10.01.2012, 12:52 Спикерката на РТС, Петра Цвијиќ прегази пешак
Седумдесет и четиригодишниот пешак, Слободан Бајиќ починал синоќа во Ургентниот центар
Спикерката на Радио-телевизија Србија, Петра Цвијиќ вчера попладне прегазила пешак на „Водоводска улица“ на Чукарица.
Седумдесет и четиригодишниот пешак, Слободан Бајиќ починал синоќа во Ургентниот центар. За сега не е познато како се случила сообраќајката. Полицијата направила увид, а деталите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени.
Како што пренесува Блиц, на водителката веднаш и бил направен алкотест со кој е утврдено дека не возела под дејство на алкохол. Веднаш по несреќата, лекарите на Брза помош го пренеле повредениот човек со контузија на слабинскиот дел на телото во Ургентниот центар.
Пешакот починал неколку часа подоцна. Петра Цвијиќ е водителка на информативна емисија и новинарка на Радио-телевизија Србија. На почетокот на кариерата водела емисии од забавен карактер, а набрзо преминала во информативна редакција. На националната телевизија работела повеќе од седум години.
|