Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
29.01.2012, 17:57

Пола Влада во лов на инвеститори во Турција

Истанбул, Кајсери, Коња, Измир, Бурса и Газијантеп се дестинации каде што пред турските бизнисмени ќе се претставува Македонија како поволна локација

Откако лани речиси сите позначајни европски и азиски дестинации се најдоа на агендата на ��ладиниот економски тим во потрагата по инвеститори, годинава на ред за роуд-шоу дојде нашиот традиционален пријател Турција. Истанбул, Кајсери, Коња, Измир, Бурса и Газијантеп се дестинации каде што премиерот Никола Груевски заедно со своите економски министри пред турските бизнисмени ќе ја претставува Македонија како поволна локација за вложување на нивниот капитал. Делегацијата отпатува вчера, а „ловот“ на инвеститорите ќе трае се' до петок оваа недела.

Дури деветмина министри и двајца директори на агенции беа потребни за да „гарантираат успех“ на ова роуд-шоу и да го придржуваат премиерот Груевски во Турција. На списокот во делегацијата се запишаа вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, министрите за економија, за транспорт и врски, за земјоделство, за животна средина, Ваљон Сарачини, Миле Јанакиески, Љупчо Димовски и Абдулаким Адеми, министрите за странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, министерот без ресор Хади Незир, како и директорите на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, и на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Висар Фида.

Роуд-шоуто во Турција почнува во Истанбул каде што владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски ќе има работна вечера со инвеститорите, пред кои ќе се презентираат предностите на Македонија. Најавено е присуство на 60 претседатели на компании, со кои ќе има и поединечни разговори. Потоа следуваат презентации во другите градови, каде што се очекуваат претставници од 50 до 150 компании.

Според премиерот, ова е најдолго претставување пред странски инвеститори, а тоа што ќе се посетат шест града како во ниедна друга земја покажува дека Владата смета оти има голем потенцијал, но и дека има голем интерес за инвестиции од Турција во Македонија.

„Во Турција ќе бидеме околу шест дена и тоа ќе биде нашето најголемо, односно најдолго претставување пред странски инвеститори, бидејќи ќе посетиме шест града. Станува збор за сложена програма, затоа што секој ден сме во различен град каде што имаме и презентација и поединечни средби со инвеститорите“, појасни Груевски. Некои од турските стопанственици инсистирале нашата делегација да ги посети и нивните капацитети. „Но, не знам дали ќе имаме доволно време да го направиме тоа помасовно“, рече премиерот.

Турција во изминатиот период е еден од најзначајните партнери на Македонија и во делот на поддршката која на политички план ја дава во процесот на интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ, како и во сите можни меѓународни институции. И на економски план соработката е на задоволително ниво. Постои голем интерес за инвестиции од Турција во Македонија, но и за трговската соработка во делот на увоз и извоз на стоки.

Како најзначајна турска инвестиција е онаа на ТАВ во нашите аеродроми, но турски капитал има и во битолската Пиварница, „Алемакс“ во Струмица, „Силика“ од Гостивар, „Рамстор“, „Зорлу холдинг“, Зираат банка, Халк банка... Се очекува и изградба на производствен капацитет за алуминиумски профили за автомобилска индустрија и градежништво во износ од 20 милиони евра во ТИРЗ „Скопје“ од страна на „Бордтехник отомотив“. Турција е дефинирана како земја од која може да се очекуваат инвестиции во производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, фармацевтска индустрија, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура. Очекувањата се дека во наредниот период инвестициите ќе бидат барем двојно повисоки од досегашните.

За време на престојот во Турција ќе биде потпишан протокол за соработка меѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони на Македонија и Дирекцијата на организираните индустриски зони на Турција.

Премиерот во Турција ќе се сретне и со својот колега Реџеп Таип Ердоган, а ќе има средба и со македонските иселеници во Бурса.

За потсетување, во изминатиот период Владата ловеше инвеститори во Англија, Австрија, Германија, Јапонија, Сингапур, Франција и во Белгија. Годинава за посета се планирани и други дестинации. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 1203 пати.

Испрати коментар



Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
„Фејсбук“ на берза со почетна цена од 100 милијарди долари
Деноноќно извозно царинење на Табановце
Белгиската „Ван Хоол НВ“ ќе гради погон за автобуси
„Чебрен“ и „Галиште“ уште без инвеститор, Владата да се доинформира
Ќе летаме директно до Дубаи и до Сингапур



БитПазарџија, 30.01.2012 11:59:10
Турските инвеститори ќе размислат двапати пред да се одлучат да инвестираат во земја полна со криминал и корупција. Прво нека се посоветуваат со своите сонародници кои веќе влегоа во оваа корумпирано дувло. (Т)
cor sokak, 30.01.2012 12:24:33
gledam nema nieden komentar sa biznis, kade ke ima investicii,ke ima rabota.ke dobijat plati narodot,site se siti.Ne treba rabota, ne treba plata itnt.Ama koga se raboti za nacionalizam site se ranite so toa.Po primitizam od ava sto se slucuva vo mkd.mozete da go najdete samo vo srbija koja uste se rani so sovenizam, nacionalizam uvredi.navredi i dane pisuvam pojce.A be sekoj vo evropa misli za rabota,za podobar zivot a vie tamo dolu ste katastrofa.
Istocna Makedonija, 30.01.2012 13:00:57
Neka ima efekt,a ne da bide samo gola turisticka promenada!
Risto Gushterov, 30.01.2012 20:49:57
Navistina ne mi e jasno civ mozhe da bide ovoj genijalen izum da se odi so tolku golema delegacija? Mozhebi idejata e da se zaplashat turskite vlasti i biznismeni deka posle Aleksandar Veliki im pretstoi povtorno osvojuvanje od strana na makedoncite?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |