Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Хроника
08.01.2012, 18:04

Ги менуваат имињата за да немаат проблем со пасошите

Во изминатиот период стотици граѓани се одлучиле на ваков чекор за да избегнат проблеми при патување во странство

Даниела Трпчевска

Граѓаните ги менуваат имињата или презимињата само за да ги избегнат проблемите со транскрипцијата во новите патни исправи. Во изминатиот период, стотици граѓани се одлучиле на ваков чекор и поднеле барање до МВР за промена на името или презимето. Станува збор за македонски државјани кои живеат во странство, а во нивните имиња или презимиња ги содржат буквите Џ, Ќ, Ч, Ѓ, Ш, Њ, Љ, Ж и Ѕ. Курцшлус настанува и со нашинци кои имаат странски имиња. При вадењето на македонскиот пасоши, тие реагираат дека во Пасошко комплетно им го смениле идентитетот и со тоа им отвориле низа проблеми при патувањето, но и при подигнување пари во банка. 

Девет букви од мак��донската кирилска азбука прават голем курцшлус при латинската транскрипција во новите патни исправи. „Доколку името или презимето на граѓанинот ја содржи буквата Ж, таа во новите пасоши ќе се транскрибира како ZH. Исто така, буквата Ќ во латинска транскрипција станува КЈ, а Ш преминува во SH“, објаснуваат од МВР.

Со новата транскрипција имињата, а особено презимињата добиваат сосема нов лик. Ако во презимето или во името ја има буквата Ќ, тогаш според полициски превод во документот ќе се впише КЈ. Така Стевановиќ станува Stevanovikj, Милошевски преминува во Miloshevski...

Транскрипцијата на податоците во новите патни исправи, според надлежните во МВР, е согласно со меѓународните стандарди за цивилна воздушна пловидба, според стандардот ИКАО 9303. Овие правила се применуваат со години наназад, уште од воведувањето на двојазичните документи во земјава и нема најави дека тие би можеле да се коригираат или изменат во скоро време.

Проблем има и со латинските имиња на деца родени, пред се', во странство, кои при вадењето на македонскиот пасош, добиваат ново име во кирилска транскрипција. Проблемот е сериозен, бидејќи на тој начин им се отвораат низа сопки при патување во странство, каде што на тамошните гранични власти е тешко да се објасни дека Maximilian, кој е заведен во холандски или во германски документ, всушност, е истиот Максимилијан на кого му е издаден македонски пасош. Вистинска голгота низ Пасошко, како што дознаваме, преживуваат и дојденци од дијаспората кои во своите имиња ги имаат буквите Y или W. Бидејќи тие не се содржани во македонската азбука, буквата W најчесто се заведува како V, што автоматски значи и менување на идентитетот на граѓанинот. За да се избегнат вакви проблеми, вработени во Пасошко велат дека се бараат начини како да се впише името за да биде послично на оригиналот. Па, така во случајот во буквата W, солуција е пронајдена во испишување на две букви VV, што го решава барем приближно проблемот.

„Исто така, за букви што ги нема во македонската азбука, со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, им се нуди трета транскрипција во пасошите на некој на јазиците на народностите – албански, турски, српски, каде што ја има спорната буква. Тоа се прави со цел оригиналното име кое го бараат граѓаните да им биде внесено во документот“, објаснуваат во Пасошко. Така апликантите добиваат можност на пример буквата Џ да им биде запишана како DJ, X или DZ.

Во МВР немаат точна бројка на луѓе што ги смениле имињата или презимињата, но вработени во управните служби велат дека се' почесто се соочуваат со вакви барања од страна на граѓаните. „Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, донесено е и решение ваквата процедура за замена на личното име да се заврши најдоцна во рок од две недели за да можат граѓаните поскоро да ја започнат процедурата за замена на старите пасоши со нови биометриски“, велат надлежните во Управните служби на МВР.

Ваквите промени во земјава нема да направат проблем, но курцшлусот настанува при патување во странство. Поради ваквата збунувачка транскрипција при патување во странство, нашинци не можеле да подигнат пари од банка, да платат хотел, или се соочиле со големи проблеми на граница.

„Бев подготвен да го сменам презимето, затоа што веќе шест години живеам во Америка и ми е започната процедура за добивање тамошни документи. Се јавував во амбасади, на пасошката контрола на аеродром, едноставно се плашев дека би можел да имам проблеми доколку не се совпаѓа идентитетот на пасошот со оној што го имам заведено во другите документи. За среќа, сфатив дека властите надвор од земјава веќе се запознаени со нашата транскрипција, па сега за сега немам проблем со документот. Дополнително решение за проблемот беше тоа што побарав во новиот пасош како опција моето име да биде впишано и на српски јазик. На тој начин ја добив транскрипцијата што ја имам на моето презиме и во САД“, вели еден нашинец, кој неодамна го замени стариот пасош со нов биометриски.

Тој немал проблеми за влез или за излез од земјава, но повеќе стравувал дека ќе има проблеми со другите документи што ги приложува во банка, или за вадење на возачката дозвола, или во други институции, каде што со пасошот мора да го потврди идентитетот. „Податоците во пасошот мора да се совпаѓаат и со податоците во зелената карта, која ми ја издадоа за престој тука“, вели нашиот соговорник.

Табела

ИКАО 9303 македонска кирилица

DJ Џ

KJ Ќ

CH Ч

GJ Ѓ

SH Ш

NJ Њ

LJ Љ

ZH Ж

DZ Ѕ


Статијата е прочитана 5075 пати.

Испрати коментар



Разрешен командирот на ПС Гостивар
Пијана неготинка заврши во болница
Пожар во адвокатската уличка во Скопје
Четворица мажи пронајдени мртви во едно деноноќие



Трајче, 09.01.2012 06:28:33
Има и друг вид на проблеми. Јас сум роден во Крушево, но во новиот пасош е наведено име на некој друг град: Крусхево. Ваков град во Државава не постои. Некој ја променил азбукава. Досега учевме дека во нашата азбука има толку знаци колку што има букви. Да ли важи тоа правило? И тиа е начин да се оспори нашата азбука и нашиот идентитет, сега од внатре. Инаку ние имавме нашу латинични знаци за спорните букви. Некои од нив се: Ć š č Č ž Ž Š. Кој ја промени нашата азбука?
shkupi, 09.01.2012 09:03:23
и јас имам проблеми со името. Разбирам дека треба податоците,името и презимето да би дат напишано на кирилица и транскрипцијата според стандардот ИКАО 9303 македонска кирилица но не е праведно да при латинската транскрипција се направи истата тренскрипциски грешки. На латиница треба да стои името какао што е на наш јазик , албански , се разбира со наша одговорност. н.пр. за мене е неприфатливо да моето име SHQIPE да при латинската транскрипција биде грешно во пасош SHKJIPE, што е смешно. Повторно велам дека трба да имаме право на латински ние самите со наша одговорност го напишеме нашето име со наш потпис и одговорност. имам стренато во некои земји вакви случаи надвор каде имат графа каде во нивна одговорност на мајчинскиот јазик го пшуваат името парвилно.
Иван од Штип, 09.01.2012 09:56:00
Зошто ја исфрливме од употреба латиницата која ја учевме во второ одделение и која се користи и во другите балкански земји (Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска) при транскрипција од кирилица.
enko, 09.01.2012 15:40:23
e deeeeee,aj ovie strancive problem imaat.... ama nie ovde sto ziveeme kakov problem imame ... nikakov ustvari samo nemame druga rabota pa si komentirame.... i kaj mene se dodadeni dve bukvi vo prezimeto pa cel svet go prosetav nikoj nisto ne mi rece...
Zoki, 09.01.2012 21:15:05
Bog da cuva! Abe drzavata mora da ima pravilo/standard kako se pravi transkripcija. Na sto lici toa MBR ne eden nacin, vo skolo na drug nacin, na drugo mesto na tret nacin, na koj kako ke mu tekne.
bivsi struzanec, 10.01.2012 03:32:21
A ako drzavata vi vasha i vlada vi menuva ime i prezime, ni of ni lele. A vo gradi site se mavate ako se spomenit Severna Makedonija ili druga opcija za FIROMOT vas . Tamu neka vi sedit .Grujo i kompanija takvi ovcicki si uzivaet da strizet
od ostrijot, 10.01.2012 06:29:12
do pred dve godini nemavme problemi a sega od ednas latinicata se izmenila i toa samo za makedonija a ne iza drugite balkanski zemji no takae i taka ke ostane se dodeka partijski vojnici se stavat na rabotni mesta za koji nemat strucna osnova.a vladata sigo tera svojeto ako nemozeme davi pomogneme barem davi odmogneme

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Облачно

Вторник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -4°C

Среда
Магла
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |