07.01.2012, 14:01 Воислав Шешељ пренесен во болница
Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, кој се наоѓа во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген, синоќа е префрлен во болницата „Лајден“ во Хаг поради влошување на здравствената состојба.
Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија и дежурниот лекарски тим во болницата „Лајден“ потврдија дека по укажаната медицинска нега здравствената состојба на Шешељ е стабилна.
На хоспитализирањето на Шешељ со соопштение реагираше СРС, која оцени дека на влошувањето на неговата здравствена состојба влијаело „тенденциозното и секојдневното кршење на неговите основни човекови и процесни права, кои стануваат се подрастични со наближувањето на терминот за завршните обраќања“ на судењето во март.
|