Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
19.01.2012, 17:17

Си велам

Нова офанзива за името

Ерол Ризаов

Македонија страхува од себе да ја изнесе Грција на виделина

Дали влегуваме во нова дипломатска офанзива за симнување на грчката блокада за нашите евроатлански интеграции или повторно учествуваме во јалови политички маневри. Според она што допира до јавноста, и двете страни се обвинуваат меѓусебно дека се некооперативни и дека другиот е тој што не е подготвен за заеднички прифатливо решение за името на Република Македонија. И по последните средби на преговарачите Василакис и Јолевски со Нимиц во Њујорк, двете страни побрзаа да ја смират сопствената јавност со тоа што соопштија дека нема ништо ново. Разговорите на Филип Рикер со државниот врв на Македонија, овој пат како значаен функционер на Стејт департментот, кој одлично го знае проблемот, не и' понудија на јавноста ништо невообичаено и повеќе од добро познатите објаснувања дека членството во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ зависат од заедничкото решение кое треба со преговори да го најдат Грција и Македонија. Што значи тоа одамна знаат сите. Со други зборови, тоа значи дека решение нема и дека останува статус кво ситуација на наша штета.

Од друга страна, вкупните економско-политички состојби во Европа, соочување со нова кризна и неизвесна година, почнатата предизборна кампања и претседателските избори во Америка, блиски парламентарни избори во Грција со предвидлив исход да победат грчките патриоти и Самарас, сето тоа кажува дека мали се надежите за некаков позитивен исчекор, а речиси никакви за прифатливо решение од кое ќе бидат задоволни двете страни. Меѓутоа, во политиката се случуваат крупни работи кога најмалку и се очекуваат. Тогаш, најлесно се пребродуваат сите отпори кои се главната пречка за компромис, особено при тешки ирационални меѓудржавни спорови каков што Грција и' наметна на Македонија.

Дали овојпат има нешто што влева надеж дека тајната дипломатија подготвува пресврт и покрај црните облаци. Македонскиот премиер веќе јавно се изјасни дека е реалист и со голема доза на резигнација и со убави народни поговорки и' објасни на македонската јавност дека кај што има сила нема правда и дека големите сили се целосно незаинтересирани за решавање на проблемот. Македонскиот пат до ЕУ и до НАТО стана голгота, дозна едно утро нашиот премиер и стана реалист на изненадување на неговите поддржувачи и критичари. Поддржувачите ги фати јанsа дека, сепак, на повидок е „разумен компромис“, ако веќе нема излез и ако така мисли Груевски. А, критичарите се најдоа во небрано бидејќи популизмот на премиерот и неговите труби ги прогласија за предавници и грчки платеници иако со години го зборуваат истото што го кажа премиерот откако ја дозна вистината и стана реалист. Тоа ти е судбината на првите петли.

Во секој случај, тоа беа изненадувачки и невообичаени изјави на нашиот премиер особено на меѓународен план кога Америка и Европа се во нова дипломатска активност по којзнае кој пат да видат кој навистина го спречува процесот на договарање меѓу Грција и Македонија за заеднички прифатливо решение како што тврдат дека сакаат двете страни. Иако има десетици цврсти докази и аргументи дека Грција е таа која не сака никакво решение кое ќе овозможи Македонија да стане рамноправна членка на НАТО и ЕУ, па дури нема да го прифати ни сопствениот ултиматум за име со географска одредница, македонската политичка елита не изгради стратегија како тоа да му го презентира на светот само поради опасноста да не се загуби некој поен на домашен терен во битката за власт. И згора на тоа правиме глупави непотребни фаули, кои Грците ги добиваат како нарачка секогаш кога се во тесно пред притисокот на големите сили дека тие се главните виновници за блокираните преговори со Македонија. Некогаш тоа се тоните бронза за споменици на античките јунаци, некогаш имињата на стадионите и автопатот, аеродромот, некогаш античката архитектура и релјефите на Триумфалната порта, некогаш се тоа провокативни вербални популистички изјави на функционери, некогаш се веат знамиња од кои сме се откажале, а некогаш ја погребуваме Грција во карневалска пародија која на грчките шовинисти им е добредојдена. Се разбира, сите овие наши реакции на грчката ригидна политика не се суштина на проблемот, сепак тие пред светската јавност и пред големите сили ни нанесуваат непроценливи штети и се главна пречка да се лоцира Грција како единствен виновник за запрените евроатлански интеграции на Македонија.

