Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.01.2012, 17:34

Принцот и желбите за нови успешни британски приказни

Со принцот Мајкл од Кент во земјава допатуваа повеќе британски бизнисмени, кои ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија

На вториот ден од посетата на принцот Мајкл од Кент на Македонија, домаќин му беше шефот на државата, Ѓорге Иванов. Тој е задоволен што земјава станува се' поинтересна дестинација за британските инвеститори, особено по успешната приказна на компанијата „Џонсон Мети“.

„Британските компании стануваат се' позаинтересирани за инвестирање во Македонија. Тоа значи дека ги препознаваат и правилно ги вреднуваат сеопфатните реформски зафати“, порача Иванов на вчерашниот прием на британската делегација предводена од принцот Мајкл од Кент. Како потврда го посочи токму примерот на „Џонсон Мети“, кои својата најголема фабрика за катализатори во Европа ја изградија во развојната зона во близина на Скопје. „Благодарение на ’Џонсон Мети‘, Обединетото Кралство денес е меѓу првите десет трговски партнери на Македонија. По отворањето на нивната фабрика, извозот на земјава значително се зголеми. Би сакале да видиме уште многу такви британски успешни инвестиции“, нагласи претседателот.

Инаку, принцот допатува во земјава со повеќе британски бизнисмени, кои во текот на петдневната посета ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија, пред се', во земјоделството, автомобилската и фармацевтската индустрија. Ќе бидат посетени и две познати македонски винарници. Посетата на Македонија е по покана на премиерот, кој пред два месеца во Лондон му ги презентирал можностите за бизнис во Македонија.

„Поканата е само од пред два месеца во Британија, кога лично се сретнавме, но привлечноста на овој регион и на Македонија доведе до оваа брза посета на вашата земја“, изјави принцот Мајкл од Кент.

На бизнис-форумот, премиерот Никола Груевски и дел од владиниот економски тим ги претставија поволностите за инвестирање. „Македонија е европска земја во подем. Длабоко сме уверени дека реформите, забрзани со перспективите за членство во ЕУ и во НАТО, се најважни делови за успешна стратегија за економски раст“, рече Груевски.

Тој го истакна извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ за 2012 година, во кој Македонија беше прогласена за трет најдобар реформатор. „Значително ги намаливме даноците на добивка и персоналниот данок и го направивме даночниот систем транспарентен и ефикасен. Ослободувањето од оданочување на реинвестираната добивка ја поттикна домашната побарувачка и привлече голем број странски инвестиции. Владата воведе голем број погодности во развојните зони, а динамиката на заздравувањето од светската криза е особено интензивна“, потенцира Груевски.

Премиерот се надева дека на британските гости ова нема да им биде залудна посета и оти „дел од нив ќе најдат интерес да инвестираат во земјава, што ќе значи и отворање нови работни места“.

Инаку, принцот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ го пречека министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Покрај планираните средби со него и со министерката Елизабета Канческа-Милевска, на агендата се и средби со локални бизнис-лидери.

Посетата се реализира во значајна година за Велика Британија, во која се одбележуваат два големи јубилеја - 60 години од владеењето на кралицата Елизабета Втора и одржувањето на Летните олимписки игри во Лондон.

Посетата на принцот Мајкл од Кент е трета посета на член на британското кралско семејство на Македонија, по посетата на принцот Чарлс од Велс во 1998 и принцот Едвард во 2006 година.

Принцот Мајкл, покрај неговата доминантна ангажираност во непрофитни активности, има своја бизнис-кариера како консултант во повеќе области. Познат е како голем лобист и поддржувач на британските мали и средни претпријатија, преку асистирање во делот на нивните извозни и инвестициски активности.

Роден е 1942 година. Тој е четврти син на кралот Џорџ Петти и принцезата Марина, која е ќерка на принцот Николас од Грција и на големата војвотка Владимировна од Русија. Поради руските семејни врски важи за голем познавач на односите со Русија и е промотор на британско-руските односи. Покровител е на Руско-британската стопанска комора и на голем број различни трговски здруженија.

Утре ќе се одржи гала-вечера со принцот Мајкл, а средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за реновирање на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ во Општина Бутел. Министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски, повика овој хуман гест да биде поттик за сите фирми во Македонија да се вклучат во овој проект. (Н.Н.Ф.)

Иванов бара поддршка за Чикаго

На средбата со принцот Мајкл од Ке��т, претседателот Ѓорге Иванов изрази и благодарност за принципиелната употреба на нашето уставно име во билатералната комуникација со Обединетото Кралство, како и за јасната поддршка за исправноста на државната политика. „Уверен сум дека ваквата поддршка ќе продолжи и во иднина и ќе се интензивира, особено во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго“, порача на средбата претседателот.

 


Статијата е прочитана 720 пати.

Испрати коментар



Нови 200 вработувања на клиниките
Да не го однесе ветрот и соживотот во Струга!?
Соработка меѓу градоначалниците-Албанци во регионот
Интервју: Не постои трага за поткуп на функционери
Груевски го притисна Уставен

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |