30.12.2011, 11:36 Русите во 2012 посакуваат подобро работно место
Годината која изминува за мнозинството Руси била во суштина позитивна, е заклучок во анкетата на „HeadHunter“ според која 19 отсто може да се пофалат со позитивни промени во работата и кариерата, 27 отсто добиле зголемување на платите, а 15 отсто напредувале во кариерата.
За осум отсто испитаници 2011 била „лоша“ година, а за уште 15 отсто воглавно со негативни случувања на работа и во кариерата.
Без работа или скратување 2011 ја доживеале 22 отсто анкетирани, а секој петти (20 отсто) не бил платен по заслуга.
Годината која изминува не донела никакви промени на работа за 21 отсто анкетирани.
Мнозинство Руси сметаат во следната година ќе најдат подобра работа (76 отсто), 39 отсто се надеваат на поголема плата, а 23 отсто очекуваат напредување во кариерата.
Само еден отсто се песимистички расположени и не очекуваат ништо во следната работна година. Со раст на плата може да се пофалат 27 отсто анкетирани, со професионално напредување 19 отсто и напредување со повисока функција 15 отсто.
|