18.01.2012, 12:12 Македонија по Турција со најголем раст од земјите канадидати за ЕУ
На прво место со најголем раст е Турција. Растот на Црна Гора е 2,7 отсто, во Србија 1,9 отсто, Хрватска 0,6 отсто, а за БиХ, Албанија и Косово нема податоци.
Македонија со три проценти раст на БДП во 2011 година е на второ место во најновата економска анализа на Европската комисија за земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ. На прво место со најголем раст е Турција. Растот на Црна Гора е 2,7 отсто, во Србија 1,9 отсто, Хрватска 0,6 отсто, а за БиХ, Албанија и Косово нема податоци.
Европската комисија во анализата, од која делови објавува српското издание на порталот ЕурАктив, оценува дека во Македонија, Хрватска, Косово и Србија, буџетите биле на курсот на официјално утврдените цели и планови. За сите држави се напоменува дека се отворени мал број нови работни места и дека невработеноста и натаму е висока. Причина за тоа, според анализата, се влошените услови во светот и ЕУ во однос на надворешната побарувачка и трговијата.
Буџетскиот дефицит за 2011 достигна во Македонија достигна 2,5 отсто, во Хрватска 5,5 отсто, а во Црна Гора 3,2 отсто.
Дефицитот на платниот биланс е зголемен во Албанија, БиХ и Србија, а во Хрватска е забележат суфицит од 0,4 отсто, додека висок дефицит од 20 отсто остана во Црна Гора.
Во земјите на Западен Балкан е забележано натамошен пад на инфлацијата, исклучувајќи ja Хрватска, иако растот на цените на мало во оваа земја е низок од 2,1 отсто.
|