Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
29.01.2012, 17:59

Деноноќно извозно царинење на Табановце

На граничниот премин Табановце во саботата почна 24-часовно стоковно царинење, без наплата за надоместок за престој на терминал. За почеток е предвидено извозно царинење на лесно расиплива стока и стока која е едноставна за физички преглед.

„Со последната инвестиција за изградба на автопатот до Табановце и оваа инвестиција на Царината, Владата директно им помага на македонските транспортери со можноста 24 часа во денот, седум дена во неделата, да се врши извозно царинење на граничниот премин, значи да нема губење време и одење во други експозитури и да биде направена на наједноставен начин и без никакви трошоци за транспортерите“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески.

Според директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, ваквиот начин на извозно царинење значително ќе го намали времето на извоз и трошоците како на извозниците, така и на превозниците.

За транспортерите ова е голема придобивка, бидејќи се избегнува чекањето и одењето по други испостави.

„Сега се избегнува дополнително време за чекање, а движењето на стоката ќе биде поефикасно. Придобивка имаат и извозниците, бидејќи се запазува цената на производот затоа што свежата стока вреди онолку колку што побрзо се достави до потрошувачите“, оцени претседателката на МАКАМ ТРАНС, Билјана Муратовска. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 163 пати.

Испрати коментар



Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
„Фејсбук“ на берза со почетна цена од 100 милијарди долари
Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
Пола Влада во лов на инвеститори во Турција
„Чебрен“ и „Галиште“ уште без инвеститор, Владата да се доинформира
Ќе летаме директно до Дубаи и до Сингапур

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |