20.01.2012, 18:21 Анализа
007
Радмила Шекеринска
Мартин и вистината станаа жртва на еден систем во кој насилството е лиценцирано, насилниците се заштитени
„Мартин не го убија еднаш. Го убиваат секој ден по таа страшна ноќ на плоштадот Македонија“ – резигнирано прозвучеа зборовите кои пред два дена ги кажа брат му Александар. Знам на што мислеше: на лагите кои систематски ги пласираа; на дозираните информации и заштитените „мечки“; на молкот на институциите... На убиството на вистината.
Ни Мартин ни вистината не настрадаа од раката на еден насилник. Тоа, едноставно, ќе беше невозможно. Мартин и вистината станаа жртва на еден систем во кој насилството е лиценцирано, насилниците се заштитени, а жртвите се колатерална штета: според системот, биле на погрешно место во погрешно време. Овој систем почива на моќ, сила и страв: моќта е кај властодршците, силата е на насилниците, а стравот... кај сите останати.
Од јуни (кога се случи убиството) до денес, системот спроведе три офанзиви. Првата заврши со трагичниот удар во глава на Мартин. Втората со опасниот молк на сите институции платени да не' штитат од такво насилство. Третата се' уште трае. Нејзината цел е амнезија. На сите нас. Ништо не паметам, ништо не прашувам, од ништо не се возбудувам – тоа е мантрата која ни се повторува преку екраните, преку изјавите, преку „добронамерните“ препораки. Зошто да трошам време на случај кој е веќе стар? Зошто да излезам на протест? Зошто да барам одговорност од институциите? Зошто да чувствувам сомилост и солидарност?
Првата офанзива го уби Мартин. Втората ги уби македонските институции. Третата сака да ја отепа нашата совест.
Немајте дилеми: „бедемот“ од невистини, замолчани сведоци и безмилосни „газди“ е многу силен. Изгледаше дека се рони во оние летни месеци кога стотици млади одеа, седеа, викаа, бараа, протестираа... и не се откажуваа. Но, му требаше само малку време да се „преформатира“ и да настапи со нова муниција: „Го имаме убиецот и ќе го дадеме како жртва. Но, не прашувајте зошто го криевме и немојте да поставувате дополнителни прашања“. И, системот се врати во игра.
Дали вреди за ова уште да се зборува? Како што рече еден колега: „Мартин веќе никој не може да го врати!“. Во право е. Но, може да ги спречиме секојдневните убиства на вистината и на совеста. Можеме да го спречиме молкот на институциите. Можеме да ги изведеме пред правдата виновниците... И така, само така, можеме да спасиме некој друг „Мартин“ или „Мартина“.
Со таа, можеби наивна надеж, ќе продолжам и јас да ги повторувам прашањата кои не заслужуваат молк. Ќе ги повторувам прашањата за кои не смее да има молк.
1. Каде исчезна и како се појави (фрлена во дворот на Нешкоски) личната карта на Мартин?
2. Кои се полицајците кои дозволиле граѓанин (па макар тој бил и нивен колега, иако, нели, не бил на работа) да се оддалечи од местото на кое лежи очигледно неподвижно лице со знаци на физичко насилство? Во која полиција ова е дозволено и возможно? На која обука и во кој правилник им е ова препорачано?
3. Како е возможно највисоките официјални лица на МВР да тврдат цели 24 часа дека ништо не се случило на плоштадот во центарот на Скопје? Кои се припадниците на МВР кои цели 24 часа не пријавиле мртво тело (божем сме Колумбија, па тоа е често и нормално)? Но, најчудно од се': како е возможно цели 24 часа МВР да не поднесе кривична пријава, па макар и за НН (непознат сторител)?
4. Каде исчезнаа сите камери, фотоапарати и снимки од центарот на Скопје? Кој притисна на „дилит“ на камерите на МВР, МЕПСО, кабелскиот оператор? Како е возможно за камерите попусто да плаќаме милиони евра од буџетот? Или тие служат за да видиме само кој не поминал на пешачки? Па, дури и сите тие камери со кои е „накитен“ плоштадот чудесно да откажале токму таа вечер и токму таму, како е возможно ниту една камера од државното обезбедување на власта да не снимила ама баш ништо? Како е возможно истите камери (со кои според закон по дефиниција се снима движењето на премиерот, кој бил на бината) во ниту секунда да не го имаат регистрирано Нешкоски и неговиот наводен обид да се качи на бината?
5. Како е возможно правилниците на МВР (во кои се дефинирани токму овие обврски на службеното обезбедување) да се недостапни за Судот!? Како е возможно нив да не ги побарал дури ни обвинителот? Како се објаснува тоа што ни судот нив не ги побарал (иако тоа се случува во одредени судски постапки)? Кога сум кај правилниците, ме интересира и кој правилник овозможил убиецот да стане полицаец, кога веќе психијатриското вештачење покажа дека се работи за насилна и нестабилна личност? Според кој „Устав и закон“? Според каков правилник? И најважно, според одлука на кој шеф – ваквите личности добиваат значка и оружје?
Одговорите на овие прашања сигурно не се државна тајна – но, така се третираат. Одговорите не се научна фантастика – но, така се претставуваат. Власта се одлучи за „уров“ техника: што подолго зборуваат, толку помалку кажуваат. Колку повеќе влегуваат во детали, толку полесно преминуваат преку „слонови“. Колку повеќе ја отвараат устата, толку пострашно ја прескокнуваат вистината!
Се игра на картата на кусо паметење. На картата на ниски температури и големи притисоци. Се игра на картата на рамнодушност кон туѓата загуба и болка.
Оваа година филмскиот Џејмс Бонд полни педесет години. Иако веќе средовечен, се' уште успешно ја носи својата дозвола 007. Се сеќавате, тоа беше „дозволата за убиство“ која англиската служба на моменти и му ја одземаше (поради казна или претпазливост). Интересно беше дека и таа голема служба, на прстите од две раце ги брои овие дозволи. Прашањето кое денес мора да си го поставиме – колку „дозволи за убиство“ поделило нашето МВР?
Животот не е филм. Ниту нашиот, ниту на нашите деца. Не е филм. Нема „враќање назад“. Нема реприза. Затоа, не смее да има ни молк. Ни рамнодушност. Ни заборав.
(Авторката е пратеничка и членка на СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 2592 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 21.01.2012 00:22:12 | Се игра на картата на кусо паметење. Na ovoj narod mu e mnogu tesko a i naporno da se seti sto bilo vcera, pa zatoa ovde so godini se igra na taa karta na kuso pamtenje. Uste ako se sluci nesto drugo spektakularno vo meguvreme, togas sansi nema barem nekoj da se seti sto bilo. Eve go najsvez primerot so potkupot vo telekomot. Poleka no sigurno ke se zaboravi. Zalosno e sto site ovie godini nekoj gi zivee lagodno na teret na narodot, a narodot nikako da se mu tekne sto mu pravat. Izgleda opium za narodot ne e veke religijata, nego politikata cije sveto trojstvo e vlast, sila, pari. |
| reforma, 21.01.2012 00:54:10 | SDSM me razocara,sakaat narodot da krene bunt i tie da sednat na vlast bez nikakov plan ili programa. ako nema protest ili opoziciono artikuliranje, lugeto go prepoznavaat rezimot kako edinstvena opcija za rabota i kariera...sakate vlast ili ke si uzivate kako profesori i pratenici? |
| USA, 21.01.2012 03:45:50 | Испуштивте да побарате одговорност од непознато лице што го нарачало убиството. Со тоа вашата сомничавост ќе биде комплетна. Бог да го прости Мартин. А,на вас, нека ви прости. |
| toni, 21.01.2012 08:05:55 | Gospogjo Sekerinska, imate kuso pamtenje za vremeto koga bevte na vlest. Setete se na slucajot Ace ciganot, na demoliranjeto na Hard rock klubot i na mnogu drugi nerazjasneti slicni situacii. Vi gi pratam nastapite poslednite nekolku neseci, preteruvate so napagjanjeto na vlasta i i se dodvoruvate na megjunarodnata zaednica so sto ja klevetite i Makedonija i i gi vlosuvate megjunardnite pozicii. Kolnete kako stara baba po se zivo isfrustrirana od faktot sto ne ste na vlast. A zosto ne se otkazete od parlamentot i pocnete da rabotete na strukata pa da vidime kako ke preziveete. Veke ste predolgo vo politikata. |
| Marioec od Azija, 21.01.2012 08:43:09 | Jovane vo pravo si,se igra na kartata na zaboravanje.Koga go spoman Telekomot zaboravi da go spomnes i potkupot so Roleks,Kuferceto so eden do dva milijona sto mu se nudese na Pocinatiot i postuvan i edinstveno cesen Gligorov,pa za Armijskite delovi za Okta,TAT,Domovi za zdravstvo,Carina i dr,(Ne se dobrojuvaat).A isto gospodjava zaboravi da ne potseti i na javnata likvidacija na Postarot,pa ze pomiluvanjeta na osudeni lica za kriminal.Za sto ni zboruva taa,za pravda mozebi?Koga imalo pravda vo Makedonija?Ce recete nebilo kako sega nikogas.Ne sekogas bilo isto samo vremeto si go pravelo svoeto,i minatoto sekogas ne ni bilo postrasno od segasnosta.Ce pomine i ova vreme,i pak ce velime kako sega nebilo,zatoa sto sme zaboravile kako ni bilo. |
| NG, 21.01.2012 09:42:59 | Анкетна комисија од Законодавниот Дом има овластувања да допринесе во откривање на вистината. Пратениците можат да допринесат да општеството во кое живееме биде совесно. |
| B. Betinski, 21.01.2012 09:46:49 | Vo opisot (mosne dobar) na strukturta i mehanikata na vlasta koja gi pretvora vo podanici lugjeto koi gi vladee nedostiga uste edna, mosne vazna komponenta. Osven mokta, silata i zastrasuvanjeto (Vie go vikate teror) treba da se dodadat i privilegite (potkup so drzavni, budzetski pari) preku rabotni mesta za sitnite svoi i mesteni tenderi za krupnite (finansiski ajkuli) koi, na toj nacin se vrzuvaat za elilatata na vlast. Tie privilegii se moderna verzija na toa sto Dostoevski go vikase cement na krvta, neophoden da se odrzuva vo zivot edna konspirativna struktura koja vo sekoj moment moze da se raspadne pod pritisok na sovesta (nikogas ne se znae koga i kaj kogo ke progovori taa sovest, koja moze odnatre da ja unisti strukturata). Drugoto e, isto taka, mnogu dovro opisano kaj Kami (lhomme revolte) koj veli deka e mnogu tenka (duri nepostojna) granicata megju silata i nasilstvoto (se razbira, na vlasta). |
| Vesna, 21.01.2012 10:33:39 | Radmila, site cestitki za tekstot! Fakti, logika, analiza na koi sto nema sto da se zameniri. Toa sto go pisuvate, toa e nasta visitna: molk, strav i nemok pred drzava-monstrum. Se prasavuvam veke so godini, sto uste treba da se sluci, za da posakame promeni? Zarem do tamu stigna nasata malodusnost, pa veke ne registrirame ni kriminal, ni sooucestva vo ubistva? Zarem tolku otapevme pa sme cori i slepi za politickiot nemorali od najopasen vid? Dozvolivme se sto pretstavuva DRZAVATA da klekne na kolena pred edna isfrustrirana licnost? Nesto seriozno ne e vo red so nas, so site nas... |
| BELI, 21.01.2012 12:02:50 | Dosta na molkot da mu kazeme ednas za sekogas na ulica na protest sekoj den i albancite i makedoncite zaedno so edna platforma.Ako sakat podobar zivot po kvalitetni politicari Ova e jedino resenie SDSMDPA=POBEDA.
Ako ova ne se napravi da zaboravat dvete parti deka nekogas ke bidat na vlast. |
| bitola troa skolovan, 21.01.2012 12:35:54 | Kako ne se sluci nisto spektakularno za da ovaj narod brzo zaboravi.Neli ja pustivme vo upotreba Portata Makedonija ,pa narodot e vo golema euforija sega se izrabotuva i cenovnikot za site mozni uslugi od poseta do vencavki.Ova e taman za antickite makedonci da zaboravat se ,a denesnite makedonci?????????? |
| Стариот Бате, 21.01.2012 12:48:09 | Како не ти е јасно, Грујо со овакви ли работи ќе се занимава. Тој во програмата нешто вакво нема предвидено, тој економија, демократија, стопанство, европски интеграции (само страната ја има заборавено), странски инвестиции, градби на музеи, споменици, упс тоа не е предвидено, но ете тоа го прави за развој на туризмот, по некој тендер и друго. А ти, пак бараш одговорност, но дали се запраша од кого бараш, имаат ли тие лична и колективна одговорност, чувство на припадност, искреност и чесност. Ајде патриоти, во напад, нападнат е системот и Гоца, брко. |
| Биљана, 21.01.2012 14:42:43 | Да не излезевме на првичниот протест уште на 6ти јуни спонтано организиран преку Твитер затоа што таму сведоците не можат да бидат замолчени, воопшто никогаш немаше да се дознае за ова. Веројатно Мартин ќе се овердозираше.. И највеќе од сè не ме боли медиумската хајка и разноразните етикетирања, туку наведнатите и свртените глави на нашите сограѓани кога покрај нив поминувавме и ги повикавме да ни се придружат. Од таа мизерија, страв и угнетеност во нивните погледи, а пред сè од нивната незаинтересираност ми се повраќаше.
Единствено што ми останува е да се надевам дека некогаш и ние големите македонци со текот на еволуцијата ќе добиеме кичма и нема веќе да биде толку мизерни бескичмењаци! |
| Димитар, 21.01.2012 14:50:58 | Присуствуав на протестот минатата недела...Станува јасно дека власта се обиде да го прикрие овој случај,т.е. да не одекне големо внимание во јавноста...Овој случај дефинитивно ја потврди неефикасноста на нашите институции,но и притисокот под кои подлежат истите(притисок од извршната власт).Сакам да реплицирам на еден коментар,во кој се вели за неактивноста на опозицијата,немањето протести и сл.Сакам да прашам:Каде беа граѓаните во понеделникот,кога имаше протест од братот на Нешковски?Да,тој не беше организиран од опозицијата но толку ли народот не е засегнат,толку ли е глув и незаинтересиран?Ете протест,каде се граѓаните?Стравот е посилен,од желбата за промени?Не е поентата само да се организира протест.На протестот треба да присуствуваат граѓани,кои ќе се обединат околу идејата за подобра Македонија. |
| milan, 21.01.2012 14:57:21 | Rado nastojuvajte aferite da ne zavrsuvat bez razresnica.Nastojte zakonodavniot dom da rasprava za tie prasanja.Pogotovo za telekomot.Sramota e sto se slucuva so partiziraniot sud.Na semejstvoto Neskovski da mu se pomogne pravdata da ja bara i preku megunarodnite sudovi.POZDRAV. |
| tane, 21.01.2012 16:47:48 | Ti Rada si za lider - cesna, iskrena, energicna, inteligentna. Toa fali na Makedonija. Manipulacija bese da te naznacat za lider vo vremeto na vrvot na populoizmot na Gruevski, pa potoa da kazaat deka mora da se vrati Branko. Branko e politicki mrtov. Grujo e sreken so nego. |
| Do Toni, 21.01.2012 23:59:43 | Tema e ubistvoto na Martin i zaedno so nego, prikrivanje na ubistvo, soucestvo vo zlostorstvo, lagi na pres konferencii, kompletno prodadeni sudii i sudstvo, strav kaj narodot-isto kako i kaj golem del od germancite vo vremeto na Hitler, pljackata vo 100 cekori. Samo da te potsetam bidejki zaluta malku.....ili nemas komentar za temata. |
| eks sdsmovec, 22.01.2012 05:35:48 | RADO,dpmne go zastituva svoeto clenstvo so vrabotuvanje i doskoluvanje[delenje diplomi]a vie koga bevte vlas,vasiot kriminal mislevte ke go maskirate glumeki cesnost vrz grbot na vasite clenovi[sitna raja-boranija]plus i gi oplackavte i direkno so stedilnicite,i sega preku sekoja afera na dpmne go vikate da vi pomogne da dojdite na vlas;ZOSTO,dali stvarno mislite deka narodot e tolku bezpresuden. |
| Ljubotan Trade Name, 22.01.2012 06:59:56 | Na Secerinska ,po malku i nedostasuva ;Sarkazma i kioozerija. Zaglavieto na Secerinska trebase da bide: Kadija te Tuzi,kadija Ti Sudi! |
| deko, 22.01.2012 10:09:27 | Se e ova ubavo napisano politicki mudro no da ne zaboravime deka koga sdsm bese na vlast imase okolu 20-ina neobjasneti ubistva ili kako vie sto gi vikavte samoubistva i se ova mi lici na golema demagogija.Narodot ne vi veruva od prosta pricina ve znae vas i sdsm deka utre da dojde na vlast ke se bavatite samo so sebesi i svoite biznisi,dodeka stigne narodot na red veke ke dojdat novi izbori.Dodeka sdsm cvrsto stoi na stavot deka MK treba da go smeni imeto,itn itn.nikogas nema da dojdete na vlast po pat na izbori-osven so puc.Vie ste edinstvena opozicija vo svet sto za vlast bi gi prodala najvisokite drzavni interesi.Ne moze da se pravite konstruktivni pred megunarodniot faktor so plukanje na sve sto e sveto Makedonsko. |
| Ајван Доктор®, 22.01.2012 10:29:18 | Основното прашање што не е расчистено е:што сè се случувало во периодот (повеќе)од два дена додека се криеше убиството!Не е одговорено кои докази се уништени во тој временски период!Зошто ВМНЛО молчеше за целиот настан?Што бара полицаец „без наредба“на обезбедување партиска прослава?Можеби поточно е дека пред нас е филмот „Маратонец“,а не „Лиценца за убивање“?Дали,кога и како ни се случило државната полиција да прерасне во партиска?Штом се работи за партиска творба,најодговорниот не е во МВР,туку во врвот на партијата и најстрашното—во врвот на државата!Ако е тоа така,а очигледно е дека е,што мислите—дали,и колку знаеле за настанот претседателот на државата и премиерот?Дали можеби наредбата за прикривање на ѕверското ликвидирање на младото момче не потекнува од таму,од главниот раководител на министерството?Ќе присуствуваме ли на уште едно случајно „самоубиство“во затворите?! |
| sime, 22.01.2012 11:07:17 | Milo mi e sto narodov poleka se osvestuva |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -1°C
|
Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
|