Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
29.01.2012, 17:55

Ќе летаме директно до Дубаи и до Сингапур

За директно авионско поврзување со Скопје моментно се преговара и со Кина и со Индија

Сања Наумовска



Македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се подготвуваат за авиоповрзување со повеќе дестинации од Азија, Австралија и од Источна Европа. Веројатно уште летово македонските граѓани ќе можат директно, а и по многу поволни цени да патуваат во Дубаи, Сингапур, во Индонезија, како и до Австралија и до Литванија. За директно авионско поврзување со Скопје моментно се преговара и со Кина и со Индија.

Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе почна да склучува билатерални договори со државите, а првите апликации на авиокомпаниите заинтересирани да оперираат од нашите аеродроми се очекуваат до крајот на февруари. Во летната сезона, редовна врска скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат и со уште две дестинации во Европа. По 25 март, превозникот „Џет ер“ директно ќе не' поврзе со Брисел, а холандски „Туи“ со Амстердам.

„Билатералните спогодби што ги потпишуваме со овие држави се прв чекор врз чија основа авиокомпаниите ќе имаат можност да влезат на нашиот пазар и да организираат редовен авиопревоз. Сите што ќе поднесат апликација, дозволите ги добиваат во најкус рок, за редовните линии за седум дена, а за чартерите и до три дена. Очекуваме особено да се заинтересираат нискотарифните компании, кои на нашите граѓани ќе им понудат прифатливи цени на билетите“, вели директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски.

Тој објаснува дека во услови на либерален пазар, компанијата во апликацијата може да го определи бројот на летовите, капацитетот на авионите со кои ќе пренесува патници, како и слободно да ја формира цената на билетот.

Со зголемувањето на бројот на директни дестинации, по реконструкцијата на двете воздушни пристаништа, минатата година за15 проценти се зголемил и бројот на патниците кои полетале или пристигнале на нашите аеродроми. На аеродромите оперираат повеќе од 30 авиокомпании, а бројот на дестинации е зголемен за 50 отсто.

Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје директно се стигнува до 13 дестинации низ Европа, а во летниот период кон уште толку со чартер-линиите. Минатата година нашите граѓани прв пат добија можност за многу прифатливи цени да отпатуваат до Лондон, Венеција и до Измир. До повеќето редовни дестинации летови има секојдневно, а македонските граѓани, според побарувачката на билети, најмногу патуваат до дестинации во Германија и во Швајцарија, потоа до Австрија и до Италија. Македонските патници од летово ќе останат покуси за една дестинација во Европа откако деновиве повлекување од македонскиот пазар и укинување на директната линија до Прага најави компанијата „Чех ерлајнс“. Превозникот и официјално ја известил АЦВ дека нема да аплицира за дозвола во летната сезона по 25 март, без да ги образложи причините за повлекувањето.


Статијата е прочитана 3691 пати.

Испрати коментар



Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
„Фејсбук“ на берза со почетна цена од 100 милијарди долари
Деноноќно извозно царинење на Табановце
Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
Пола Влада во лов на инвеститори во Турција
„Чебрен“ и „Галиште“ уште без инвеститор, Владата да се доинформира



Itar Pejo, 30.01.2012 00:36:45
Znaci ima 13 direktni destinacii. Se ukinuva Prag, nema dovolno patnici. Nikogas nemalo Pariz. Ama sega ce se otvorele direktni letovi za Dubai i Singapur. Normalno. Od Makedonija ima mnogu povece patnici za Dubai i Singapur odkolku za Prag i Pariz. A za Indija i da ne zboruvame. Mene sepak mi se cini deka pred da se otvorat ovie linii ce treba nekoe vreme da se merat vetrovite vo magla.
Observer, 30.01.2012 06:29:21
Kaki nebulozi!! Nie sme totalno avionski izolirani od Evropa (sekoja cest na malkute isklucoci) pa sega direktno za Azija ce se letalo od Skopje....veter I magla.....
Marjan, 30.01.2012 08:09:07
Jas mislam treba direktno da se povrzeme so subsaharska Afrika - tamu ni e mestoto! Mesto da rabotat na promocija i subvencii na kompaniite koi veke letaat, tia dozvoluvaat Czech airlines da zamina, a ke ne povzruvaat direktno so Litvanija! koja mizerija!
svetski patnik-turist, 30.01.2012 08:30:30
Odlicno, mi udovolile znaci na baranjeto! Od Singapur imam voz do Kuala Lumpur i Bangkok, i direktni letovi do Manila, Hong Kong, Makao, Tokjo i tn. Vi blagodaram mnogu. Za drugite od Makedonija, Singapur nudi letovi do Sidnej i Melburn - imate rodnini tamu i kenguri da vezbate skokanje za fitnes. So Indija, osobeno Delhi vredi da se ima linija bidejki stanuvaat svetska sila so Rusija i Brazil, t.e. ce treba delegacii pocesto da se pracaat tamu. Da ve zamolam uste za direktni letovi do New York, Toronto i eventualno Buenos Aires, mozebi Moskva ili Sankt Petersburg.
Mudrec, 30.01.2012 10:13:53
Respect za ova sto go pravi Vladata vo domenot na avio prevozot. Kutar pejo neka crkne od maka.
Blaze m., 30.01.2012 11:41:33
Ako letovite Dubaj Skopje bidat povrzani so direktnite letovi od Avstralija do Dubaj barem, vo sezonata April - Oktombar toa ke znaci skratuvanje od najmalce od 8 saati ,toa ke znaci golemo olesnuvanje za makedoncite od Avstralija a veruvam togash ke gi ima vo pogogolem broj da e posetuvat tatkovinata, zosto segashnoto patuvanje od 35 saati teshko se podnesuva,a I veruvam deka ke bide isplatlivo I za avio kopanite so golem pozdrav za ideatadirektnite letovi Dubaj Skopje
malo crnice, 30.01.2012 12:33:26
Abe doma nema da se pribereme... Sekoj vikend u Singapur na kafe. Lepota.
predlog, 30.01.2012 13:24:50
Neka sklucat dogovor za Pariz a ne za Singapur. Sigurno mnogu poveke patnici ke ima za Pariz otkolku za Indija i Kina... Smesno e da patuvaat luge do Sofija za so Wizzair da odat do Francija- poveke cini patot do Sofija otkolku od Sofija do Pariz i nazad. Za cenite sto gi imaat od Sofija sigurno ke moze sekoj prosecen graganin da otide barem na vikend ovaa svetska i evropska metropola. Sto majka ke barame vo Kina???
Petar od Pert, 30.01.2012 13:44:11
Vo vremeto koga Gligor Taskovic bese minister za privlekuvanje stranski investicii, bea napraveni kontakti so Qatar air, za direktna linija Pert - Doha- Skopje(ili Ohrid), so cel pokratka linija za Makedoncite, Srbite i Bosancite( se razbira so navremeni vrski za Belgrad i Saraevo) koi ziveat vo Avstralija. Toa bese idea nasiroko prifatena od onie koi bea informirani za toa. Vrednosta bese pogolema zatoa sto Pert ima odlicna avionska vrska so pogolemite gradovi vo Avstralija, Melbourne, Sidnej, Brizben , Kanbera i Adelaide. Stanuva zbor za poveke od 100,000 patnici koi bi gi koristele uslugite i toa pretezno vo periodot maj - septemvri. No za zal so otpovikuvanjeto na Taskovic od ovaa fiunkcija i zapocnatata inicijativa zamina vo zaborav i pokraj toa sto se prepostavuvase deka toa ke bide uspesna biznis zdelka za site.
sk, 30.01.2012 18:12:33
Redovna linija new york skopje???
od ostrijot, 30.01.2012 18:55:08
nese plasejte nema dase otvarat novi liniji tose samo trikovi na vladata nakrajot kebide oti nema patnici linijite pak gizatvorivme.
nekoj od Praga, 30.01.2012 19:29:28
Za info: CzechAirlieans e drzavna firma pred bankrot (se sprema za prodazba)oni ukinaa okolu 40% od redovnite linii,za primer Malev i Austian letaat do MK za okolu 200-250 eura povratna so prestap,a Czech 300-350 eura,e radi toa bankrotira imaat menageri koj poveke mislat za svojot djeb i kako da go napolnat dodeka mozat. toa e realnosta na EU.
Skopjanec, 30.01.2012 19:34:22
Nie nemame direktna vrska so nieden grad vo germanija, a ke sme pravele so dubai i singapur.... strasno i ne znam kako se laze ovoj narod taka lesno. za toj let da bide isplatliv i ednas nedelno da e treba minimum 200 patnika da ima ja interkontinentalen let...bas na toj den od nedelata.... tie sto patuvaat znaat deka nema veze i e prazno zborenje ova...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |