01.01.2012, 12:15 Првороденото бебе во 2012 во Скопје е женско
Првороденото бебе во 2012 година во Скопје е девојче, родено во 1 часот и 15 минути по полноќ во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Како што информира Центарот за управување со кризи, бебето е тешко 3 килограми и 640 грама и долго 52 сантиметри. Мајка е Ружица Јовановска (1974), на која новороденчето и е трето дете.
Мајката и бебето денеска во 13 часот ќе ги посети градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој на бебето ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни дарови.
|