30.12.2011, 11:34 Салвадор Аљенде извршил самоубиство, случајот затворен
Судијата во Чиле го затвори случајот за околностите за смртта на Салвадор Аљенде, откако со аутопсија е потврдено дека поранешниот претседател извршил самоубиство.
Меѓународниот тим експерти, заедно со судијата Мариа Кароса, утврдија дека Аљенде се самоубил со пушка „АК-47“, додека траел нападот врз претседателската палата за време на државниот удар во 1973 година.
Кароса ја отфрли можноста некој од војниците или телохранителите да испукал смртоносни куршуми.
По државниот удар уследи 17 години воено владеење на генералот Пиноче. Во тој период над 3.000 лица се убиени или исчезнати во акциите на војската, додека илјадници се затворени или мачени.
|