11.01.2012, 17:04 И Ванеса Редгрејв во „Ослободување на Скопје“ на Шербеџија
Анџелина Џоли е одушевена од топлината на сценариото за филмот „Ослободување на Скопје“
Сунчица Уневска
Филмот „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија има големи можности да собере исклучителни актерски имиња околу себе. Неговите холивудски пријатели не само што се одушевени од сценариото за филмот и што го поддржуваат како проект туку големи се шансите во него да играат Бред Пит и Ванеса Редгрејв. Анџелина Џоли, како една од неговите најблиски пријатели, која дојде на Бриони специјално за да го гледа Шербеџија во улогата на крал Лир, била одушевена од топлината на сценариото, но и од тоа какви приказни и какви љубови се случувале во овој дел на светот. Таа му ја дава својата безрезервна поддршка, а исто така е отворена и за соработка, па и за помош на овој негов режисерски проект, особено по нејзиното искуство со филмот „Во земјата на крвта и медот“.
(Целосниот текст во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)
|