03.01.2012, 11:42 Телеграма со сочувство за Глигоров од албанскиот премиер Бериша
„Смртта на поранешнот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот. Како прв претседател избран на демократски начин Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија и јужниот дел на Балканот“, стои во телеграмата со сочувство на албанскиот премиер.
Албанскиот премиер Сали Бериша упати телеграма со сочувство по повод смртта на претседателот Киро Глигоров.
„Смртта на поранешнот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот. Како основач на независна Македонија и прв претседател избран на демократски начин Киро Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија и јужниот дел на Балканот“, како и во регионалната соработка, стои во телеграмата со сочувство на албанскиот премиер.
Медумите во Албанија, без исклучок веднаш ја пренсоа веста за смрттта на Глигоров како прв македонски претседател избран на демократски начин, чија најголема заслуга е мирното разделување на земјата од поранешната југословенска федерација.
|