30.12.2011, 14:03 Замена на старите лични карти до 27 февруари
Министерството за внатрешни работи потсетува дека рокот за замена на старите лични карти со нови биометриски истекува на 27 февруари следната година.
Според измените и дополнувањата на Законот за личната карта, издадените лични карти пред денот на стапѕување во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години од денот на влегување во сила на законот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Согласно Законот за патните исправи, пасошите издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во пасошот, но најдолго пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон, односно старите небиометриски пасоши важат до 27 февруари следната година. Сите дополнителни информации граѓаните може да ги побараат на веб страницата на Министерството за внатрешни работи (www.moi.gov.mk) или да се обратат до подрачните единици на МВР, според нивното живеалиште.
Закажувањето за поднесување барање за издавање лична карта и патна исправа граѓаните со живеалиште во Скопје го вршат преку бесплатниот теле��онски број 080019292.
Граѓаните кои немаат важечка лична карта (изминат рок, изгубена) можат без закажување веднаш да поднесат барање за издавање на нова во подрачните единици на МВР, се вели во соопштението
|