03.01.2012, 13:50 Италијанските парламентарци имаат највисоки плати во ЕУ
Платите на италијанските пратеници се највисоки во ЕУ, објави Кориере дела сера повикувајќи се на италијански експертски извештај.
Документот е дело на работна група предводена од шефот на Италијанскиот статистички институт Енрисо Џованини, која имаше задача да анализира како евентуално може да се намалат платите на парламентарците.
Во извештајот се вели дека еден италијански пратеник секој месец има над 16 илјади евра бруто плата.
Француските парламентарци имаат месечно 13 илјади евра, германските 12.600 евра, холандските малку над 10 илјади евра, белгиските 9.200 евра, австриските 8.650 евра, а во Шпанија 4.360 евра.
Заклучокот е дека италијанските парламентарци имаат за 60 отсто повисока плата од своите европски колеги. Според комисијата до крајот на март претстои се уште работа за да се реши како може да се реализира намерата на претходниот министер Џулио Тремонти за израмнување на платите на просечно ниво со пратениците од Европа.
|