06.01.2012, 17:17 Прилепчанец повреден од заскитан куршум на коледарски оган
Дваесет и петгодишниот прилепчанец бил пренесен во болница, а лекарите констатирале дека се работи за лесна телесна повреда. Прилепската полиција го расчистува случајот.
Прилепчанец синоќа бил повреден додека седел околу коледарскиот оган на улица „Ѓорѓи Димитров“ во Прилеп, соопшти МВР.
Залутано зрно од пиштолска муниција го погодило во пределот на надколеницата од десната нога.
Дваесет и петгодишниот прилепчанец бил пренесен во болница, а лекарите констатирале дека се работи за лесна телесна повреда. Прилепската полиција го расчистува случајот
|