02.01.2012, 12:02 Смртни закани за идниот словенечки премиер
Словенечката полиција одлучи да воведе посебни мерки за заштита на градоначалникот на Љубљана и најверојатно новиот словенечки премиер Зоран Јанковиќ откако неговото семејство добило смртни закани, објави Дневник.
Полицијата не даде детали на кој начин ќе го штити Јанковиќ, но како што објави весникот, ќе се следи неговото движење за време на новогодишните празници.
Јанковиќ не е единствената политичка личност која доби смртни закани откако Словенечката демократска партија на Јанез Јанша постави на својот сајт погрдни коментари дека тој победил на изборите благодарение на гласовите на несловенечката заедница која била "приморана да гласа за него".
Весникот ги поврзува заканите со негативната кампања која беше водена против него пред и по изборите, а во која анонимни поединци го прикажуваа како политичар-тајкун за кого гласале "новите" словенечки државјани од поранешните ју-републики.
|