29.12.2011, 14:25 Самоа го менува времето за еден ден
Островската држава Самоа која се наоѓа во јужниот дел од Пацификот, оди напред еден ден за да го усогласи времето со времето на главните трговски партнери.
На полноќ, денеска 29 декември 2011 година, четврток, Самоа со население од 186 илјади луѓе, ќе мине во 31 декември, сабота. Датумот 30 декември 2011, едноставно, ќе исчезне оваа година од календарот на државата.
Со тоа се коригира акт од пред 119 години кога американски трговци ги убедиле локалните власти да го сменат календарот (еден ден наназад) за да влезат во временска зона заедно до Американска Самоа.
|