Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
29.01.2012, 18:00

Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси

Една од најголемите белгиски компании „Ван Хоол НВ“ ќе гради нов производствен погон во ТИРЗ Скопје 2, со цел да ја реализира важната американска нарачка од 300 автобуси, која ја доби на почетокот на овој месец. По направена детална физибилити студија, менаџментот на компанијата потврди дека локацијата во Македонија ги исполнува сите потребни услови за реализирање на оваа голема нарачка.

Во почетокот на овој месец, „Ван Хоол“ доби две американски нарачки од страна на АБЦ, нивниот американски дистрибутер за производство на вкупно 510 автобуси. Веднаш потоа компанијата објави дека првите 300 автобуси планира да ги произведе надвор од Белгија, инвестирајќи во поевтина производна локација, токму поради фактот што трошоците за работна сила се превисоки во Белгија.

Како резултат на таа објава, „Ван Хоол“ ја доби и втората нарачка за производство на дополнителни 210 автобуси кои компанијата одлучи дека ќе бидат произведени во домашните производни капацитети.

Извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хоол, рече дека во Македонија ги нашле вистинските услови потребни за градење нова фабрика во која за период од три години ќе ги произведат бараните 300 автобуси за американскиот пазар.

Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, истакна дека со оваа инвестиција од Македонија повторно ќе се извозуваат автобуси, пред се', на американскиот пазар. „Компанијата планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи 400 луѓе, а ќе ангажира и многубројни домашни партнери за различните делови на автобусите кои ќе се извозуваат од нашата земја. Нивниот план е да почнат со градба на фабриката во април-мај оваа година, бидејќи имаат склучено договор за испорака на автобусите во 2013 година“, појасни Самак.

„Ван Хоол“ е белгиски независен производител на градски, меѓуградски автобуси и индустриски возила. Компанијата е формирана во Белгија во 1947 година. Најголем број од произведените возила се наменети за големите пазари во Европа и во Америка, а „Ван Хоол“ денеска брои повеќе од 4.000 вработени низ светот. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар



„Фејсбук“ на берза со почетна цена од 100 милијарди долари
Деноноќно извозно царинење на Табановце
Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
Пола Влада во лов на инвеститори во Турција
„Чебрен“ и „Галиште“ уште без инвеститор, Владата да се доинформира
Ќе летаме директно до Дубаи и до Сингапур



tome, 30.01.2012 01:37:15
za ova pissuvase vo site vesnici vo belgija i kazuvaa na vestite
janevski nane, 30.01.2012 08:41:58
braos

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |