на фирмите не влијае на тоа дали може да функционираат во правниот промет. Важно е дека услугите што биле предвидени во договорите се извршувале. Предмет на наш интерес беше, на пример, дали Бузлевски законито ги добил парите, дали платил данок на нив.



Со оглед на обемот и меѓународните размери што ги доби оваа афера, може ли да се очекува некаков исход на истрагата? Во Америка е почната во 2006 година, кај нас се води од 2008, а сега сме на прагот на 2012? Што значат рокови за водење на истрагата?

Се' до оној момент додека постои основа за водење на истрагата, таа не е затворена. Притисокот на јавноста и фамата што ја создаваат политичките партии со нивните меѓусебни препукувања нема да влијае на објективноста на јавниот обвинител. Тој нема да избрза со одлука за истрага ако за тоа нема докази. Во овој момент, степенот на основаност на сомневање дека некој зел пари со поткуп не постои. Нема услови за отварање истрага за високи државни функционери за поткуп, бидејќи нема докази што упатуваат на такво нешто.



Ќе дознае ли некогаш македонската јавност дали некој навистина зел поткуп во случајот „Телеком“?

Ова е помалку трик-прашање. Ако немаме докази што упатуваат на такво нешто, нема што да дознае македонската јавност. Ако откриеме, ќе дознае. Но, во овој момент нема докази за такво нешто.


Што прават македонските надлежни органи да ги донесат тројцата странски државјани кои се обвинети во овој случај?

За нив е распишана меѓународна потерница, која не е воопшто шега. Нашата држава е призната во рамките на Интерпол и меѓународната потерница ќе се ефектуира во моментот кога тие ќе се најдат на територијата на која не се државјани. Значи, обвинението е на правна сила, исто така, и потерниците, и во оној момент кога тие ќе бидат фатени надвор од нивната матична држава, ќе бараме да ни бидат испорачани.

Дали знаете каде се наоѓаат сега обвинетите?

Тоа излегува надвор од јавнообвинителската работа. Тоа е во надлежност на полицијата и на истражниот суд и кога тие ќе добијат повратна информација, ќе бидеме информирани.



Статијата е прочитана 1500 пати.

Испрати коментар



Нови 200 вработувања на клиниките
Да не го однесе ветрот и соживотот во Струга!?
Соработка меѓу градоначалниците-Албанци во регионот
Принцот и желбите за нови успешни британски приказни
Груевски го притисна Уставен



seirdzija, 30.01.2012 00:36:22
Za sto li zema covekot plata???Covece pa dovolno e da gi poglednes smetkite na ludjeto od prodazbata pa navamu!!!Naduvani i izmisleni uslugi i impulsi,toa ne e dokaz???Ne e dokaz deka ete nekoj tuku-taka ke mu dade monopol na nekoj da go dere narodot?Dali si se prasal kako e mozno gradjanite da placaat povisoki smetki za telefon od struja???Neverojatno e kakvi budali rabotat po institucii...
Veruvach, 30.01.2012 01:36:52
Da ne se povece machite da ne ubeduvate, vi veruvame! Nie od 1991 sme skandinavska, a ne balkanska (gangsterska) drzava. Se e tolku chesno i poshteno vo ovaa drzava, da i samiot gospod ce ni pozavidi. Alal neka vie i e, i ne samo za ovoj sluchaj.
трајко, 30.01.2012 06:50:18
Потпрашање:Дали е проверена Аналитико, ако била блокирана на која сметка пристигнале парите.Колку картички биле продадени,на кој начин,како биле вршени трансакциите меѓу нарачателот,извршителот и клиентите. Не е доволен одговорот дека имало и во А1 блокирана сметка, па тоа одело преку фирми ќерки.Дали и овде има фирма ќерка?
od ostrijot, 30.01.2012 07:59:25
da vopravo e javnijot obvinitel tlekom nudel pari no nasite posteni luge nesakale dazemat. dobro si znaje javnijot obvinitel zborenjeto e srebro kutenjeto e zlato,
пријател, 30.01.2012 08:46:55
Според нашиот јавен обвинител,Телеком настрада ни крив ни должен?! Иако немало никакви докази дека некој зел поткуп,Телеком плаќа милионски суми дека некој бил поткупен.Тоа е исто како да е пронајдено тело на некој и утврдено е дека тој е убиен,а нашиот јавен обвинител кажува дека не постои убиец?!Ако постои убиен,како може да не посои убиец?Ако Телеком признала дека дала пари за поткуп,како тоа никој не ги зел тие пари?Можеби испариле по пат?
observer, 30.01.2012 09:52:41
Човеков очекува да најде фискални сметки од тие схто земале поткуп и потоа го пријавиле во УЈП да си платат персонален данок.
Protest, 30.01.2012 09:54:09
Otkazete gi site mobili od T-Mobile. Toa e lopovska kompanija koja so potkup na makedonski politicari gi molzi makedonskite gragjani!
sime, 30.01.2012 10:18:12
DFeka se zemeni pari vo toa vreme i vrapcite znaat,zatoa jas uste togas gi otkazav usslugite na telekom.
milan, 30.01.2012 11:32:58
Za vaka uspesno sprovedena istraga,moze lesno SAD da go angaziraat Zvrlevski,a mozebi i Svrgovski,pa ke ostaneme bez obviniteli.Ah da zaboraviv ke mora da go angazirame Prcevski.
SAD za godina dena ce gi objavi iminjata na site, 30.01.2012 19:06:18
Dali covekot e so siot pamet. Togas zosto Madjarite platija tolku pari da ne se sudat so Amerikancite. No, rabotata e mnogu golema, unesani se i VMRO DPMNE i SDSM i zatoa site sakaat da se zabosoti rabotata. Bucko pisuva kolunbi vo Dnevnik za rakometarite i ze negovoto setanje vo NIS i BGD, a cuti za potkupot, kako sto cuti za Bacilo, za Dom na ARM vo veles. Patem dali zemal slobodni denovi od Fakultet da se seta cela nedela. No, za potkupot, vi novinarite treba da ja istrazite rabotata, eve vi terma za istraz novinarstvo. Toa vo Crna gora go isteraa novinarite. Kako i da e za godina dena ce se znaat iminjata, a togos ovoj skopski obvinitel i drzavnioty svrgovski treba da odat vo zatvor za zloupotreba na funkcijata prikrivanje na grabezot.
wall street, 30.01.2012 20:58:13
Komedija na najvisoko nivo.... Samo vo Makedonija, Amerikancite se prosti sto znaet tie samo sne nie pametni he he he

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |