23.01.2012, 13:00 Сил ја изневерил супермоделката со дадилката
Хајди Клум, оваа седмица во Лос Анџелес ќе поднесе барање за развод на бракот од музичарот Сил
Веќе е извесно дека на бајката за највљубениот познат пар и' дојде крајот. Хајди Клум, оваа седмица во Лос Анџелес ќе поднесе барање за развод на бракот од музичарот Сил. Причините на хартија се „непремостивите разлики“, но наводно 38- годишната Хајди не може да премине преку прељубата на Сил. Се зборува дека музичарот ја изневерил со една од нивните дадилки, поради што од неодамна постојано се караат. Уште за новогодишните празници беа среќни, а Хајди на својот профил на Фејсбук и Твитер ги стави нивните заеднички фотографии од Аспен. Тоа беа нивните последни заеднички фотографии.
Германската супермоделка и британскиот пејач секоја година ги обновуваа браќните завети, но оваа година во јуни, кога ќе им биде седмата годишнина, се чини дека нема да го сторат тоа. Кога италијанскиот плејбој, Флавио Бријаторе ја изневери бремената Хајди Клим, Сил беше до неа. Беше и на раѓањето на малечката Хелена во 2004. година, која пред две години и ја посвои. Хајди тогаш го смени своето презиме со неговото, Семјуел.
Мината недела, на доделувањето на Златниот глобус, во Лос Анџелес, Хајди беше сама. Се претпоставува дека бракоразводната парница ќе им биде тешка.
|