Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.12.2011, 11:04

Цената на билетот за новогодишниот концерт достигна 9.392 евра



Три дена пред концертот на Виенската филхармонија, два билета за партер се продаваа 18.784 евра што е 9.392 евра по билет или десетпати повеќе од првичната цена

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија со кој традиционално Австрија влегува во новата година и чиј телевизискиот пренос го следат милиони луѓе ширум светот, е еден од најскапите музички случувања во светот затоа што овие денови цената на билетот достигна астрономска цена.

Три дена пред концертот, два билета за партер се продаваа 18.784 евра што е 9.392 евра по билет или десетпати повеќе од првичната цена, а влезници за толку пари можат да се најдат на интернет сајтот viagogo.de.

Тука се нудат и билети за галеријата, кои чинат 7.380 евра.

Билетите за познатиот виенски новогодишен концерт се распродадени една година однапред, а оригиналната цена е од 30 до 940 евра.

Меѓутоа, пред самиот концерт билетите достигнуваат астрономска цена затоа што мал број љубители на класичната музика се подготвени да ги препродадат своите влезници.

За 700 билети колку што има место за концертот, секоја година се пријавуваат околу 60.000 љубители на музиката.

Виенската филхармонија со лотарија одлучува кој може да купи билети за новогодишниот концерт.





Статијата е прочитана 1355 пати.

Испрати коментар



Светска премиера на филмот на Теона Митевска во Берлин
Поезијата на Маџиров со позитивна критика во Норвешка
Го заборавил пасошот, ја минал границата со ајпад
Скорсезе ќе добие почесна „Бафта“ за придонес кон филмот
Германка роди близначки со различна раса
Традиционален Божикен концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“
Ирина Шајк одбива да се слика за „Плејбој“
Боки 13-ка ќе стане машко
„Златна мечка“ за животно дело за Мерил Стрип
Абрамович ја дочека Новата година со „Ред хот чили пеперс“
„Македонска реч“ објави книга афоризми на Атанас Крлевски
Анџелина Џоли му подари водопад на Бред Пит
Музичарот Јосу Ндур се кандидира за претседател на Сенегал
(ИНТЕРВЈУ) Каролина - Раѓањето на внуката Луција најубава работа во 2011
(ФОТО) Незаборавно шоу на Тони Зен и „Маракуја“
Четвртиот меморијален концерт за Тоше на 21 јануари во МОБ
Клаудио дел Монако избоден со нож од сопругата
„Гугл“ и “Фејсбук“ најпосетувани сајтови во 2011 година
Отворен Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица
„Капка“ - тивка бунтовност и бавна промена
Промовирана монографија на Музејот на Град Скопје
Тројца македонски писатели на Саем на книгата во Лајпциг
Изложбата на фотографии „Пет капки сон“ на Милчо Манчевски гостува низ Европа

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 2°C

Магла

Среда
Магла
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Четврток
Магла
Макс: 5°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |