29.12.2011, 14:25 Во Норвешка не се спомнува зборот масакр
Одделни зборови добија нов набој по терористичките напади што ги изврши норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик во Осло и на островот Утоја.
Зборови како крваво, масакр, смртоносно и инферно сега мошне поретко се појавуваат во норвешкиот печат.
Во Финска партијата „Вистински Финци“, позната по своите критични ставови кон имигрантите, составила список на зборови кои политичарите повеќе не би требало да ги користат, како на пример, нигер (црнец), на фински „неекери“.
|