29.01.2012, 17:40 Нови 200 вработувања на клиниките
Владата, на завчерашната седница, донесе одлука до одобри 200 согласности за вработување медицински персонал во сите јавни здравствени установи во земјава.
„Ќе се вработуваат, главно, завршени специјалисти и специјализанти кои се на последните година или две на специјализација со цел во најбрз можен рок да бидат вклучени во процесот на работа, пред се', во установите кад�� што има реална потреба од нови вработувања“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров, на вчерашната прес-конференција. Тој појасни дека најголем дел од вработувањата се поради природен одлив и за работа со новата медицинска опрема.
Предност ќе имаат лицата кои досега волонтирале во здравствените установи, а со нововработените ќе бидат потпишани договори за доверба со кои ќе бидат обврзани одреден број години да останат во јавниот здравствен сектор.
Тодоров појасни дека Министерството за здравство претходно изготвило анализа за потребата од дополнителен кадар потребен за оптимално ставање во функција на новата опрема.
„Заедно со анализата за природен одлив од јавните установи покажаа дека се неопходни 200 нови вработувања од областа на радиологија, хируршки болести, интерна медицина, офталмологија, анестезиологија, рендген-техничари, медицински сестри и друг медицински и немедицински кадар“, рече министерот. (МИА) |