29.12.2011, 10:48 Царините просечно ќе паднат за 2,4 отсто
Царините кај повеќе стоки од 1 јануари 2012 година паѓаат од 8,9 отсто на 6,5 проценти. Намалувањето е согласно преземените обврски од Протоколот за пристапување на Република Македонија кон Светската трговска организација и воедно е последно намалување по овој основ.
Намалување ќе има кај течните сапуни, површинско активни препарати, детергенти и некои производи од пластични маси, како цевки, фолии, покривки за подови од пластични маси и различни затворувачи.
Наредната година ќе се намалат царините и на стотици производи за поддршка на индустријата. Законот за изменување и дополнување на Законот за царинска тарифа е во собраниска процедура, со кој ќе се намали или укинат царинските стапки на поголема група на стоки пред се на саден и семенски материјал за земјоделство и репроматеријали за прехранбената индустрија. Меѓу нив е намалување на царината на белиот шеќер од 30 проценти на пет.
Во однос на либерализацијата со земјите со кои Република Македонија има склучено договори за слободна трговија, состојбата во 2012 година останува иста како и во 2011
|