Како може Грција да се изнесе на виделина пред светската јавност дека не прифаќа ниту едно решение, дури ни сопствениот ултиматум во врска со уставното име на Р. Македонија. Нашата стратегија, која ја немаме на ниво на парламент како заеднички консензус на сите релевантни политички партии, мора да почива на фактот дека навистина поддржуваме разумен компромис и заеднички прифатливо решение за името на Република Македонија. Тоа го прифаќа нашиот државен врв во разговори во четири очи, но не може тоа јавно и гласно да го соопшти. Веќе е сосема јасно на сите дека по пресудата на Меѓународниот суд на правдата Македонија прифаќа членство во НАТО и почнување на преговори со ЕУ со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија како што предвидува и Привремената спогодба. Исто така, јасно е преку изјавите на нашите највисоки државни функционери дека нема преговори за националниот идентитет и јазикот, што практично остава простор дека се подготвени за извесни промени на името за меѓународна употреба со некаква географска или поинаква додавка. Главниот проблем останува кога е во прашање употребата на уставното име дома. Македонската страна ако соопшти вакви ставови пред големите сили и пред Нимиц и ОН погласно и похрабро светот ќе го види вистинското лице на Грција, која веќе со Кипар направи слична светска измама. Позицијата на Македонија тогаш би била многу посилна отколку по Хашката пресуда. Несреќата е во тоа што популизмот на кој јаваше оваа влада и кој и' донесе повеќе изборни победи со наводно тврдиот став кон Грција и со потрагата по пославно античко минато толку длабоко навлезе во свеста на мнозинството граѓани што сега стануваат голема пречка за стратешки одлуки кои можат да бидат во прилог на Македонија.

Ако навистина сакаме да му покажеме на светот дека нема решение на проблемот само поради Грција и нејзината шовинистичка и националистичка политика кон еден сосед кој не преставува никаква опасност, тогаш тоа треба храбро да му го покажеме со тоа што сме подготвени со Грците да се сретнеме на половина пат. За тоа е неопходна бриселска гаранција оти Грците се' што ќе им понудите го присвојуваат како добиена позиција и почнуваат со нови барања. Половина пат за нас значи фер и изедначени позиции ако го отворат веднаш патот за членство во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ со референцата БЈР Македонија. Така би се деблокирале процесите за европеизација на Македонија. Од друга страна, нашиот дел од половината на патот би значел на денот на приемот во рамноправно членство во ЕУ, Македонија да ја прифати географската додавка на уставното име за употреба во меѓународната комуникација. Ако и по ова Македонија нема поддршка од големите сили, време е да си го бараме чарето.


Статијата е прочитана 2449 пати.

Испрати коментар



Паралелни светови во Владата
Политички здодевна 2012
Патриоти, право у Ниш!



Itar Pejo, 20.01.2012 00:18:04
Erole, ne se pravi naiven. Grcija, ne e toa nikakva rigidnost, bara Makedonija da se odkaze od teritorijalnite pretenzii i toa e se. Ama so postojanite vmrovski provokacii i petelenja, se potesko ce se dojde do resenie.
jovan, 20.01.2012 00:23:15
Ova so imeto veke preoga vo nesto kako ona ;sibicarenje; po hodnici i slepi ulici. Se poocigledno e deka tuka veke nema sto da se razgovara i pregovara. Ke dojdat nekoj novi vreminja vo koj ke se steknat nekoj drugi uslovi, promenat odnosite na silite vo svetot, pa togas ke ;pomuabetime; . Do togas ni ostanuva da cekame i da molime Boga da ne propadneme skroz. Inaku treba da si bideme svesni deka doprva ke propagame.
Eol, 20.01.2012 00:58:47
Erole, koga ti bi prifatil uslov da zivees vo Republika Makedonija ama da se prekrstis vo Rizaovski? Ili, Riza ako e pogramaticki? Ili, kje bides zadovolen sporot so prekrstuvanjeto neka si tece ama da ne te ekstradiraat? E, a za sporot so Grcija MAkedonija neka ja primat vo NATO pod BJRM pa kje vidis kako grcite kje oladat. A okolu Vevcani bi te razbral ako pogrebuvanjeto na Grcija bese sponzorirano, izvedeno, soopsteno... od Vladata. Vo sprotivno, imavme derenje na makedonski kozi na voeni paradi organizirani od grckata vlada!?
Predavnik, 20.01.2012 01:21:38
Kako da go smeni imeto, a da ostane realist i najgolem makedonski patriot, prashanje e sega. Ne se soglasuvam, no ja pochituvam odlukata na sobranieto ili voljata na narodot (referendum). Prepoznatlivo! E tokmu kako hashkite sluchaevi, taka i ova uspeshno ce go reshi. A potpisot ce bide na bate Horhe, negov ni pod razno. Herojski i mudro, nema shto!
Ljubotan Trade Name, 20.01.2012 04:13:56
jovan, 20.01.2012 00:23:15 @ Jovan Interesno R4askazuvanje ,,Ova so imeto veke preoga vo nesto kako ona ;sibicarenje; po hodnici i slepi ulici. Se poocigledno e deka tuka veke nema sto da se razgovara i pregovara. Ke dojdat nekoj novi vreminja vo koj ke se steknat nekoj drugi uslovi, promenat odnosite na silite vo svetot, pa togas ke ;pomuabetime; . Do togas ni ostanuva da cekame i da molime Boga da ne propadneme skroz. Inaku treba da si bideme svesni deka doprva ke propagame Jovane ! A, sto mislis,ako vetrovite pocnat da duvaat od Istok, mozebi ova ce go Razberes Pricasten !Tjelo Hristovo Primite Istocnika Bezsmertnago Vkusite, Eeee Jovane ,Mislis li,za Matusku povazno e Skopje il Sveta Gora?
nacional-patriot, 20.01.2012 07:02:20
Znaci uste ne ti e jasno Erole za realizmot,a jasno e deka ne ti e jasno i za reakciite na podrzuvacite i kriticarite na Gruevski.I tuka ne si razbral.Negovite podrzuvaci dobija potvrda deka nema da prifati dodavka,a na kriticarite i na predavnicite im stana dopolnitelno jasno deka nema da ima dogovor so omilenata im i sakanata im Atina.Zar ne gi slusas Erole izjavite i na ednite i na drugite?Vlasta ne prifakja dodavka na imeto na drzavata i zatoa go pocituva mislenjeto na ogromnoto mnozinstvo od narodot.Dokolku ne go pocituvase toa mislenje,vlasta ke kazese deka prifakja kompromis bez da go ferma mislenjeto na narodot kako sto pravi opozicijata.Zatoa vlasta e protiv dodavka na imeto,isto kako sto e protiv dodavka i za identitetot i jazikot.Tvojot predlog Erole deka Makedonija treba da prifati dodavka na prviot den vo EU e utopija i pokazuvanje slabost na Makedonija.Takva ideja e stapica i ohrabruvanje za neprijatelite da vrsat pritisok.Ni Ivanov ne potpisuva dodavka.Jasno komentaru?
Tina, 20.01.2012 07:39:09
Mi, svetot saka da si zivee vo Uforija. So lagi i nekoja si demokratska izmislotina na fer i pravda. mer tolku lesno vie se predavate na EU-Ovci? EU si ja skroji istorijata vo Balkanot, i sega sakat i nie da veruvame vo nijnta filozofija. Pa tolku Ulava ne sum. Site zemji sto ja okupirale Makedonija i Makedoncite, treba sega da ni se izvinat za zloto napraveno navrz nas. A posebni se lagite na istorija. Ako nie ne ja ucime nasata istorija po prav pat, nie ne sme po dobri od nih. Nasata deca ke ja ucat Evropskata laga (sto Grcite veke ja znajat) i nasite deca ke se cuvstvuvat kao Evropjani, ne kao Makedonci. I ke pejat kako Aleksandar ja prosiruval Grckata civilizacija. cekaj te malce, Grcka? pa civilizacija? Toa e smesno i zalno vo isto vreme. Moite deca i fnuci odbivat da ja ucat antickata istorija na Balkanot. Oti koga ke pocne predavanjeto, pocnuva so Grcija toa i Grcite taka. Jas sakam moja deca da bidat inteligentni. Site koji zboruvat za anticka Grcija, lazat.
Stipjanec, 20.01.2012 07:40:44
RAZUMEN KOMPROMIS-sto bese toa? Veke stana zdodevno, toa istoto go verglame so godini nanazad-Razumen kompromis? Pa luge, ova ne e Karn, pa ke si igrate trndupki, kazete ednas i na NAS i na SVETOT sto e toa Razumen Kompromis. Diplomatijata e seriozna i vesta rabota, vakvi eftini stosovi na pominuvaat vo Svetot. Moze uste so godini da se zaebavame, ama nie pak ke bideme taa e..na strana. Grcija ja kaza nejzinata CRVENA LINIJA, ajde bidete mazi pa kazete ja (ama direktno) Makedonskata Crvena linija. Za Bukurest site se pravat na TOSO, za predlogot na imeto so dodavka, za da si ostanat PATRIOTI. Imase edna TV-emisija za deca, koja se emituvase sekoja vecer pred spienje so: DECO JA NISAM GULA, DECO JA SAM GULA! Toa e otprilika nasata DIPLOMATIJA i NADVORESNA politika!
pameten, 20.01.2012 09:00:43
Eol: Erole, koga ti bi prifatil uslov da zivees vo Republika Makedonija ama da se prekrstis vo Rizaovski? Istoriski fakt e deka menuvanjeto na familiite im se sluchilo na monozinstvoto Makeodnci po 1944! Reshenieto na sporot za imeto odi preku prifakjaneto na istorijata, kakva shto bila: pred se faktot deka iminjata, identitetot, azbukata, jazikot na Makedoncite bile promeneti vo 20 vek. Ovo e ochigledno za strancite, no teshko za prifakjane doma. Reshenieto odi ne preku kompromis, toku preku katarzis!
Ангел, 20.01.2012 09:26:08
Моето мислење е субјективно,но мислам дека во пакетот е главниот проблем кој е нерешлив за двете страни,а тоа е егејското прашање.Не сватливо ми е игнорирањето на ова прашање во сите аналитички текстови за спорот со името.Проблемот добро го знаеш, а израснат со нас малку и го чувствуваш. Откажувањето од нас овде би значело погреб на било која политичка партија.До сега не сум прочитал добар и издржан текст во врска со егејското прашање во спорот за името. Поздрав,
milan, 20.01.2012 10:40:58
So vakva vlast i naivno nacionalisticko ludovanje nema na povidok resenie.Uporno na grcite topkata im ja dodavame i gi stavame vo pozicija tie da sutirat i da postignuvat pogodoci.Od druga strana na domasnata scena se berat populisticki poeni i se optuzuva opozicijata deka saka da go smeni imeto i identitetot.Kolku me drzi pametenjeto ne sum slusnal ni eden politicar od opozicijata koj bas decidno bi go smenil imeto.Treba konecno da razbereme resavackiot del od politickite zbidnuvanja go menandzira vlasta, a kako krenale rabotite, ke cekame samo bozja pomos.
Mudrec, 20.01.2012 11:10:16
Erol, i ti si od skolata na svitkani kicmi. Veke sme na pola pat so grcija, gi smenivme znameto i ustavot. Zosto bi popustale povekje koga grcija i do sega ne gi pocituva dogovorite? Glava gore, nema da vlezeme vo EU i NATO i pak zivotot ke ni bide ubav.
negotinec, 20.01.2012 11:11:32
Predlog za imeto Slobodna Makedonija Free Macedonia Mislam deka nie nemame problem so ova ime, a grcite treba da gi ubedime deka e razlicno od ustavnoto. PS: Ne sakam nagrada za kumstvoto :)
od ostrijot, 20.01.2012 11:38:36
da erole nova ofanziva so stara sodrzina i se kebide kako i dosega grcite nejkat a nije nesakame.
B. Betinski, 20.01.2012 11:45:12
Sepak, ima svetlo vo tunelot po prosta pricina sto nema tunel bez - svetlo. Mi se cini deka dijagnozata za populizmot koj sega dlaboko navlegol vo svesta, kako sto velite e, sekako preterana. Kako prvo, sekoe kolektivno odnesuvanje go proizveduva i programira nekoja politicka struktura za svoi pragmaticni celi (nacin kako da se osvoi vlast, a potoa i da se zadrzi kolku sto moze podolgo). Kako vtoro, kako sto e proizveden i programiran, taka moze da se eliminira ili dekonstruira od istata ili nekoja druga politicka struktura. Kako treto, toa ni nema nekoja vrska (uste pomalku - dlaboka!) so kolektivnoto odnesuvanje/svest. Vprocem, uste Lenin bese rekol: edna organizira grupa od desetmina e posilna od tolpa pd 100 000 lugje. Toa ne znaci drugo osven deka sekoj kolektiv igra po svirkata na politicka struktura na vlast. Koga ke prestane svirkata, prestanuva i igrata. Ottamu i kratkoto pametenje vo kolektivnoto odnesuvanje koe i odgovara na sekoja vlast, a ja nervira sekoja opozicija
Do Angel, 20.01.2012 11:47:32
Bez namera da navredam necii custva-Egejskote prasanje treba ednas za sekogas da se zatvori! Kako sto eden komentator pogore kaza-OTKAZUVANJE OD TERITORIJALNITE PRETENZII KON GRCIJA OFICIJALNO DA SE OBJAVI! I uste nesto-vladeackava(egejska) garnitura, zaradi licnite traumi-razbirlivi no stetni za nacionalnite interesi- NE E VO SOSTOJBA DA DOJDE DO KOMPROMIS A TOA KE BIDE POGUBNO ZA DRZAVAVA!p.s. Riker ni kaza deka Haskata presuda e sosema nebitna za NATO-kraj na zalazuvanjata...
Ce ja goltneme najlosata knedla, 20.01.2012 12:05:43
Erole! ne znam dali onaj realizam koj trogatelno go iskazuvase Premierot bese iskren ili prinuddno iznuden posle onie zapleskuvanja od ssite strani( SAD, EU, Fule, Riker i dr)No za zal onaa anticka groznica e premnogu rasirena kako epidemija , a tie epidemii tesko se sovladauvaat. Eve se dodeka imeme onakvi kako Tina, ili pak onaj Angele, koja eve saka da go resava egejskoto prasanje i se peat onie pesni . Da ne slucajno saka Grcite da se soglasat da ni gi vratat Lerin, Voden , Kostur Kukus , a zoste ne i Solun. i se peat pesni: nase ce bide Solunsko pole?! E se do togas ce imame problemi i prasanjetio nema da se resina povolen nacin za nas. Naprotiv bidejci odime so inaet i glava vo zid ce ni nametnat mnogu ponep[ovolno resenie, koe ce morame da go progoltame, kako knedla.
od doma, 20.01.2012 12:59:17
Mnogumina kaj nas, se custvuvata ednostavno MAKEDONCI; niti anticki, niti slovnski, no site nie sakame, imeto Makedonija da ni bide socuvano. Da receme deka e ubavo ( ako ne i sosema umno), sto drzavniot vrv tvrdoglavo, ne sakan ni dodvaka ni pridavka kako sto toa ni go sugeriraat i Brisel i USA.No, od druga strana, DOZVOLUVA( velat pod sugestija na EU, a sto ne e tocno), na mnogumina da ni go menuvaat pravopisot na nasite LICNI minja.Vakvo iskustvo immaat site koi za nesrekja imaat vo iminjata nekoe DZ koe deneska MORA da se pretvori vo DJ ili nekoe IC, kakov e i mojot slucaj. Duri mi e receno deka gresno sme zavele koga deteto e rodeno!!Akosa- kam na mesto DJ, da go pisuvam imeto so DZ, TREBE da zemam pasosh kako da sum ALBANEC!!(sic)Znaci, vo tatkovinata silum me teraat dasi go promenam imeto kako sto toa mi go pravea i Srbite i Bugarite! Togaj, zosto se cudime koga nekoj ni sugerira dodavka i na drzavata ni?Ili pak,pveke sakame da sme izolirani odsvetot od koj sme veke zaboraveni
Gragjanin, 20.01.2012 13:17:31
Analizata od urednikot-komentator spored mene e vo najgolem del dobra i za dobronamernite prav patokaz kako moze da se razresi ovoj galimatijas so izvesen opsto prifatliv kompromis na dvete strani, no i site drugi koi kumuvaat vo ovoj maratonski proces na iscrpuvanje, a na nasa steta. Ona sto mislam deka ostanuva tesko reslivo e polovinata pat koj nekoj!? .. treba da go izodi, a toa e da ni bidat otvoreni vratite za vlez vo NATO i zapo;nuvanje pregovori so EU, taka sto napolno se soglasuvam so avtorot deka ako tuka ne pritisnat golemite sili, navistina treba da si go barame careto........
xavid, 20.01.2012 13:37:08
Se slusas li be ti sto zapisuvas na toa listot pred da objavis:GRCKITE PATRIOTI I SAMARAS,koi jadni patrioti te spopadnale ako se tie patrioti jas sum sultan Murat.
seirdzija, 20.01.2012 13:43:13
Sekako najteskiot teg na vlasta na kantarot na nejzinata (ne)odgovornost.Uste vo Bukurest se vide deka vlasta so politika i riba i devojka moze da pomine samo u MKD,pa i pored ogromnata podrska sto ja imavme od USA uspeja da upropasti se sto bese postignato do toj datumZatoa i od toj datum Makedonija tivko tone zaglavena vo ziviot pesok koj nosi ime DPMNE,nosena na kriljata na eftin i lazen patriotizam so kontrola na mediumskiot prostor.Inaku jas seuste se nadevam deka nekoj novinar ke postavi prasanje kako toa vnuk na grcki naroden heroj moze da bide Makedonski patriot???Ne mi e jasno zosto toj FAKT go premolcuva opozicijata???
Внимателен читател, 20.01.2012 13:58:35
Чудно ги нема најголемите бранители на името. Изгледа текстот му се допаднал на новоосознаениот реалист. Центарот за коминкации на најпатриотската партија ја менува тактиката. Денес поважна задача е да се набеди опозицијата дека е против нашиот голем успех во Ниш. Сироти не се свесни колкава штета со тоа и нанесуваат на Македонија. Нова раздор и нова омраза. Браво патриоти. А за името како ке каже Вождот.
lisa, 20.01.2012 14:27:59
navredlivi se site komentari deka egejskoto prasanje e precka za resavanje problemot so ggrcija. A,zosto ne gi prasate grcite od koi pricini ni go osporuvaat naseto ime ,kakov problem im se egejcite i dali evropa isad se zagrizeni za pravata na makedoncite vo grcija?
Leonid, 20.01.2012 15:15:35
Очигледно дека влезот во НАТО и ЕУ како флоскула стануваат небулозни. Македонија не треба да прифати никаква промена на име заради влез во некакви воени сојузи и сојузи на држави. Ако самите не си ги решиме проблемите никој од надвор нема да ни ги реши.
BitolaHamiltonCanada, 20.01.2012 22:00:32
Nova ofanziva Erole pod navodnici.Ovoj novokomponiraniot-povtorno roden realist-nitu pravel pa nitu ke pravi ofanziva za imeto.Toj si zivee vo svoja sopstvena realnost.Negava realnost se spomenici i porti.Mu fali ushte piramida dasi izgradi.Sega ke trgni vo ofanziva da si izgradi edna. Faraonceto saka da odi na onoj svet kako mumija. Negovata realnost mu veli deka si zasluzil da bide mumija. Koj ke go zeme so sebe????? Portokalite so isprani mozoci !!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Снег
Макс: -1°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |