30.12.2011, 12:45 Подароци од ЕВН Македонија за социјално загрозени дечиња
ЕВН Македонија на 80 дечиња од центарот МИР во населбата Топаана им донираше новогодишни подароци. Децата се од социјално загрозени семејства на претшколска возраст и основци кои во центарот за дневен престој МИР ги изработуваат домашните задачи и се подготвуваат за настава.
Компанијата донира новогодишни подароци и за децата штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско – Струмица и Специјален завод за лица со посебни потреби - Демир Капија.
ЕВН Македонија ја поддржa и новогодишната хуманитарна акција на Црвениот крст „Да споделиме радост“. Со акцијата над 600 социјално загрозени дечиња од Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци, Гостивар и Кочани добија пакетчиња и новогодишни подароци.
Во организација на Црвениот Крст на Град Скопје, 200 дечиња кои не се опфатени од различни хуманитарни институции, имаа можност да присуствуваат на новогодишна претстава со Дедо Мраз и добија пакетчиња. Тоа се дечињата од домот за деца бездомници во Љубанци, Чичино село, деца од специјалното училиште за лица со оштетен слух и деца со вродени срцевосадови заболувања.
|