-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Се нервирате од повеќе причини. Парите доцнат, па почнувате да се плашите од конечниот исход. Бесот го исфрлате на најблиските и на околината. Главата горе - за ден-два ќе имате и некој денар повеќе. Настојувајте со арогантното однесување да не ја влошите хармоничната семејна ситуација.



Бик

Додека вие се занимававте со сопствените маки, партнерот се отргна од контрола и се обиде да најде утеха. Затоа се можни разочарувања на емотивен план, но и впуштање во нова страсна врска. Се' добивате според заслугите. Да се надеваме дека нема да го извлечете подебелиот крај.



Близнаци

Близнаците ќе бидат изненадени од болест која може ќе им ги расипе плановите, па треба да се чувате. Бидете понастрана и од насилство, законски измами, расправии... Причината за вашата неможност да ги направите работите е субјективноста. Променете го ставот.



Рак

Функционирате под дејство на силно изразена интуиција. Внатрешниот глас до сега не ве изневерил, па се надеваме дека ниту во иднина нема да ве изневери. Се' што е врзано за фикција, духовно пронаоѓање и контакти засега е крунисано со успех. Внимавајте на финансиите.



Лав

Застоите се предизвикани од повисоки околности. Не се надевавте, па сте незадоволни. Не умеете да молчите и да трпите, туку бучно го покажувате своето незадоволство. Штом нештата ќе тргнат кон добро, помали сте од зрно. Тоа посебно се однесува на парите.



Девица

Клучниот збор на денот е љубов. Самите најдобро знаете што е во прашање: расчистивте се' што ви е натрупано, па сега сте на седмо небо. Ве очекува и успешна трансакција, а и финансиска добивка. Среќата обично оди во комплет, со што може да се објасни денешната состојба.



Терезија

Бидејќи фантазијата е изразена, не стоите цврсто на земја. На успех се надеваат во сферата на уметноста и во сите работи кои бараат креативност. Што се однесува до материјалната ситуација и практичната страна на животот, таа е до некаде загрозена, поради нереална процена.



Скорпија

Вие сте чувствителни на проблемите врзани за деца, љубов и разни интереси. Место да се нервирате, свртете се кон креативната работа, таленти имате повеќе одошто ви е потребно. Нема потреба да ја удирате главата зашто децата не завршиле некои банални обврски.



Стрелец

Незадоволни сте од развојот на случувањата, бегате во светот на фант��зии и идеали. Свртени сте кон далечни земји, па контактирате на телефон со некого во странство. Можно е и да отпатувате. На многу Стрелци ќе им се отворат поволни можности, а тука некаде се и парите.



Јарец

Сакате од се' да се откажете. Незадоволни сте, непостојани, со еден збор, вжештена глава. Вразумете се и сфатете дека ситуацијата е комплицирана, но и дека сте блиску до успехот. Не го исфрлајте на партнерот сиот гнев и бес. Тој не е крив, а и не е должен да ве трпи.



Водолија

Ви недостига трпение да се борите. Никој не е во состојба да ги задоволи вашите потреби. Не е ни чудо кога сте нескромни, а тоа посебно се однесува на женските припаднички на знакот. Сфатете дека многумина се наоѓаат во многу потешка ситуација од вашата.



Риби

Свртени сте кон работата и здравјето, па ги решавате проблемите на тие животни планови. Истрајувате кога имате цел, така што се' се одвива полека, но сигурно. Новите деловни идеи бараат трпение, а вие го имате на претек. Навикнавте низ животот да одите два чекора понапред.





„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 18°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 4°C

Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |