09.01.2012, 14:21 Расчистена смртта на тројцата мажи
Две самоубиства и смрт настаната од смрзнување се причините за смртта на тројцата мажи, чии тела беа пронајдени изминатиов викенд. Од МВР соопштија оти 52-годишниот Драги Н. од скопско Волково, чие тело беше пронајдено во саботата околу 11 часот, починал од смрзнување. Тој беше пријавен за исчезнат од петокот.
Љубиша М. (32) од Скопје, кој беше пронајден мртов во неделата околу 2,30 часот пред зграда на улицата „Бранислав Нушиќ“, починал откако скокнал од 5. кат на висококатницата, соопшти полицијата.
Истрагата покажа самоубиство и во случајот со 49-годишниот Стојче З. од Македонска Каменица, чиј труп завчераутро беше изваден од Калиманско Езеро. Тој во петокот утрото заминал со својот автомобил, а утредента возилото беше пронајдено во близина на браната на езерото. (Г.А.)
|