Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.01.2012, 11:19

Почина Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија

Погребот на Претседателот Глигоров ке се изврши утре на градските гробишта во Бутел во 12 часот во кругот на потесното семејство како негова желба

Соња Крамарска

Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија, почина во неделата вечер околу 22 часот. Имаше 94 години. Смртта се случи во неговиот дом на Водно, каде на гости му беа двете ќерки Донка и Лиле. Иако со ослабено здравје и драматично нарушена физичка кондиција, неговата смрт не беше очекувана за семејството. Тој, таа вечер, гледал телевизија, а ќерките постојано го нуделе со вода и сок. Тој рекол дека му се спие и дека ќе оди малку да дремне. Набргу потоа, семејството го нашло мртов.

Претседателот Глигоров пред десетина денови бил на лекување во скопската клиника, но бил пуштен дома. Неговите соработници од канцеларијата која ја одржуваше како поранешен претседател, редовно го посетуваа на Водно, како што велат, заради консултации. Последната средба била во петокот навечер, два дена пред смртта на Глигоров. „Наздравивме со шампањско и кавијар за новата 2012 година. Направивме заедничка фотографија. Претседателот беше во одлично расположение“, вели претставник на неговиот кабинет. Договорот бил штом ќе помине зимата и ќе се стопли времето, Глигоров да се врати во неговата канцеларија во Градскиот трговски центар.

Но иако Глигоров не го напушташе желбата за работа, неговата физичка кондиција беше многу ослабена. Тој едвај се движеше, односно одеше стапка по стапка. Одбиваше да носи бастун или други помагала. Смртта на сопругата Нада, го натажи и го повлече во осаменост која го забрза стареењето. Сепак неговата фигура остана исправена и покрај големите тешкотии при движењето.

„Утрински весник“ пред неколку дена се обиде да дојде до информации за здравствената состојба на господинот Глигоров, особено по гласините дека не е добар со здравјето и дека се наоѓа на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, но неговите блиски неволно зборуваа за тоа. Семејството сака и закопот на Глигоров да се одржи со најмал можен публицитет, иако тоа е невозможно за политичка легенда како што е тој, и високите функции што ги извршуваше во Македонија и во поранешна СФРЈ.

Глигоров веќе неколку години не одеше на консултации во Париз, каде редовно патуваше по операцијата на неговото око и на главата кои настрадаа при неговиот атентат во 1995 година. И покрај староста, ги прифаќаше поголемиот број на покани за присуство на државни настани, а неговото излегување во јавноста секогаш предизвикуваше внимание. Му приоѓаа луѓе, го прашуваа како е, го потсетуваа на нивното познанство. Глигоров никогаш не заборави ниту една личност со која имал соработка или близок контакт.

Во последно време, откако старечката немоќ станала видлива, тој одбегнувал да се појавува во јавноста, бидејќи, велат неговите блиски, му било непријатно да го гледаат неговите граѓани во таква состојба. Но умот го служеше до крај иако поголемиот дел од разговорот го водеше за минатато отколку за некакви идни случувања и прогнози.

Смртта на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров, одекна и дома и во регионот. Наши колеги велат дека им се јавиле колеги од сите соседни земји да прашаат дали веста е точна. Глигоров, без претерување може да се каже, е единствениот пост-југословенски и еден од ретките југословенски политичари од македонско етничко потекло, за кој се дозна и надвор од границите на нашата земја. Претседателот на САД Бил Клинтон во 1999, без заобиколување му рече дека Америка очекува тој да се кандидира за уште еден мандат за претседател на Македонија.

Глигоров до крајот на својот живот им остана верен на своите про-левичарски политички убедувања, и за тоа трпеше жестоки напади од десничарките кругови на земјата. Го напаѓаа за приемот н�� Македонија во ОН под референцата ПЈРМ или ФИРОМ, како и за Времената спогодба со Грција, иако како што може да се види и од извадокот на интервјуто што го даваме на нашите страници по повод на неговата смрт, договорот со Грција е всушност основата за денешната победа во Хаг.

Иако будно ги следеше политичките случувања и обвинувањата на негова сметка, Глигоров ниту еднаш не се вклучи со свои коментари или објаснувања.

Глигоров уште пред четири години во најтесен круг на свои пријатели и поддржувачи рекол дека сака неговиот закоп да помине скромно и без голема помпа. Тоа го ставил и како одредба во неговиот тестамент. Ќе биде погребан во Алејата на великаните, на местото каде што биле донесени пред седум години посмртните останки на неговите родители од Белград, а во ист ред со Михаило Апостолски, Крсте Црвенковски, Љупчо Арсов.

 

Првиот претседател на Независна Република Македонија, Киро Глигоров почина синоќа во сон во 95 година од животот. Информацијата утрово ја потврдија од Кабинетот на Глигоров.

Два мандата Беше претседател на самостојна Република Македонија во периодот кога се создаваше првата самостојна македонска држава. Во својата богата политичка кариера од политичар до државник извршуваше голем број функции во поранешна Југославија, но историјата го памети и како записничар на АСНОМ кога е оформена Федерална Македонија. Во 1996 година беше жртва на атентат кој и ден денес е голема енигма. Граѓаните на Македонија го сакаат својот прв претседател и со голема почит му приоѓаа секогаш кога беше во нивна близина.

Киро Глигоров е роден во Штип на 3 мај 1917-та. По Втората светска војна извршувал и голем број високи функции во Владата на СФР Југославија. Меѓудругите, бил и заменик претседател на Сојузната влада, како и секретар за финансии.

По пензионирањето Киро Глигоров беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател - „Македонија е сe што имаме“ (2001), „Атентат - ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции.

На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.

Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

Погребот на Претседателот Глигоров ке се изврши утре на градските гробишта во Бутел во 12 часот во кругот на потесното семејство како негова желба.


Статијата е прочитана 6308 пати.

Испрати коментар



Хрватите денеска одлучуваат дали сакаат во ЕУ
Учениците утре се враќаат на настава
Ховит - Европскиот парламент сака преговори со Македонија
Груевски - Грција купува време и не сака решение
Тетовци жртви на „докторска“ измама
СДСМ - Да се расчисти скандалот со поткуп на политичари
Сарачини-Ќириќ - Излез од кризата преку регионална соработка
Жозеп Дол - Почетокот на преговорите со Македонија не може вечно да се одложува
Јанез Јанша се поблиску до враќање на власт
Грција пред договор за отпишување долг од 100 милијарди евра
Две бомби експлодирале во двор во Сингелиќ
Атина и во Европската комисија се пожали за Вевчанскиот карневал
Саркози објави прекин на операциите во Авганистан
НАТО - Нападите, како денешниот, се изолирани случаи во Авганистан
Поддршка од Албанија за евроинтеграција на Македонија
Ердоган - Немам рак
Четворица француски војници од ИСАФ застрелани од авганистански војник
Албанскиот министер за одбрана во посета на Македонија
Оружен инцидент во Струга, двајца повредени
Жан Леонети - Европа нема да плаќа повеќе за Грција
„Вечерни новости“ - Се одлага референдумот во северно Косово
„Анонимни“ презеде одмазничка акција поради затворање на Megaupload.com
Сервер - Во Чикаго да се поправи неправдата кон Македонија од Букурешт
Сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ и НАТО
Јункер - Еврозоната е на границата на рецесијата
Одбележан празникот Водици во Скопје - крстот го фати Даниел Дончевски
Се топи поддршката за законите против пиратеријата, СОПА и ПИПА
Православните верници го слават Богојавление - Водици
Иванов му се пожали на Рикер за однесувањето на Грција
Зврлевски - Обвинителство ги презеде сите мерки во случајот Нешкоски
Средба на претседателот на СДСМ, Црвенковски со Рикер
Патниците на „Бритиш Ервејз“ биле известени дека нивниот авион паѓа
МОН препорача второто полугодие да почне во понеделник
Убиецот на Угриновска на психијатриско лекување
Битола функционира и на минус 25
Жбогар - Хрватско-словенечкиот спор ќе се реши до 2014
Данска ја поддржува евроинтеграцијата, но да се реши името
Православните верници утре го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици
Македонија по Турција со најголем раст од земјите канадидати за ЕУ
Унгарскиот премиер Орбан ќе отстапи пред барањата на Брисел
Штрајк на новинарите во Грција
Прекината потрагата по исчезнатите од „Коста Конкордија“
Камионџија прегази 29 луѓе на Хаити
Википедија, Гугл и Мајкрософт против законот за пиратерија
Последната рунда разговори за името во Њујорк без резултати
Филип Рикер во посета на Македонија
На Белата куќа фрлена чадна бомба, четворица уапсени
Во МАНУ пристигнале 37 предлог-кандидатури за нови академици
Над 70 патници на „Коста Конкордија“ ќе поднесат заедничка тужба
Поставен камен-темелник на плоштадот „Скендербег“
Скопјанец почина од струен удар
Македонскиот јазик е плод на контактот со други јазици
Половина милијарда Кинези на интернет
Хаварија во РЕК „Битола“
Грција на нов финансиски рентген
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од снег
Активните програми и мерки за 2012. ќе обезбедат 6.000 вработувања
Аукција за подароци на Николае Чаушеску
Во Турција поставен НАТО радар, Техеран се противи
„Википедија“ на англиски јазик утре нема да функционира
Во сообраќајна несреќа загина Вук Бошковиќ
Во Битола утрово измерени минус 27 степени
Рикер - Не може да има поделба на Косово, ниту промена на границите
Мартин Шулц избран за претседател на Европскиот парламент
Грција ги замрзнува преговорите и не сака посета на Нимиц на регионот
Извадено уште едно тело од бродот „Коста Конкордија“
Ромни - САД не треба да го спасуваат банкарскиот систем на Европа
Амбасадорот Стојановски останува во Австралија
Нимиц се сретна со Јолевски и Василакис, денеска нова рунда разговори
Калиопи на Евросонг со песната "Црно и бело" на Ромео Грил
Поларен студ ја приклешти Битола
Поларен студ ја приклешти Битола
Отруена 18-годишна девојка од Неготино
Бебето починало од премрзнатост
Даскаловиќ - Се спасивме благодарение на присебноста и снаодливоста
Љубе и Вранишковски цимери во „Идризово“
Капетанот сакал да направи услуга на член на екипажот
Повторно се бара партиципација кај матичен лекар од 50 денари
Јон Илиеску успешно опериран од полип на дебелото црево
Орнекол - Цел на ТАВ Холдинг е развивање на воздушниот сообраќај во Македонија
Иванов - Македонија е конструктивна во процесот на решавање на името
Интеграцијата на Македонија во ЕУ е заеднички стратешки интерес
Простување на долгот, најприфатливо решение за Тутунски
Протести во Букурешт - 59 повредени, 40 уапсени
Бензинот поскапува 1,5 денари, а дизелот 2,5 по литар
Шестмина велешани добија кривични за фалсификување пари
Италија предупредува на можна еколошка катастрофа
Путин ја повика руската опозиција на дијалог
Барние - Еврото ќе опстане и покрај кризата
Се подготвува атентат врз Борис Тадиќ
Македонија се претстави на Саемот за туризам во Утрехт
Пронајдено уште едно тело во „Коста Конкордија“
(ОБНОВЕНО) „Тигарот“ Спасов осуден на 14 години затвор
Неуспешен обид з�� атентат врз британски војник во Белфаст
Нова рунда разговори за името во Њујорк
Дора Бакојани нападната на островот Крит
Човечка грешка причина за насукување на бродот
Македонско семејство го преживеа бродоломот
Бесими е оптимист за членство во НАТО
Се преврте автомобил кој превезувал пациенти на дијализа во Штип
Иванов очекува напредок во евроинтеграциите во 2012
(ФОТО) Карневалска традиција - Боцкавата иронија на вевчанци
Луѓето во светот веруваат дека 2012 ќе биде подобра година
Снег, температури под нулата и северен ветер, најаву��а УХМР
Халк банка ги презема филијалите на Зираат во Македонија?
Телото на убиениот тетовец се уште е во Италија
ДУИ и ДПА спротиставени за употреба на албанскиот
Новинар од Македонско радио прогласен за кодош
На скопскиот аеродром запленета поголема количина мобилни телефони
Суфлерот на Викиликс оди на воен суд
Тепачка за имотот на Тито
Единаесетгодишен ученик се обидел да ја задави својата учителка
Водици неработен ден за православните верници
Хрватската Влада ги намалува привилегиите на хрватските функционери
(ОБНОВЕНО) Мртво бебе најдено во контејнер кај Универзална
Од банките во Грција повлечени 64 милијарди евра
Принцот Мајкл од Кент во работна посета на Македонија
Промовирана веб-страницата „Стоп педофилија“
Почнува Вевчанскиот карневал 2012
Двајца Македонци тешко повредени во сообраќајка во Италија
Филип Рикер во двонеделна посета на Западниот Балкан
Грција троши повеќе енергија за блокада на Македонија, отколку за разговори
Вранишковски останува во Идризово
Портата противуставна поради релјеф на Голема Македонија
Средба Ахмети - Волерс во седиштето на ДУИ во Тетово
Љубе Бошкоски бара да го префрлат во „Идризoво”
„Филип Втори“ и официјално закупувач со кирија од 75.000 евра
Преструктуриран менаџментот во Медиа Принт Македонија
Зградата на ЕП да се вика „Вацлав Хавел“
Словенија не го сака Зоран Јанковиќ
Зголемен бројот на туристите во Македонија
„Форд“ повлекува 490.000 возила поради дефекти
Денеска почнува Вевчанскиот карневал
Бизнис каталог за мали и средни претпријатија
Татко со стап му ја скршил главата на синот во Велес
Мајер - Грција останува на работ на банкрот
Мајка го пронашла мртвиот син во семејната куќа
Избрани девет финалисти во изборот за „Автомобил на годината“
Американски војници уринирале врз мртви талибанци
Се предвидува рецесија во Еврозоната
Во Косово по војната од мини загинале 114 лица
Земјотрес во Берово и Делчево
Единството приоритет на ЕУ во наредните месеци
Четири години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
СДСМ предлага објектот на МОБ да го носи името на Киро Глигоров
Штипјанецот го разнела бомба од Вторат�� светска војна
Собранието не прифати декриминализација на клеветата
Почина легендарниот КГБ-шпион Вартањан
Саудиец го продава синот на „Фејсбук“
„Коха диторе“ - Косово се соочува со проблем сo името
Од 6000 до 7000 евра казна за непријавен работник
Лизгање во „Борис Трајковски“ за само 20 денари
Меркел и Саркози не можат сами да ја спасат Европа
„Блиц“ - Тито немал вселенска програма
Две лица потешко повредени во сообраќајна несреќа кај Плетвар
Спречен атентат врз Тадиќ и Додик?!
Ивановиќ - Референдум во северниот дел на Косово е непотребен
Штипјанец заспал со цигара и изгорел
Неподвижна старица во Битола изгорела во пожар
Грција разгледува нова тактика по пресудата во Хаг
„Орка холдинг“ го потврди купувањето на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“
Искасапен маж пронајден во Штип
Рикер ќе не враќа на агендата на САД?
Попуст од 50 отсто за регистрирање фирма за студенти
Делегација на КФОР во посета на Генералштабот на АРМ
Пријавување на данок на имот до крајот на месецот
Гордон - Американските војници нема да се повлечат од Косово
Двојно поевтини лекови за болниците, но не се знае колку за пациентите
Собранието не го изгласа Предлог-законот за попис
Пензиските друштва ја намалија провизијата
Евакуирани 24 лица од ски центарот „Кожуф“
Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа
Вељаноски-Красниќи - Нема отворени прашања меѓу Македонија и Косово
ЕУ на 23 јануари ќе одлучува за ембаргото на иранската нафта
Тито им го продал на Американците патот до Месечината
Ставрески - И покрај кризата пензиите нема да се намалат
Во Русија за време на празниците загиналo 471 лице во 4.000 пожари
Трибуналот во Хаг го ослободи босанскиот Хрват Винко Мартиновиќ
Спикерката на РТС, Петра Цвијиќ прегази пешак
Претседателот на Собранието Вељаноски во официјална посета на Косово
Поранешната сопруга на Тадиќ, монахиња на Косово, избегнала средба со него
Мобилните телефони на „Ериксон“ заминуваат во историја
Педофили и клептомани се лица со посебни потреби во Грција
Продолжува расправата околу Предлог-законот за попис
Момче пукало во „опел“ и ранило четири лица
Мекнамара - Обама да ја внесе Македонија во НАТО
Меси трета година по ред ја освои „Златната топка“
ВАЦ ја продаде Медиа Принт Македонија на Орка Холдинг
Лековите ќе поевтинат од први февруари
Хрватите сакаат во ЕУ
Заглавените туристи на Кожуф се евакуираат со специјални возила
Стасуваат нови 68 двокатни автобуси
Игор Спасов - „Јас не го убив Мартин Нешкоски!“
Градоначалникот Трајановски го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“
Дел од патиштата се уште блокирани од снегот
Расчистена смртта на тројцата мажи
Анкета на „Павел Шатев“ - ВМРО-ДПМНЕ и натаму води
Рекордна невработеност во Шпанија
Полски воен обвинител се обиде да се самоубие за време на прес конференција
„Фолксваген“ во 2011 продал повеќе од осум милиони возила
Кумановци краделе во Гостивар
Две уметнички дела украдени од Националната галерија во Атина
Ја расекол со нож, па ја ограбил
Иран осуди на смрт американски маринец - „шпион на ЦИА“
Судбината на Грција ќе се решава во следните 60 дена
Собранието ќе ја продолжи 16. седница
Државниот врв на божикен ручек кај г.г. Стефан
Данска мошне штедлив претседавач со ЕУ
Саркози и Меркел ќе разговараат за воведување данок на финансиските трансакции
Македонија конструктивно ќе учествува во разговорите за името
Ограбен и запален домот на заменик министерот Сафет Незири
Времето облачно со повремени врнежи од дожд и снег
Во несреќа со балон на Нов Зеланд загинаа сите 11 лица
Воислав Шешељ пренесен во болница
Продолжуваат снежните врнежи во земјата, силен ветер во Скопје
Православните христијани го слават Рождеството Христово - Божик
Божикно обраќање на поглаварот Стефан до верниците
Сопругот на Јулија Тимошенко доби азил во Чешка
Македонија под снежна покривка
Прилепчанец повреден од заскитан куршум на коледарски оган
Алфите во декември привеле 235 лица
Одборот за прослава на Бадник го презеде кумството на скопското бадникување
Лагард не верува дека еврото ќе исчезне оваа година
Свечено отворена „Портата Македонија“
Државниот врв со честитки за Божик
Православните христијани го слават Бадник
Телеграми на сочуство од Наполитано и Вестервеле
Унгарија со Орбан ита кон банкрот
Божикна порака од поглаварот Стефан
Димитриев - Очекуваме прием во НАТО на самитот во Чикаго
Уште седум недели за нови лични карти и пасоши
Колеж во мексикански затвор
Минатата година ширум светот убиени 103 новинари
Пападимос - Грција е пред банкрот
„Сосиете Женерал“ укинува 1.580 работни места
Хрватите и Црногорците наскоро и официјално ќе станат малцинство на Косово
Сменет командирот на охридската полиција
Монти - Европа веќе не треба да стравува од Италија
Дилема - Дали масовниот убиец Брејвик е здрав или умоболен?
Најмалку 18 мртви во превртен автобус во Кина
Џалил - Либија се движи кон граѓанска војна
Вулканот Етна исфрла чад и лава
Словенците не може да формираат влада
Почина поранешниот пратеник Хисен Рамадани
Скопјани традиционално 20-ти пат заеднички ќе го прослават Бадник
Воздухот во Скопје и денеска нездрав - од утре дожд, снег и ветер
(ФОТО) „Леопарди“ на мисија во Авганистан
Двајца зеле поткуп од „Маѓар телеком“
Од стан во Скопје украден златен накит
Митрополит г. Петар - Лица што клеветеле не може да бидат свештенослужители
Убијците на младиот Лоренс осудени на 15 и 14 години затвор
Цаноски нема да ги обесштетува клиентите, ќе им изгради нови станови
Џеси Џексон - Расизмот се уште постои во Велика Британија
Јосиповиќ - Хрватска ќе и помогне на Црна Гора на патот кон ЕУ
Србин возел со 7,24 промили алкохол во крвта
Европската комисија поставува услов за новиот кредит за Грција
Грчки лекари пронашле 45.000 евра во облеката на една просјачка
Сарачини - Струјата нема да поевтини, граѓаните да ја штедат
Министерот Тодоров доби втор син
Американски снајперист кој убил 255 луѓе, не жали за нив
Јадранка Косор ќе се кандидира за лидер на ХДЗ
Воздухот во центарот на Скопје нездрав
Изгаснат пожарот во Тафталиџе, тројца повредени пожарникари
Нимиц закажа нови разговори за името
Сочувство за Глигоров од амбасадорите Волерс и Ивон
Државниот врв се запиша во книгата на жалост за Глигоров
Турција ќе ги обештети Курдите
Црвенковски - Глигоров беше архитект на независна Македонија
Саркози и Меркел го конкретизираат планот за излез од кризата
Италијанските парламентарци имаат највисоки плати во ЕУ
Крава предизвика трагична сообраќајка
(ФОТО) Киро Глигоров погребан во Алејата на великаните
Бензинот поскапува за 1,5, а дизелот за 0,5 денари
Иванов - Глигоров еден од протагонистите на независноста на Македонија
Македонка со 246 км/ч „леташе“ низ Хрватска
Папандреу опериран од циста на лицето
Телеграма со сочувство за Глигоров од албанскиот премиер Бериша
Бројот на азиланти од БиХ во Шведска зголемен за 700 отсто
Најмалку 13 загинати во сообраќајна несреќа во Кина
Бунт против Орбан во Унгарија
Клинтон со сочувство по повод смртта на Глигоров
Погребот на Киро Глигоров денеска во Алејата на великаните
Груевски - Делата на Глигоров ќе останат запишани во македонската историја
Утре ден на жалост по повод смртта на Киро Глигоров
Восочна фигура на Глигоров во Музејот на македонската борба
Порта „Македонија“ - прв објект за отворање во 2012 година
Смртни закани за идниот словенечки премиер
Папандреу - Европа мораше подобро да не штити
Ирска од денеска една година ќе претседава со ОБСЕ
Првороденото бебе во 2012 во Скопје е женско
Светот ја пречека Новата 2012 Година
Иванов - Македонија во 2012 влегува сигурна во себе
Добитници и губитници во турбулентната 2011
Јанкуловска доби „честитка“ од опозицијата
Рокот за замена на старите лични карти истекува на 27 февруари
САД го казнија „Дојче телеком“ поради корупција во Македонија
Струјата поскапува за 7,82, а парното за 10,73 и 10,87 проценти
Подароци од ЕВН Македонија за социјално загрозени дечиња
Експертите предвидуваат нова рецесија во ЕУ во 2012
Пак нов рок за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“
Усвоена Националната програма за прифаќање на правото на ЕУ, ревизија 2012
Русите во 2012 посакуваат подобро работно место
Салвадор Аљенде извршил самоубиство, случајот затворен
Планот на Ахтисари единствено решение за Косово
Почина напаѓачот од Петровец кој скокна од прозорец во Ургентен
Данска го презема претседавањето со ЕУ
Бадник неработен за православните, првиот ден на Божик за сите граѓани
Шојбле - Во 2012 година ќе се стабилизира еврозоната
Со „Купи куќа, купи стан“ дом за над 2.000 семејства
За Мехази приороитет рамковните вработувања
Утре снег, ведро и студено за Нова година
Премиере кога ќе го смените името?
По Нова година, тужби за хеликоптерската несреќа
Чевлар осуден на 15 години затвор за убиство на сопругата
Фондот за здравство со повеќе средства за лекови во 2012 година
Стартуваа градежните зафати за плоштадот „Скендер-бег“
Ристовски - За 180 места за ИТ програмери пријавени 1334 лица
Тенко обвинението за Манинг
Го хакираа „Њујорк тајмс“
Во Норвешка не се спомнува зборот масакр
Самоа го менува времето за еден ден
Син со тесла и ашов ги нападна родителите, по што проба да се самоубие
Верижен судир пред РЕК Битола
Груевски - Правиме максимални напори за решавање на името
Операторите од 1. јануари нема да го емитуваат ХТВ 1
Растот на економијата во 2012 ќе зависи од влијанијата на кризата во еврозоната
Скопјанец загинал во судир со автобус на ЈСП
Чавес со обвинувања до САД за „епидемија“ на рак
Во Пјонгјанг втор ден на жалост за Ким Јонг Ил
Царините просечно ќе паднат за 2,4 отсто
Тадиќ го помилува актерот Жарко Лаушевиќ
Македонија во 2012 со утврдена минимална плата
Џафери - Затворањето на хашките случаи најкрупен чекор во 2011
Маџовски - Tие што ги кршеле човековите права да не бидат на јавни функции



јас ( Прилеп), 02.01.2012 11:43:27
Вечна ти слава Претседателе !!
Violeta, 02.01.2012 11:46:59
So siot pochit kon Pretsedatelot Kiro Gligorov, golem drzhavnik i politichar koj Republika Makedonija ja vnese vo svetot na narodite.
Pocituvac, 02.01.2012 12:03:33
Pocivaj vo mir PRETSEDATELE
Zoran.golub, 02.01.2012 12:03:46
Neka ti e lesna crnata zemja, pocivaj vo mir. Gord sum sto te imav kako Pretsedatel na Republika Makedonija
Goranec, 02.01.2012 12:18:34
Slava mu i lesna mu zemja iako ne sum privrzanik na negovata Firomska politika.
risto, 02.01.2012 12:22:00
Pocivaj vo mir Pretsedatele. Makednija zagubi golem covek...
Caci, 02.01.2012 12:33:42
Lesna mu zemja, On toa go zasluzuva, a na semejstvoto iskreno socuvstvo. Se nadevam i pokraj negovata zelba, bi trebalo komemoracija za negoviot lik i delo da ima vo Sobranieto, toj go zasluzuva toa
komentator, 02.01.2012 12:46:12
Бог да го прости. Слава му! Поздрав Коментатор
mitko, 02.01.2012 12:49:46
Pokraj mnogute zaslugi za narodot i drzavata ja imate ispusteno najgolemata zasluga na prviot pretsedatel na RMakedonija ! A toa e: P J R M
Јовчевска, 02.01.2012 13:11:32
Ти благодарам за создавањето на Република Македонија. Слава ти, Претседателе
Lidija Prendzova,Veles, 02.01.2012 13:12:00
ZA MOJOT PRETSEDATEL,SAKAN I POCITUVAN ZASEKOGAS:Pocivaj vo mir,coveku so golemi srce i dusa,vistinski patriotu oddaden do kraj za podobra idnina na svojata drzava i narod,cija ostroumnost,diplomatiocnost,umerenost vo komunikaciite i covecki topol pristap so sekogo napravija da ostavite beleg na vecen nezaborav ne samo megju makedoncite.Mozat da ne ve sakaat i da bidat pakosni kon se sto go oznacuva vaseto delo,no ne mozat nikogas da vi ja odzemat pocitta sto so vasata pojava i nastap ,no pred se,so sekogas mudar spoj na zborovi i dela,sekogas bea ceneti sekade vo svetot.No,za nas sto ja imavme privilegijata licno da ve poznavame i bevme gordi na toa,toa e samo odraz na primitivizmot i podellbata na narodot so zadni nameri,na koi predupreduvavte dobronamerno.Pred Vas ke se poklonat site sto znaat sto znaci golem drzavnik.Toj epitet zasluzeno ke ostane sinonim za Kiro Gligorov,Prviot Pretsedatel na Republika Makedonija.Vi blagodaram za se sto napravivte za Makedonija!VECNA VI SLAVA!
S.Hahn, 02.01.2012 13:22:09
Neka mu e vecna slava
Alek, 02.01.2012 13:36:14
Bog da go prosti! Kolku i da go napadjaat patriotite, za sega, vo samostojna Makedonija eden edinstven vistinski politichar. Istorijata ce go potvrdi toa. Neka mu e vechna slava i fala.
bhc, 02.01.2012 13:50:02
NEKA TI E VECNA SLAVA G-DIN PRESEDATELE. POCIVAJ VO MIR.
пецо, 02.01.2012 14:00:09
нека почива во мир човекот кој го одживеа сонот на многу негови врсници и предходни дејци
Dragan, 02.01.2012 14:38:06
Blagodarnost za se sto napravi za Makjedonija. Vecna mu slava i neka pociva vo mir
Od Zivko, 02.01.2012 14:50:21
Pocivaj vo mir i vecna ti slava. Makedonija ce te pameti vecno kako prv pretsedatel i covek koj mnogo doprinese pri osamostojuvanjeto na nasata drzava.
Posleden pozdrav od Stuttgart, 02.01.2012 14:52:39
Pocivaj vo mir Pretsedatele. Vecna ti slava!
Vesna, 02.01.2012 14:53:17
Vecna ti slava Pretsedatele.Ti blagodarime sto ni bese prv pretsedatel.Tvoeto ime i spomenot na Tebe ke ostane dlaboko vo site nas. Pocivaj vo mir
jovan, 02.01.2012 15:30:34
Neka mu e vecna slava i vecno sekavanje na prviot Makedonski Pretcedatel. Vo vreminjata koga site divee niz Yugoslavia toj bese najmudriot politicar koj uspea Makedonija da ja prenese od stariot vo noviot sistem bez da bide ispalen ni eden kursum. Za toa ke ti bideme vecno blagodarni. Vecna ti slava.
Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија, 02.01.2012 15:39:22
Нека му е ВЕЧНА СЛАВА на поранешниот ПРЕДСЕДАТЕЛ НА мАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и втемелувач на ДРЖАВНОСТА ЗА ВРЕМЕ на ЗАСЕДАНИЕТО на АСНОМ ВО Македонскиот МАНАСТИР СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ. крсте поп-стефанија
ALEKSANDAR, 02.01.2012 15:49:54
POCIVAJ VO MIR MOJ SAKAN PRETSEDATELE NEKA TIE VECNA SLAVA.BOG DA TE PROSTI
dedo iljo, 02.01.2012 16:43:35
Vecna ti slava Pretsedatele!!! Me zgrozuva maliot broj na komentari za najgolemiot Makedonec na site vreminja.
Dimitar Vlahov, 02.01.2012 17:53:25
Nema zborovi, koi što možat da gi izrazuvaat čuvstvata za zaguba na edna legendarna ličnost. Makedonija mnogo gubi. Vo site ovie do sega viorni vreminja toj beše potkrepa za izbor na najpravilen možen izlez od tekovnite teškotii. Gubenje na takvi ličnosti e nenadomestlivo, oti mudar ubav zbor ne se sluša taka često. Neka mu e slava na izvonrednata ličnost, kakva e Kiro Gligorov.
od tatko mu na Aleksandar, 02.01.2012 18:11:04
Pocivaj vo mir,a socustvo za semeistvoto.Nie sekogas mu odavame pogolemo znacenje na nekogo sto go gubime.Toa e slucai i so vas zosto koga te imavme oci ti vadea onie istite sto bea do tabe kako bliski sorabotnici.Bese GOLEM i ostana GOLEM kako mu dolikuva na eden Makedonec. Pocivai vo mir i vecna ti slava.
tetovo-makedonija, 02.01.2012 18:19:16
Pocivaj vo mir,neka ti e vecna slava
Elena, 02.01.2012 18:22:11
Za sreca na RM, se stavi vo funkcija eden mudrec! Vecna slava za Kiro Gligorov!
goran, 02.01.2012 18:22:44
PRESEDATELE, vo mir
Zafir Hadzimanov, 02.01.2012 18:44:47
Da dadese gospod po eden Gligorov vo site eks republiki na eks Jugoslavija,sega EU od nas ke barase soveti i pomok za izlez od aktuelnava krizna sostojba. Dragi moj prijatele,predsedatele i gospodine Kiro, Hadzimanovi ke te nosat kako zname na najumnoto i najdobroto od Makedonija. Neka ti e vecna slava!
DG, 02.01.2012 19:07:21
Najsposoben makedonski političar na site vreminja! Neka mu e večna slava.
Ivan, 02.01.2012 19:07:37
Najogelemiot makedonski pretsedatel pocina. Pocivaj vo mir pretsedatele.
daniela, 02.01.2012 19:17:00
mnogu mi e zal.. pocivaj vo mir.. site politicari treba da se gordeat sto sorabotuvale so takva legenda, i da se vodat po negovite stapki i razmisluvanja.
olivera, 02.01.2012 19:22:29
So pocit i blagodarnost da go ispratim dostoinstveno nasiot prv pretsedatel, nasiot cenet i mudar prijatel, na negovoto posledno patuvanje. Neka mu e vecna slava i blagodarnost od site nas koi nemame rezervna drzava tuku samo ovaa edna negova i nasa Makedonija
От обичен българин, 02.01.2012 19:30:27
Бог да те прости и лесна ти земя! Отиде си на пристойна възраст, но некои преди ти помогнаха да си отидеш по-рано. И то тъкмо на теб, който от всички председатели на бившите Юго-републики успя да извоюва независимостта на своята република БЕЗ КРЪВ!
pameten, 02.01.2012 19:31:32
Bog da go prosti! Makedonija nema da bide istata.
od ostrijot, 02.01.2012 21:00:55
pocivaj vo mir predsedatele
jakim, 02.01.2012 23:54:24
vecna ti slava i lesna zemja predsedatele
Krste, 03.01.2012 00:11:38
Za mirot i tatkovinata dade povekje i popametno od bilo koj. Pocivaj vo mir i vecna ti slava.
Janakiev Nikola, 03.01.2012 00:21:08
Kole3.1.2012god. Nekoj pomalku,nekoj povise,site Makedonci go Sakavme Postuvavme.LEKAMU ZEMJA.
citac, 03.01.2012 00:23:58
Neka tie vecna slava g,Gligorov Gospod te pratil kaj nas vo MK toa e i sreka na cel MK.narod zasto si ne spasol od krvava vojna .Vojna koja ne sme ja izbegnale 1912 -1918 -1940,ama ovoj pat ja izbegnafme po tvoja zasluga .Ova e tocno zasto dodeka se vodea vojni vo SFRJ edno popladne poglednav vo neboto takvi boi nikogas ne sum videl i ova si go pomisliv ova gospod ni go praka kako poraka i si rekov nema da ima vojna kaj nas zasto nas vodac si ni ti g.Kiro.No koga se sluci atentatot nemav custvo deka ke ne ostavis znaev deka ke ostanes ziv ,znaev deka Gospod ke te spasi ,kako sto te spasi .No sega sum iznenaden od tvojata nenadejna smrt .Siguren sum deka si vo rajot moligo sega Gospoda tamu za da ja cuva Makedonija i nasiot nrod .Sega od rajot vidi koj ti go stori atentatot i koj ti bea tvoj a i nasi dusmani .Znam deka i od tamu ke ni pomagas no znam deka dobivme uste eden MK svetec .I treba da te proglasime za svetec nas MK.zastitnik.Neka ti e vecna slava AMIN.
Nuredin, 03.01.2012 02:09:33
Lesna mu zemja, On toa go zasluzuva, a na semejstvoto iskreno socuvstvo. Gordi sme sto te imavme kako Pretsedatel na Republika Makedonija. Vecna ti Slava Predsedatele...
Donka,Toronto, 03.01.2012 02:14:15
Pocivaj vo mir mil Predsedatele! So golema pocit ! Donka

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -6°C

Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |