Хороскоп
Овен
Размислувате ли исправно? Потрудете се да бидете објективни и да сфатите дека некои ваши планови се премногу утопистички за другите да можат да ги реализираат. Имате безброј проблеми, дилеми исто така. Нема да ви биде лесно, но нема љубов без болка.
Бик
Бидејќи убаво си поминувавте и уживавте, сега размислувате за работата. Амбициозни сте поради поволните планетарни аспекти. Нешто веќе остваривте, но не сакате да живеете на штрек. Потребен ви е постојан допинг во вид на нови обврски, како и финансиски стимуланс.
Близнаци
Се расфрлате со она што го немате во изобилство, енергија. Избегнувате тешки задачи што не значи дека сте рационални кога станува збор за физичката сила. Се трошите на ситуации кои не се вредни за внимание и се грижите поради глупости.
Рак
Што ви се случува? Опкружени сте со негативна енергија, расправии и нервози. Тоа не личи на вас бидејќи пред најмала опасност веднаш се повлекувате. Околината тешко прифаќа промени, а тие се евидентни. Доколку сакате да успеете, морате да излезете на крај со завидливите луѓе.
Лав
Чувствувате бурни промени во животот. Тоа всушност е одговор на прашањето поради што сте креативни, тактични и полни со убави манири. Можеби партнерот ќе ви помогне да уживате во убавите работи. Ситно внимание или подарок ќе ви го подобри расположението.
Девица
Планирате нова работа која бара тимска соработка. Нема да биде едноставно, од проста причина што умеете вредно да работите, па истото го очекувате и од другите. Наредните денови треба да ставите акцент на исхраната и здравјето. Работата може да причека.
Терезија
Нова љубов или поинаков пристап на старата ќе ви ја подобри моменталната психичка состојба. И децата се тука за да ви го подобрат расположението. Размислувајте креативно и со нов ентузијазам тргнете во нови професионални потфати.
Скорпија
Ретко имате време и желба да уживате во топлата домашна атмосфера. Бидејќи денес тоа можете да си го дозволите, потрудете се да се докажете во кујната. Соберете сила за нови потфати и планирајте ја работата во врска со адаптација за животниот простор.
Стрелец
Не мирувате, а слободните моменти ги искористувате за телефонски разговори. Успешна комуникација, промените и приспособливоста дополнително ги потенцираат вашите способности. Моментално сте неуморни, но и непостојани. Нервниот систем е на удар.
Јарец
Проблемите со грлото се последица на прекумерното консумирање цигари. Еднострано гледате на животот, докажувајќи исправност за сопствените потези таму каде што е илузорно. Од празни зборови не се живее, па насочете се кон оние работи кои ви го подобруваат расположението.
Водолија
Неспретни сте и под блага тензија бидејќи такви сте по природа, затоа моменталната состојба прифатете ја со леснотија. Моментално сте активни, размислувате за нова работа и не се досадувате. Опуштете се и уживајте во друштво со другите личности.
Риби
Во фаза сте на правење планови и приказни, но ништо конкретно не преземате. Доколку имате на кого да се потпрете, ќе биде одлично бидејќи ви недостасува цврстина ако сакате да се изборите со животните проблеми. Малкумина од вас добиваат безрезервна поддршка од партнерот.
|