29.12.2011, 10:43 Тадиќ го помилува актерот Жарко Лаушевиќ
Претседателот на Србија Борис Тадиќ го помилува актерот Жарко Лаушевиќ, јави Б92.
Лаушевиќ е жител на Србија, а претседателот Тадиќ одлуката за помилување ја донесе вчера.
Познатиот актер, кој моментално се наоѓа во Америка, неколку пати е осудуван за пречекорување при самоодбрана во пресметка во која загинаа двајца, а еден е повреден во 1993 година во кафулето „ЕПЛ“ во Подгорица.
Двапати е осуден на затворска казна од четири и пол години, а со последната пресуда изречена во Подгорица е осуден на 13 години затвор.
Комисијата за помилување на Србија во септември на претседателот Тадиќ му упати препорака за помилување на актерот.
|