Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
22.01.2012, 11:47
Четвртиот меморијален концерт ја откри првата љубов на Тоше



Познатите арии во нов аранжман ги свиреа Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше, кои на сцената беа заедно хорот „Про арс“ и под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар

Во пресрет на 31 година од раѓањето на Тоше Проески, солисти од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и од Словенија синоќа во Македонската опера и балет ги отпеаја неговите хитови како арии, зашто идејата на организаторите беше четвртиот меморијален концерт да ја открие првата љубов на Тоше - операта.

Познатите ноти во нов аранжман ги свиреа Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше, кои на сцената беа заедно хорот „Про арс“ и под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

Прва настапи примадоната од Белградската опера Сања Керкез со „Још увек сањам да смо заједно“, а подоцна и со „Игре без границе“. Хрватскиот тенор Иво Гамулин-Џани ја испеа „Пратим те“, Еделенина К'нева од Софија - „Ден за нас“, сопранистката од Словенија Аленка Готар настапи со „Једина“, македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски со антологиската „Тајно моја“, а за крај на концертот нашата оперска дива Весна Ѓиновска-Илкова ја отпеа „The Haredst Thing“ и со својот моќен сопран ги подгреа емоциите во исполнетата сала на МОБ.

Инструментално беа изведени „Љубена“, во пијано придружба на Симон Трпчески, кој е и автор на оваа композиција во 2004-та, и музиката од „Арија“ и „Крушево“ со гитарско водство на Влатко Стефановски.

Покрај поп-хитови, во вид на арии беа отпеани и две стари македонски песни од албумот на Тоше „Божилак“ - ,„Море сокол пие“, со која повторно настапи Ѓорѓи Цуцковски, и „Ако одам во Битола“, која ја испеа српскиот бас Иван Томашев.

- Тоше со ист жар пееше и поп, и народна, и класична музика, зашто неа ја делеше на два жанра - добра и лоша. Овој концерт можеби ќе поттикне многу млади да ја засакаат и операта, како што ги запознаа заборавените македонски песни откако Тоше ги обнароди..., рече водителката на концертот Ирена Спировска.

Тошевата љубов кон операта беше прикажана низ снимки од негови најрани настапи - „О соле мио“, ,„Санта Лучија“, арии од Пучини и Доницети... оперска улога како студент во „Деспина и мистер Докс“ на Димитрие Бужаровски, како и оперските изведби на народните „Кажи, кажи, либе Стано“ и „Не си го продавај Кољо чифлигот“.

Концертот насловен „Неговите арии“ го организираа Фондацијата ,,Тоше Проески" и Министерството за култура. Иако поинаков од претходните три и во нов, помал, но поакустичен простор, каков што бара изведувањето класична музика, и овој меморијален концерт имаше хумана цел. Проиходот од влезниците е наменет за опремување на Клиниката за детски болести.








Статијата е прочитана 2202 пати.

Испрати коментар



Охрид и годинава не беше кандидат за „Град на културата“
Ванеса Паради - На зима се разведувам, лете се мажам
Трендо дигна сидро од Он.нет
Металика“ во Белград на 8 мај
Сил ја изневерил супермоделката со дадилката
Македонската филхармонија денеска отпатува во Оман
„Жената која ги избриша своите солзи“ премиерно на Берлинале на 11 февруари
Објавена Годишната програма на Министерството за култура
„Неговите арии“ - меморијален концерт за Тоше утревечер во МОБ
Филмот „Уметник“ миленик и на лондонската критика
Овации на концертот на Симон Трпчески во Норвешка
Нано Морети претседател на жирито на 65. Кански филмски фестивал
„Панкот не е мртов" испадна од трката за „Оскар"
Тамара и Тони Зен - тандем за хитови
„Роденден на уметноста“ во МКЦ
„Самсунг“ демантира дека планира да го купи „Блекбери“
Трпчески премиерно ќе ја изведе „Фантазија на две фолклорни теми“
„Уметникот“ доби најмногу номинации за БАФТА
Шон Пен почесен амбасадор на Хаити
Стрип-морнарот Попај наполни 83. години
Едо Маајка стана Едо татко
Македонската филхармонија ќе ја изведе контроверзната „4,33“
Се отвора годишната изложба на ДЛУМ
„Матица“ го почнува традиционалниот саем „Книга во секој дом“
Џенифер Лопез со џепарлак од 7000 евра неделно за новото момче
Гласајте за Македонката Геновева Кристоф!
Џони Деп купува куќа во Англија за да најде мир
Џејмс Бонд го слави 50-от роденден
„Артист“ и „Потомци“ победници на 69-то доделување на „Златен глобус“
Композиторот Стојан Стојков предложен за МАНУ
„Сетстат“ во живо на Канал 103
(ВИДЕО) Жељко Бебек по 38 години и ја отпеа „Селма“ на Селма
Доделени наградите на американските филмски критичари
Почесен Оскар за мајсторот на визуелни ефекти Даглас Трамбул
„Боли ли?“ со рекордни 670.000 гледачи на „Јутјуб“
Кларинетистот Васко Дуковски, дел од оперската премиера за Сун Јат - сен
И македонскиот краток филм „Бардо“ на Берлинале
Василичарски концерт на МОБ со познати вердиеви оперски арии
И Ванеса Редгрејв во „Ослободување на Скопје“ на Шербеџија
Филип Глас ја завршува Деветтата симфонија по повод 75. роденден
Линдзи Лохан во улога на Елизабет Тејлор?
Пласидо Доминго, прв оперски пејач што ја доби наградата „Волф“
Брајан Фери се ожени по вторпат
Филмот на Џоли премиерно на Берлинскиот фестивал
„Воениот коњ“ ја подели британската филмска критика
Влезниците за концертот за Тоше 25 евра?!
Раперот Снуп Дог уапсен поради поседување марихуана
Чарли Шин - Го победив лудилото
Манчевски добитник на наградата на Централноевропската иницијатива
Роденденот на уметноста МКЦ ќе го слави со низа настани
„Вива Верди“ - оперски концерт по повод празникот „Василица“
Четкар постпразнично во Охрид и Скопје
„Скрим мјузик фестивал“ во два дена
„Меланхолија“ најдобар според американските критичарите
На каталог за детска облека сликан гол маж
Линдзи Лохан со нова тетоважа - „Живеј без да жалиш“
„Прашките гробишта“ од Умберто Еко на македонски
Филмот „Челичната леди“ ги разгневи британските конзервативци
Во Охрид изложба „Метална опсесија“ од Анастас Дудан
Кемал Монтено се чувствува добро
„Црвена јабука“ и „Ареа“ за старт на Вевчанскиот карневал
Шинејд О'Конор, сепак, не се разведува
Деми Мур - Никогаш не бев сакана
Светска премиера на филмот на Теона Митевска во Берлин
Поезијата на Маџиров со позитивна критика во Норвешка
Го заборавил пасошот, ја минал границата со ајпад
Германка роди близначки со различна раса
„Скопски солисти“ со Божиќен концерт во недела
Ирина Шајк одбива да се слика за „Плејбој“
Боки 13-ка ќе стане машко
„Златна мечка“ за животно дело за Мерил Стрип
Абрамович ја дочека Новата година со „Ред хот чили пеперс“
„Македонска реч“ објави книга афоризми на Атанас Крлевски
Анџелина Џоли му подари водопад на Бред Пит
Музичарот Јосу Ндур се кандидира за претседател на Сенегал
(ИНТЕРВЈУ) Каролина - Раѓањето на внуката Луција најубава работа во 2011
(ФОТО) Незаборавно шоу на Тони Зен и „Маракуја“
Четвртиот меморијален концерт за Тоше на 21 јануари во МОБ
Клаудио дел Монако избоден со нож од сопругата
„Гугл“ и “Фејсбук“ најпосетувани сајтови во 2011 година
Цената на билетот за новогодишниот концерт достигна 9.392 евра
Отворен Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица
„Капка“ - тивка бунтовност и бавна промена
Промовирана монографија на Музејот на Град Скопје
Тројца македонски писатели на Саем на книгата во Лајпциг
Изложбата на фотографии „Пет капки сон“ на Милчо Манчевски гостува низ Европа

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Снег
Макс: -1°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |