05.01.2012, 11:21 Вулканот Етна исфрла чад и лава
Од вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија од вчера се издига густ чад, кој достига до 5.000 метри височина, што според вулканолозите, е показател дека вулканот се буди.
Иститутот за геофизика и вулканологија од градот Катанија соопшти дека од југоситочната страна на кратерот на Етна е забележано и истекување на лава, која се движи кон местото Вале дел Бове.
Според Институтот, од минатата ноќ е забележана зголемена активност на вулканот, но досега во регионот околу Етна не се регистирани земјотреси.
Локалните власти во Катанија формираа кризен штаб кој ја следи состојбата со Етна и подготвува планови за евентуална евакуација на населението. Собраќајот на аеродормот во Катанија засега се одвива без проблеми.
|