-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Треба да пребродите тежок ден во кој, според вас, се' се одвива наопаку. Потрудете се обврските да ги сведете на минимум, бидејќи уште утре се' ќе ви оди на подобро. Ќе го надоместите пропуштеното и тоа со камата.



Бик

Влијаете моќно на околината, па многумина од нив ќе ви излезат во пресрет. Со партнерот работите не стојат баш најдобро, претеравте со посесивноста и љубомората. Бидете внимателни, може да почне да го реализира она за што го обвинувате.



Близнаци

Подготвено ќе влезете во нови предизвици. Кога станува збор за акција, нема пречки за вас. Имате финансиски проблем, потрудете се да пронајдете работа која ветува добра заработувачка. Денот ќе го поминете во знакот на извонредни достигнувања.



Рак

Свесни сте за некои свои мани и тешко ја доживувате секоја промена. Денот е добар за заработувачка, па паралелно со тоа задоволете се со некоја вредна работа. Продолжете да уживате и да се дружите ако сакате да се чувствувате добро.



Лав

Проблем на денот е нешто од што се ужасувате, досада. Во очекување сте на спектакуларни работи, па се' ви изгледа глупаво и помалку вредно. Расположението ви е променливо, потрудете се да го средите. Морате себеси да си подарите нешто убаво, топла и мирислива бања.



Девица

Успешен ден во секој поглед. Полни со елан ќе тргнете во нови походи не штедејќи ги ни малку своите можности. Внимавајте, заморот може лошо да влијае на вашето здравје. Заљубени сте, а сонувате за изневерување.



Терезија

Се однесувате како да сте најпаметни, најубави и најдобри. Во сето тоа има вистина, но спуштете се на земја. Резултатите најдобро зборуваат за вашите квалитети. Не оптоварувајте го партнерот со своите проблеми, ги има преку глава.



Скорпија

Во љубовта не ви се случуваат убави работи. Не ви е лесно, но дистанцирањето од тоа добро ќе ви дојде. Љубоморни сте, а не го искажувате тоа, расправиите се неминовни. Морате да дадете се' од себе, па дури и повеќе од тоа.



Стрелец

Изминативе денови добро се забавувате, па чувствувате потреба да се повлечете извесно време. Во љубовта почна да се случува нешто кое не сакате никому да го признаете, па ни самите себеси. На видик е нова, опасна и страсна врска.



Јарец

Свесни сте за фактот дека морате да се промените, тешко ќе оди тоа. Лесно е да се жалите, но морате да бидете посилни. Свртете им грб на стереотип��те, а во тоа можат да ви помогнат блиските. Бидете внимателни со се'.



Водолија

Размислувањата ви се поврзани со бракот. Морате да вложите дополнителен напор за да решите голем број проблеми. Не ви е досадно, па почнете да елиминирате еден по еден. Потрудете се емотивно да се средите и да го прифатите партнерот таков каков што е.



Риби

Функционирате под силен прилив на енергија, бидете внимателни. Почнете да размислувате практично и најдете средно решение помеѓу идеалот и вистината. Морате многу да размислувате, периодот пред вас го бара тоа.



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |