Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
20.01.2012, 18:19

Вевчанскиот карневал ги симна маските на Скопје и на Атина

Имаше ли претерување во вевчанското исмејување на Грција - е прашање околу кое има поделени мислења во Македонија

Слободанка Јовановска

Страда ли Грција од протестоманија и дали палењето на грчкото знаме и „погребот“ на оваа соседна држава излегува од рамките на дозволената карневалска атмосфера за Македонија? Ова прашање се наметна по последната вербална нота од Атина, со која се бара од Владата да реагира против оние што на ваков начин, според грчки оцени, го навредуваат грчкиот народ и ги влошуваат меѓусебните односи.

Вчера провладиниот „Курир“ тврдеше дека Атина подготвува протестна нота и за емисијата „Еднооки“, со што јасно се девалвираше грчкиот дипломатски потег, во смисла дека тамошниот естаблишмент протестира за се' и сешто, правејќи фарса од дипломатијата.

Вредеше ли овој настан ваков потег од Грција, сепак, е прашање околу кое има поделени мислења во Македонија. Само лани Атина испратила куп протестни ноти до Македонија, а една, за Портата „Македонија“, чека да биде напишана и да дојде на адреса на МНР наскоро. Ноти, имаше и за дипломите на Штипскиот државен универзитет, бидејќи на нив имало сонце од Вергина, за споменикот на Александар Македонски и двата на Филип во Гази Баба и во Битола, за некаква карта на голема Макеоднија со училиштето „Глигор Прличев“ и оваа сега за Вевчани.

Македонија, пак, протестираше за повиците за дерење кожи на Македонците, за блокадите на границата и за малтретирањето на камионџиите, за приведувањето на новинарите на Канал 5 и на Вест и за третманот на нашиот конзул кој беше задржан во полиција за сообраќаен прекршок.

Патем уште на карневалот во 2007 година во Вевчани гореше грчкото знаме како еден од реквизитите, а Грција се најде на ковчег во 2009 година, што значи дека и најновата „претстава“ не е новитет.

Според Нано Ружин, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, ваквото исмејување е претерување, иако Вевчанци имале добар изговор да го направат тоа.

„Невкусно е што го направија тоа, и ќе пројдеше во друг контекст, но не и сега кога се волку напнати односи��е меѓу двете држави. Ставете се во кожата на Грците, макар и да сте сакале да се пошегувате. И двете страни претераа, и тие на карневалот и Атина со протестната нота. Грците требаше да остават на настанот да реагираат македонските интелектуалци“, вели тој.

Преставник на македонскиот преговарачки тим за Хаг, пак, не сака ни да ја коментира нотата, со оценка дека таа не го заслужува тоа, бидејќи станува збор за сатира а не сериозни пораки на карневалот.

Денко Малески, некогашен шеф на дипломатијата и аналитичар на македонската надворешна политика, пак, смета дека погребот и палењето на знамето биле невкусни, и дека се за жал одраз на општата клима на конфронтација што се форсира меѓу двата народа и која може да не' одведе во лоша ситуација - место решение на спорот до конфликтни ситуации. „Тоа е насоката во која тргнаа двете општества, иако грчката држава се огради со судски процес од парадата на грчките војници“, вели тој додавајќи дека иако станува збор за карневал, на него присуствуваше министерката за култура. „Најлошо е ако ова е ехо на официјалната политика кај нас“, вели Малески, оценувајќи дека преговорите практично се прекинати и во моментов не е јасно која е нивната иднина.

„Пресудата во Хаг само не' оддалечи едни од други уште повеќе. Преговорите се претворија во „лип сервис“ односно само се изјавува дека има добра волја за барање решение, а реално немаат значење и за двете земји“, заклучи тој прашувајќи се што ќе се случи дури по април, кога знаеме кој ќе дојде на власт во Грција.

Стево Пендаровски, аналитичар, вели дека палење знаме и во македонскиот правен систем е кривично дело, без оглед дали е на карневал и се смета за хумор. „Ако е точно дека присуствувала министерката и дека манифестацијата е државно спонзорирана, тогаш настанот спаѓа под еден од членовите на Времената спогодба кој забранува негативна пропаганда. Самото присуство на државата му дав�� друга нота на настанот, па минимум што треба да направи Владата е да се извини за настанот. Не можеме да очекуваме таа да ги избира маските, но може да се огради од нив“, оцени Пендаровски.

Еден брз поглед на грчката одбрана во Хаг потврдува дека вербални и пишани ноти на релација Грција и Македонија изминатите години имало толку многу, што не можат и да се избројат. Некои од нив биле упатени и поради кршењето таблички на автомобилите на грчките дипломати, фрлање камења и празни шишиња во дворот на амбасадата, а некои беа многу посериозни, како осамнувањетп на билбордите со грчкото знаме покриено со свастика и фотографијата во неделникот „Форум“ на грчкиот премиер фотомонтиран во нацистичка униформа.

Сепак, впечатокот е дека протестните ноти сега како да ги посакуваат двете страни, дека од преговорите прават фарса и дека во тоа учествуваат и двете држави, а всушност пред јавноста демонстрираат се' поголема политичка незрелост околу ситуацијата.


Статијата е прочитана 832 пати.

Испрати коментар



Грција протестира за Вевчани и во Брисел
Нема криза за нив, ќе си ги зголемат платите
СДСМ
„Метрудхем“ сам ќе си избира локација за Топилница!



mene, 21.01.2012 00:30:20
Grcija ne ni go priznava imeto, jazikot nacijata, i nie sme preterale ??? Pa dal ste vie normalni bre ? Pa sto treba da ni napravat, da ni gi oderat kozite ?
Весна.С. од Прилеп, 21.01.2012 02:59:19
Маските на грците(намерно со мала буква)се симнати уште кога побараја да го смениме знамето и името на државата како и повремените блокади на границата .Секое нивно барање и условување за промена на идентитетот се прави без маска односно тие отворено кажуваат дека НИЕ МОРА ДА СИ ГО СМЕНИМЕ НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ И ДЕКА НИЕ ЗА НИВ НЕ ПОСТОИМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ.Во овие дваесет години само ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ДРЖАВОТВОРЦИ(СДСМ) И ГОЛЕМИТЕ ПАТРИОТИ (ВМРО) ПРЕД НАС СТОЈАТ МАСКИРАНИ УВЕРУВАЌИ НЕ ДАКА СО ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА СО ПРИДАВКИ И ДОДАВКИ ВО ЗАГРАДА ИЛИ СО ЦРТИЧКА ,ЗАПИРКА И НЕ ЗНАМ КАКВИ НЕ ДР.ГЛУПОСТИ НЕ УВЕРУВААТ ДЕКА ИДЕНТИТЕТОТ НЕМА ДА ГО СМЕНИМЕ.ВЕВЧАНИ СО СВОЈАТА МАСКА ВО ОВАА КОЛУМНА САМО ИМ ГИ СИМНА МАСКИТЕ НА ПЕНДАОВЦКИ ,МАЛЕСКИ ,РУЖИН КОИ СЕ БИ ДАЛЕ ЗА ЕДНА ЕВРОПСКА ФОТЉА. И ЗА КРАЈ ВЕВЧАНЦИ СО ГОДИНИ ИМ СЕ ПОТСМЕВААТ И НА ПОЛИТИЧАРИ ОД ЕУ И САД -МЕРКЕЛ ОБАМА И УШТЕ НКОЈ НЕ ЈА БОМБАРДИРАЛ ЗА ТОА МАКЕДОНИЈА
jimmy1, 21.01.2012 04:06:27
Nee toa preteruvanje, toa e vistinata za Grcija. Kolku nasi znaminja se zapaleni vo Grcija??? Kakvi pogrdni zborovi za Makedonija i za makedonskiot narod izvikuvaa pripadnici na grckata vojska i pak nikomu nisto. Znaci za se ona sto se pravi vo Grcija protiv nasata drzava i protiv nas kako narod na makedonija nema preteruvanja. Ako tie se odnesuvaat barem malku pokorektno protiv nas i nasata drzava veruvam deka nema da ima vakvi slucai kaj nas. Seto toa zapocna od kaj niv koi glumat pred javnosta i pred svetov deka se dobri sosedi. Bumerangot se vraka. Pred dvaeset i nekolku godini bevme edno drustvo vo Atina im vo sred Atina im e peevme pesnata, Begajte Grci neve sakame, i za toa bevme ukoruvani kaj nas sto peevme pesna. I od toa nisto ne stana, sekoj ima pravo da e pee onaa pesna sto saka.
Rezzilov, 21.01.2012 12:57:20
Зарем Утрински нема др��ги експерти(?) сем Малески,Пендаровски и Ружин?Нивните ставови во врска со македонското прашање се одамна прочитани.Јужниве безпризорно не газат,плукаат,понижуваат,а спомнативе постојано бараат вина во нас.Вевчанци пофторно покажаа дека имаат муда.А оние кои на “некрологот“ се најдоа во ожалостените сега фрлаат дрвја и камења по вевчанци.Ланската година имаше групна маска во која премиерот беше прикажан како Адолф и никој не се најде да коментира.За јужниве им изгореа срцата.
pile, 21.01.2012 14:31:00
Postoi edna izreka ,,ne mu go pravi ona, na drug sto nesakas, tebe da ti go pravat.Dali demokratskite vrednosti se na potrebnoto nivo i vo Republika Makedonija, sporedeno vo regionalni ramki, a posebno ako se ima vo predvid, deka za palenje na Makedonskoto zname na fudbalski natprevar vo Kacanik, osnovano imase soodvetna reakcija od Vladata, kako i Zakonita postapka od instituciite na R.Kosovo, ili vodenje na Sudska postapka protiv sovinistickite poraki od vojnici na R.Grcija,ili za globalno nivo, od primerot so osudata za navodnoto uriniranje na pripadnici na NATO vrz ubieni Talibaci i osuda za gestot i nalozjuvanje na istraga.Prasanje do Premierot na RM;Koj toa pluka po nacionalnite interesi na Republika Makedonija,vo ovoj vazjen istoriski moment za drzjavata.Ili najdetego ili ODDETE SI.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |