05.01.2012, 11:13 Почина екс-пратеникот Хисен Рамадани
На 79-годишна возраст вчера почина Хисен Рамадани, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија.
Рамадани дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Се занимавал со просветна дејност. Во својата политичка кариера бил пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, како и потпретседател на Извршниот совет на СРМ.
По осамостојувањето на Македонија бил член на Демократскиот сојуз на Албанците и во два мандата пратеник во Собранието на Република Македонија.
Рамадани ќе биде погребан денеска во 14:30 часот на Градските гробишта во Бутел.
|