23.01.2012, 19:05 Антипод
Инает со Иран
Димитар Чулев
Оние што ги сакаат теориите на заговор ќе речат дека како што Втората светска војна го извлече светот од Големата депресија, сега глобалистички лидери со маска на банкари, политичари, економисти бараат нова војна
Кога пред три години Барак Обама прими официјална честитка за инаугурација од иранскиот претседател Ахмединеџад, аналитичарите видоа златна можност за затоплување на односите со Иран по 30-годишна отворена студена војна. Тоа беше преседан што не се случил откако администрацијата на Џими Картер во 1980 година ги прекина односите со Исламската Република по „револуцијата“ на ајатолахот Хомеини во 1979 година.
Почетоците ветуваа. Обама уште во предизборието вети отворање дијалог со Иран без предуслови, почитувајќи го мислењето на истакнати американски експерти, академици и амбасадори кои побараа САД да ги напуштат повиците за смена на власта во Техеран и да почнат со долгорочна стратегија која ќе му обезбеди на Иран – „место на масата“.
Но, новата администрација во Вашингтон, како и онаа на Буш, остана загрижена околу иранската нуклеарна програма за која се смета дека, всушност, е проект со кој Техеран би го засилил својот воен арсенал и со атомска бомба. Иран смета дека има суверено право да одлучува што ќе прави на својата територија, но атомска бомба во раце на „нервозниот“ Ахмединеџад, кој бара бришење на Израел од блискоисточната карта, никогаш не бил гарант за стабилизирање на овој дел од светот. Но, битно беше двете страни најавија дека ќе ја напуштат жестоката реторика во која едната страна беше дел од „оската на злото“, а другата „голема Сатана“.
За жал, три години подоцна, работите се свртеа во обратен правец, а во изминатите недели дојдоа до драматична точка: Иран се закани со блокада на Ормуската Теснина, а Американците го испратија во Арапско Море носачот на авиони „Абрахам Линколн“.
Но, колку реално попустлив можеше да биде новиот американски претседател. Некои аналитичари сметаат дека во таборот на американските демократи на Иран не му забораваат дека токму Исламската револуцијата на Хомеини од 1979 година и заземањето на американската амбасада во Техеран (во која 52 заложници беа држени цели 444 дена) беше причина за уништениот претседателски мандат на Џими Картер. По губењето на изборите, демократите беа надвор од Белата куќа цели 12 години...
Но, има многу горчина и на страна на Иранците. Зад непријателскиот став кон САД и барањето на Ахмединеџад САД да се извинат за односот во изминатите 60 години, стои далечната 1953 година кога ЦИА по барање на американската и британската влада со „Операцијата Ајакс“ организираше државен удар за уривање на иранскиот премиер Мохамед Мосадек, политичар кој сакаше да ја национализира англо-иранската нафтена компанија (во тоа време најголема британска компанија). По успешниот удар и враќање на шахот Реза Пахлави во земјата, почнува период на „модернизација“ на Иран. Но, „вестернизацијата“ одеше премногу бргу и беше тешко сварлива за исламските конзервативци што резултираше со Исламската револуција есента 1979 година и со заложничката драма во американската амбасада, која почна на 4 ноември во организација на иранските „студенти“. САД и американските служби беа затечени, Картер одигра лошо кога во април 1980 година се обиде да ги извлече заложниците, при што загинаа осум американски војници. Администрацијата на Реган ја почитуваше одлуката на Картер со која на 7 април 1980 година беа прекинати сите дипломатски односи со Иран.
На 3 јули 1988 година, Американците по грешка урнаа ирански патнички авион над Ормуската Теснина. На летот 655 загинаа 290 цивили од кои 66 деца, а американските власти се обидоа да објаснат дека сметале оти авионот е воен и дека не одговарал на радиоповиците. Подоцна ќе се покаже дека цивилните авиони воопшто не користат воени фреквенции, а без многу врева САД во 1996 година исплатија 61.8 милиони долари на име компензација на семејствата на загинатите. Пролетта 2003 (кога почна и инвазијата во Ирак), официјален Техеран, наводно, тајно им понудил „голема спогодба“ на САД, која требаше да помогне во расчистувањето на „недоразбирањата“ меѓу Иран и САД, како што е поддршката за Хамас и Хезболах, шиитското влијание во Ирак, проблемот со нуклеарната програма на Иран...
Трита Парси, автор на книгата „Тајните договори на Израел, Иран и САД“, изнесува детали како пропаднала таа иранска понуда. „Чејни и Рамсфелд беа оние што осигураа Вашингтон да ја отфрли мајската понуда на Иран за почнување на нуклеарната програма, да го заузда Хезболах и да соработува против Ал Каеда“, ги пренесува авторот зборовите на Лоренс Вилкерсон, шеф на персоналот на тогашниот американски државен секретар, Колин Пауел.
Прашање е дали доколку поминеше таа спогодба, настаните на Блискиот Исток сега ќе имаа поинаков тек. Арапските земји, каде што до ланската Арапска пролет слободното дејствување на исламистите беше строго контролирано сега се вртат кон она што ајатолахот Хомеини им го понуди тоа уште во почетокот на 1980-тите: формирање „Алахови држави“ и тоа таму (Египет, Тунис) каде што организациите од типот на Муслиманското братство беа ставени во политичко „подземје“. Во Либија без Гадафи племенските судири се во тек и тоа многу личи на безвластието во Ирак. Некогашната социјалистичка џамахирија на „автократот“ Моамер се движи кон хаос.
Но, катаклизма ќе биде војна со Иран? Ниеден аналитичар, експерт, авторитет кој држи до себе не сака ни да претпостави кои би биле последиците. Поранешниот инспектор за оружје на Обединетите нации Ханс Бликс, кој се судри со американските власти во врска со војната во Ирак, вели дека се сомнева оти Вашингтон ќе го нападне Иран, првенствено поради замореноста на американскиот народ од воените авантури... Повеќето Американци не се за војна, но испитувањата покажуваат дека ќе поддржат војна со Иран ако тоа е она што е потребно да се запре Техеран од изградба на нуклеарна бомба.
Иако има сличности со ситуацијата во Ирак пред воената интервенција и актуелниот нуклеарен спор со Иран денес, проблем се „големите различности“: Ирак во 2003 година беше на колена. Меѓународната агенција за атомска енергија имаше над 700 проверки, но во Ирак не најдоа оружје за масовно уништување. Но, Иран под притисок може својата мирнодопска атомска агенда да ја сврти во воинствен правец. Паралелно, се создава амбиент дека изразито исламистичката држава каде што владее шеријатот и со која владее претседател кој сака да го збрише Израел од блискоисточната мапа е многу непредвидлив. Особено со атомска бомба.
Како што пренесоа медиумите деновиве, од Советот за безбедност во Kремљ тврдат дека „Израел ги турка Американците кон сценариото за воена ескалација на конфликтот. А соочени со воени акции против нив, не може да се отфрли можноста Иранците да ја спроведат својата закана за запирање на извозот на саудиската нафта низ Ормуската Теснина“.
Во САД постои стравување дека Израел, кој претходно бомбардираше цели во Ирак и во Сирија, би можел да притисне и на „атомското“ копче за напад на Иран. Иако никогаш не призна, јавна тајна е дека Израел има атомски боеви глави... Иран е потписник на Протоколот за неширење атомско оружје, Израел – не.
Московска „Независимаја газета“ пишува дека за годинава руската армија планира годишна вежба под наслов „Кавказ 2012“ која ќе била поголема од вообичаените и која ќе се базира на премисите на опасност од војна што би стартувала со напад на Иран... и која брзо би се раширила. Евентуална војна брзо би ескалирала надвор од контрола и голем дел од светот ќе се соочи со економска стагнација која ќе води кон бездна. Што ќе стори Обама?
Оние што ги сакаат теориите на заговор ќе речат дека како што Втората светска војна го извлече светот од Големата депресија, сега глобалистички лидери со маска на банкари, државници, политичари, економисти бараат нова војна... |
|
Статијата е прочитана 2289 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 24.01.2012 00:45:41 | Za ovaa vojna Americancite dobro se spremaat i ako izbie, za 10 dena ke go sramnat Iran. Problem e sto vo posledno vreme se vmesuva Rusija koja e spremna da im isporaca na Irancite sovremeno oruzje zaedno so RUSKA posada koe ke go upravuva. Togas loso im se pisuva na Amerite, t.e nema voopsto eftino da pominat. Zatoa ovoj period sega e period koga sekoj so sekogo se dogovara. Sto i da dogovorat najdebeliot kraj ke go izvlece Iran, t.e narodot na Iran, a i Izrael moze del od toj podebel kraj da izvlece. Rusija se dogovara okolu Sirija, kade sto ima svoja baza(tamu i ostana edinstvena baza vo stranstvo) i ako ja izgubat Sirija, gotovi se. Zatoa sega ke bide eden period na zatisje i konecno dogovaranje, pred da zapocne obracunot. |
| wow koj li vi gi polni glavite so ovie gluposti, 24.01.2012 02:40:34 | OD kaj gi citate ovie informacii pa da gi pravis ovie konekcii???Vtorata svetska VOJNA za da izleze amerika od recesija?? ucist ti istorija ili citas prikazni od ahmedizan ?
Znaes li ti deka vo iran zenite se kamenuvaat do smrt, znaes li deka mazite imaat list so mozni frizuri koj ako ne se sisaat taka ke odat vo zatvor. Sekoj den iran se zakanuva deka ke go izbrise izrael od mapa a isto i deka pola evropa ke bide muslimanska.
Vtorata svetska voja Bese pocnata od Nacionalizmot vo Germanija koj se zakanuvase deka ke gi iscisti site EVREI! Istoto sega se slucuva so IRAN. Ako sega nekoj ne gi sopre tesko na svetot koga ke pocnat da delat nuklearki na teroristite koga nikoj nema da bide siguren a i nie vo makedonija.
Za da izleze od recesija se pocnuva vojna?? nepismenjak se izleguva od recesija so investiranje vo research and development vo novi tehnologii kako sto e avtomobilot na struja kako sto e solarnata energija, kako sto e internetov i milion drugi inovacii |
| ? sto zboris ti?, 24.01.2012 04:22:11 | Vo amerika imase 17 recesii poslednive 90 godini so gluposti gi polnis makedonskite glavi? koj bi dozvolil amerika da odi vo vojna zaradi recisija? nieden zdrav razum ni vo evropa ni vo amerika ni vo azija!
Iran nikoj ne bi go zad, ako ne pravi nuklearno oruzje. Zar ti bi sakal da ima sekoja luda glava na zemjava nuklearka sto uste javno se zakanuva deka ke gi iscisti od mapa site neprijateli? Ja ne!
Amerika izleguva od recesija so novite inovacii kako iphone, facebook, google, avio industrija itn.. Kako sto se grizi amerika za coveckata rasa nikoj drug ne mrda prst. Jas rabotam na volonterski proekt so internet tehnolgijata gi educirame majkite vo afrika da se namali smrtnosta kaj decata, zemjodelcite kako da odleduvat pocva itn. Bill Gates fodnacijata pomaga za lekovi i edukacija. I uste eden kup fondacii. I mi se gadi koga ke procitam netocni artikli.
-citaj za 300 000 religiozni fanatici iranci so kuran sto odea protiv naoruzana vojskata na irak. -horor ziv se
|
| prasanje do avtorot, 24.01.2012 05:16:24 | Koj ima benefit od tenziite? Tie sto prodavaat nafta iran I rusija. Stalno koga ima tenzii cenata na nafta mnogu raste ako mozat oni bi ja dignale cenata na x 100 i ova e del od nivnata strategija da pravat tenzii a vo isto vreme da pustaat teorii za zagovor deka ustvari amerikancite se krivi. Ne amerikancite rabotat na proizvodtsvo na elektricni avtomobili I solarna energija za svetot da ne zavisi od ovie naftaski drzavi koj sakaat da go kontroliraat svetot so razni tezi za zagovor od bankarite.
