30.12.2011, 11:14 Почина напаѓачот од Петровец кој скокна од прозорец во Ургентен
Почина напаѓачот од село Петровец кој завчера се обиде да си го убие семејството, а потоа се фрли од прозорец од Ургентниот центар, соопшти МВР.
Триесет и едногодишниот Оливер М. Утрово околу 5 часот им подлегнал на повредите откако вчера утрото се фрли од прозорец од првиот кат на Ургентниот центар.
Вистинска семејна драма се случи завчера попладне околу 16 часот во скопското село Петровец. Триесет и едногодишниот Оливер М. со удар со нога ја турнал вратата на летната кујна каде биле неговата мајка и тетка.
Најпрвин со тесла по главата ја нападнал својата тетка, а потоа и својата мајка. Тетката успеала да стане и да го повика на помош неговиот татко.
Оливер го нападнал и татко му со тесла по главата, но тој успеал да го совлада и да му ја земе теслата. Во тој момент Оливер извадил нож и го расекол таткото по рацете.
На помош дошле и двајца соседи кои успеале да му го одземат ножот. Оливер побегнал во куќата и се заклучил.
Во семејната куќа пристигнале припадници на полициската еди��ица Алфи. При обидот да го приведат, Оливер зел ашов и повредил тројца од полициските службеници.
Таткото, мајката, тетката и Оливер биле пренесени во Ургентниот центар. Мајката со потешки повреди е задржана на лекување, додека другите се пуштени дома. Неофицијално, Оливер имал психички проблеми.
|