22.01.2012, 18:47 Македонија e попартизирана отколку во комунизмот
Според истражувањето на USAID, македонските граѓаните стануваат членови на партии пред се' заради лична корист
Љупчо Поповски
Рендгенската снимка за македонското општество во изминатата година, што ја направи американската агенција USAID, покажа резултати над коишто треба сериозно да се замислиме – партизацијата на државата е поголема отколку во социјализмот; цврстата рака на политичарот е попосакувана отколку воспоставените процедури; луѓето во партиите се зачленуваат само заради лична корист; корупцијата како канцер го зафатила општественото ткиво; медиумите се под жесток притисок на Владата и судовите; недовербата во државните институции е доминантна.
Ова обемно истражување за „демократијата и владеењето во 2011“, кое за USAID го направи агенцијата „Рејтинг“, ја презентира крвната слика на македонското општество, во кое политичките настани се оската околу која се врти секојдневието на граѓанинот. Анкетата била теренска, на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници и била правена два месеца – во септември и октомври.
Најзапрепастувачки податок од ова истражување е дека дури 26,3 отсто од граѓаните се членови на политичка партија. Тоа е речиси за четири отсто повеќе од 2010, а за 6 отсто повеќе од 2009. USAID наведува дека за време на социјализмот Сојузот на комунистите на Македонија имал 163.000 членови, што претставувало само 10 отсто од граѓаните што имаат право на глас.
Оваа партизација може да се објасни со тоа што сега сме плурално општество, но одговорите што ги дале испитаниците покажуваат дека не е така и друг е мотивот. За дури 77,5 отсто од нив членството во партиите е мотивирано единствено од лична корист (9,1 отсто повеќе отколку во 2010), а само 10,1 отсто навеле дека со тоа сакале да придонесат да се реализира партиска програма. Лаконски кажано, само членство во партија може да им го подобри животот и да се отворат перспективи пред граѓаните...
„Утрински“ три пати ја зголеми довербата
Во 2011 година е зголемена довербата и во весниците што останаа на пазарот по затворањето на „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“. На индексот на довербата „Утрински весник“ е на трето место со 6,8 отсто (што е за 4,7 отсто проценти повеќе од 2010). Пред него се „Вест“ и „Дневник“ со 18,3 и 17,9 отсто. Зад овие три изданија на Медија принт Македонија се „Вечер“, „Нова Македонија“ и дневниот весник „Капитал“.
(Опширно во печатеното издание на весникот) |
|
Статијата е прочитана 2920 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jimmy1, 23.01.2012 03:38:55 | Makedonija nikogas nebila vo polosa sostojba od segasnava. Sprema denesnata sostojba komunizmot bese zlato, imavme sloboda, demokratija i mir. Nikogas ne sme imale tolku golema omraza kako sto e imame denes. Se dodeka vladata zaposluva na partiska i familijarna osnova sostojbata nema da se promeni. Sekoja vlada koja ke dojdi na vlast gi menuva site vo administracijata so partiski poslusnici i so luge bez soodvetna strucna sprema taka da recam strucno neobrazovani, a partiski preobrazovani samo za da gi izvrsuvaat naredbite na liderot. Nikade vo svetov nema vakov nacin na zaposluvanje. Vo zapadnite drzavi pri sekoja promena na vladata se menuvaat samo ministerskite mesta a ne se menuva nikoj vo policijata, sudstvoto, zaposlenite po ministerstvata, tuku istite luge si ostanuvaat na rabotnite mesta se dodeka im zavrsi mandatot (ako so mandat) ako ne ostanuva i ponataka. Kaj nas nasekade se stavaat clenovi na partija. Za seto ova najgolemata vina e vo narodot sto toa go dozvoluva. |
| Venko, 23.01.2012 09:54:05 | Doverba vo Dnevnik ti se molam, nema veze. Makedoncevo uste go lazat ! |
| Vancho, 23.01.2012 11:02:49 | Kazete im na Rejting da se Slikaat za nivnite Propagandi koi gi pravat,zashto vo Amerika ne je nishto podobro.Segde je da imash Vrski-konekshen tova znachi da ovde Amerika je isto pravilo Koj ti je Prijatel za ti da bidesh neshto.Ako ne si chlen vo Unijata -Uopshto i ne mozeah da se zaposlish a koj Upravuva so Amerika i tova se znaje ko dva i dva chetiri da ne politicharite koi se samo Glumci vo Pozadina se Advajzeri na tajni organizacii koi se i Ortacite na Bilionerite ama se od isti klub.Vo Amerika dojdoja novi vreminja Vreme na Mizerijata kaj shto Srednata klasa se Istrebuva i Ostanuva drugiot izbor 3% do 5% Bogati,15% Sredna klasa i 80% sirotinja i ke dojde i Poteshko vreme.Bivshiot k-sistem beshe Podobar:Sigurna rabota,Benificii kako Doktor badava,Godishen odmor,i sikoja budala ne moze da ti istera od rabota.Vo Kapitalizmot Gazdata Pali i Gasi,Zaboravi na Benificii,Doktor,Godishni odmor i Penzija.Ima samo ime Demokratija da samo Lazna pa takva se donesi i vo bifshite K-Sistemi za. |
| pile, 23.01.2012 11:15:09 | ,, партизацијата на државата е поголема отколку во социјализмот; цврстата рака на политичарот е попосакувана отколку воспоставените процедури; луѓето во партиите се зачленуваат само заради лична корист; корупцијата како канцер го зафатила општественото ткиво; медиумите се под жесток притисок на Владата и судовите; недовербата во државните институции е доминантна..Posle objavuvanjeto vo ugledniot Britanski ,,Ekonomist, za nivoto na ekonomski razvoj-ekonomska mizerija vo Republika Makedonija, i sega, so vakov izvestaj od renomirana Amerikanska agencija,vo vreme na skoro 6 godisno vladeenje, na navodno najnacionalnata partija vo Republika Makedonija,cii politicki pretstavnici zborot ,,komunjar kako sinonim za ednopartizmot i totalitarizmot vo sistemot do 90-tite godini, go eksploatira do maksimum, za dnevno politicki poeni,kade go gledame resenieto na mnostvoto problemi vo R. Makedonija.Resenieto e edno;VLADA NA NACIONALNO EDINSTVO so preoden period od 1 do 2 godini. MOZJEME! |
| od ostrijot, 23.01.2012 12:37:03 | da makedonija e popartizirana denes samo ne se na sloboden nego i na prisilen nacin. |
| makedonec, 23.01.2012 13:47:32 | odkako citam vesnici ova e edinstven pat da se kaze vistinata neznam dali e propust na golemiot brat ili demokratijata poleka no sigurno doaga |
| Знам колку членови бевме пред 90`., 23.01.2012 14:40:08 | Аман,од извртување на работите. Македонија е сега партизирана. Во времето на СРМ, Сојузот на комунистите беше Партија на власт. Согласно Уставот. Но, колку што се сеќавам, во тоа време, во фирмата не беа од нововработените 100% членови на сојузот. Знам колку бевме членови. |
| todor, 23.01.2012 15:49:46 | si otidoa komunjarite dojdoa komunjarcinjata.
|
| граѓанин-десничар, 23.01.2012 15:55:16 | Леле шо ни кажаа:) Не гледам некој да се страми.Шо да кажам , дека се во право?Ете 20 години се борам за работа...подработувам само...Квалификации? Европски...за кого кога немам книшка, и не сакам да земам ниту од едните, ниту од другите.Искрено ова шо се случува е пат до пеколот, поплочен со „добри “ намери...Си дадов уште оваа година да пробам чаре да најдам и бегам странство, ако треба и ��е барам АЗИЛ !!! |
| Alek, 23.01.2012 18:52:54 | Strashno i mizerno. |
| vanco go odbile za viza pa sega mu e krivo, 23.01.2012 23:31:45 | Vanco od kaj ti se tebe ovie inofrmaci sto gi lupas?
Da bese kako sto ti zboris inovaciite nema da dovadja od Amerika nego od Makedonija i africkite zemji (zemji so slicen sistem kade sto partiskite ludje se priveligirani). Rusite bi dale milijardi za edna inovacija da dojde od kaj niv ama ne dovadja zasto?bidejki nivniot sistem gi nagraduva najkurumpiranite a ne najvrednite.
Da ne im bese naftata i plinot ke nemaa sto da jadat.
Vo Amerika cel svet se tepa za da dojde, ako bese kako sto ti se tesis deka (najverovatno ne ti dale viza) nemase nikoj da dovadja ni da zbori za usa.
Ja tuka ziveam i sum sredna klasa ubavo zarabotuvam se od svoj trud. nemam nikoj tuka da mi pomogne. i sum zborel so rusi, kinezi, indici, francuzi, spanci, izraelci, svedjani itn i site isto iskustvo kako mene. ovaa e zemja na moznostite ako sakas da imas bogatsvo i rabotis sigurno ke go dobies vo ova zemja, a tie sto gi mrzi da rabotat stalno se tesat - luzeri. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Облачно
|
Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -9°C
|
Петок
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
|