Razmisli ubavo koj ima benefit ako cenata na nafta raste I posle pisuvaj. |
| nepismen, 24.01.2012 09:24:24 | Do WOW i STO ZBORIS TI .Toa ako ti rabotis na proekt za USA e tvoe.Ako ti si go gledas svojot zadnik toa e drugo.Ti ke kazes deka Jenkite se grizele za covekovata rasa.Pa,pa,pa.Nebare Ajnstajna go citam.Pcite na vojnite rabotat samo za svoi interesi.A ako ima golema vojna site ekonomii se mnozat so 0. Se dokaza deka USA sistemot e tapa.Sakas ekonomski,politicki,moralno,eticki,TAPA e covece.Kako se izleguvalo od recesija?So investiranje?A ti toa go gledas vo USA?E mora da si slepec.Izrael ima nuklearni glavi,pa nikoj ne go spomnuva.Svedoci sme na genocid od Izrael prema Palestina.Gi okupiraa i sega ovie so kamenja,a okupatorite so najsovremeno oruzje.Ajde?!Ubavo kazuvas za Germanija.E vo denesno vreme toa se tvoite mentori.Hitler imal mnogu istomislenici,ne mozel sam da napravi toa sto go napravi, neli?!Imal i intelektualci koi rabotele na proekti,ti teknuva?Go vladees angliskiot,ubavo.Pogledni gi Wake up call,Amerika freedom to fashizam,Butos family.Mozda ke sfatis nesto.Mozebi! |
| P.Petar, 24.01.2012 16:58:48 | Do site onie ISPLASENI od Iran za kogo mozam edinstveno da recam deka e edna od najstarite civilizacii na planetava! Ve molam procitajte sto e toa ILUMINATI,Bilderberg group,Bohemian grove,Novus ordo seclorum,sto predstavuva piramidata na amerikanskiot dolar,i togas ke vidite od kade duva veterot.Niv im se brza da go ostvarat toa sto go NAMISLILE !!! |
| Zacuden, 24.01.2012 17:03:45 | Dobra debata. A koj toa ratuva u Afganistan, u Irak, zosto pocna naednas Egipet tunis i koj ke kjari od naftata u Libija nemirite vo bogatata so nafta Nigerija. Ili toa taka slucajno demokratski se sluci. I koj celo vreme go plasi svetot so Sev koreja so Caves, so Kuba so Alkaedi i teroristi.
A ovoj sto gi uci zenite od Afrikada ne ragjale. E bravo be. Pred da ima nevladini kako tie jadni crnci se snaogjale se dodeka ne dojdoa kolonijalistite na safari tamu i po nivnoto bogatsvo |
| Objektiven, 24.01.2012 18:38:27 | Intelegencijata, tehnichkata opremenost, dobrata obuchenost i neiscrpnata logistichka podrshka se golemata prednost na zapadot. Posebno ako krenat i kopnenite sili, za den-dva Teheran e osvoen, isto kako i Bagdat svoevremeno. Ludje svatete, sila e toa so neverovatna borbena moc, odluchna da osvaja bez milost i pardon. Ne se zanesuvajte, ma kakov Iran, isto kako i Irak, Libija, Srbija,... Rusija si go gleda svojot interes, a ne da go brani Iran. Tie ne mrdnaa so mal prst za Srbija (shto e i normalno), pa Iran ce go branele. Vi se chudam na pametta. Nego ako ima seushte vreme i prostor, Ahmadinedzad da im udovoli na site baranja, pa i pupenje, vo sprotivno i tepanje i onadenje. A pravdta? A Hag? Na takvi prashanje moze Grujo da im odgovori, poshto Sadam, Milosh i Gadafi zaminaa na ekjskurzija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Облачно
|
Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -9°C
|
Петок
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
|