09.01.2012, 18:02 Немало Драган од Охрид, туку бил Алонсо де Охеда
Бугарскиот професор Драгомир Драганов ги исмева тврдењата дека некој Драган од Охрид бил дел од експедицијата на Кристофер Колумбо
Професорот по историја Драгомир Драганов од софискиот Универзитет „Климент Охридски“ во интервју за новинската агенција Фокус тврди дека човекот што го нарекуваат „Драган од Охрид“ и кој, наводно, со Кристифор Колумбо ја открил Америка е фикција. Драганов тврди дека се работи за чистокрвен Шпанец, кој се викал Алонсо де Охеда. Што вели Драганов во интервјуто за бугарската агенција Фокус. Некои од неговите изјави околу националноста се несоодветни, но, сепак, ги пренесуваме како што се кажани.
Професоре Драганов, пред неколку години се справувавте со проблемот „Алонсо де Охеда“ - „Драган од Охрид“; што мислите за шпекулациите во македонските медиуми кои велат дека Македонец ја открил Америка?
Тоа не бил Македонец. Алонсо де Охеда бил чистокрвен Шпанец. Тој имал наследен имот близу Толедо, во селото Охеда. Се' друго околу ова прашање е чиста измислица – прво од Бугарија, која го нарече Јан Димитров; и потоа не знам што измислиле точно Македонците за него, но факт е дека тој бил чистокрвен Шпанец.
Има ли нешто интересно околу името?
Она што е интересно е што во шпанскиот јазик Алонсо е лично име, додека „де Охеда“ значи „од Охеда“. И тука нашите луѓе измислија дека тој не бил Алонсо, туку Драган, бидејќи на француски Алонсо значи „далечен“, „оддалеку“, или „од друга земја“ или што било, додека „де Охеда“ беше „од Охрид“. Тоа е смешно. Во 1981 година се крена врева околу 1.300-годишнината од основањето на Бугарија и јас, заедно со еден мој колега, спроведовме многу темелна истрага во сите шпански архиви. Тогаш работев во Мадрид. Секако, ќе бев среќен да дознам дека Америка, всушност, била откриена од Бугарин од Македонија (бидејќи тогаш Македонија не постоела, како што знаете таа постои од 1991 година). Но, ништо такво не беше докажано.
Зар не бевте во искушение да бидете заведен од овие тврдења?
Јас сум професионален историчар. Работам со документи. Да си дозволи некој да биде во искушение од фактот дека лицето за кое станува збор ги пцуел своите морнари на некој непознат јазик и дека бил Бугарин е смешно. И тврдењето дека тој им се заканувал на своите морнари ако тие не се однесувале како што треба, тие би играле оро, исто така, е смешно, бидејќи оро доаѓа од латинскиот збор „коро“.
Да го оставиме настрана преводот дека „Алонсо де Охеда“ е „оддалечен од Охрид“, бидејќи на шпански „х“ исчезнува или се појавува – ова е апсолутна бесмислица. Алонсо де Охеда бил чистокрвен Шпанец, авантурист, морнар; не го негирам фактот дека неговиот брод бил првиот што стигнал до брегот на Америка, но ова не значи дека тој бил Бугарин од Македонија. За жал. Ова се факти.
Кога мојот колега Венцислав Николов и јас го објавивме ова во 1984 година, авторот на тезата Иван Димитров поведе тужба против мене како шпион на Шпанија. По 1989 година кога дојде до промена на системот, тој ме тужеше наведувајќи дека сум бил агент на Тодор Живков (шеф на Бугарската комунистичка партија од 1954 до 1989 година), кој не сакаше да ги уништи односите со Шпанија и, според тоа, ми наредил да ја демантирам неговата теза... Сето ова се игри на нечиј изопачен ум што не' претворија во цел на потсмев за целиот свет. И сега, ако Македонците навистина одлучија да се фатат на оваа теза, тие ќе бидат вторите на кои ќе им се смеат.
Како го објаснувате фактот дека оваа теза постои толку долго и покрај тоа што историографијата ја негираше?
Најчесто, во Бугарија, и не само во Бугарија, таквите сензации имаат свое минато, сегашност и иднина, ова е нормално. Со мојот колега Венцислав Николов научно ја негиравме оваа теза и докажавме дека е целосно неоснована. Дури и го посетивме имотот на Алонсо де Охеда. Во Бугарија феноменот со општиот подем на патриотско чувство што владееше во 1981 година, што се однесува, пак, до Македонија, го образложив тоа со нивните комплекси. Почнувајќи со Александар Велики, цар Самуил и завршувајќи со „Ах Месечина, Месечина – земја на Македонија...“
Со оглед дека сте историчар, дали ќе може да ни кажете за други примери на бесмртни тези?
Кога мојот колега Николов и јас отидовме до првиот библиотекар на Шпанскиот висок совет за научни истражувања, што е еквивалент на Бугарската академија на науките, тој ни го кажа следново: „Ве молам, почекајте тука, бидејќи кај мене се двајца Полјаци кои тврдат дека Кристофер Колумбо бил Полјак; ве молам, почекајте додека не завршам со нив и потоа ќе ви кажам за Алонсо де Охеда или за Драган од Охрид“. Друг пример за кој сите сме слушнале е оној дека Наполеон бил роднина на Раковски – т.е. бил Бугарин, бидејќи Наполеон, всушност, значи „на поле он“. |
|
Статијата е прочитана 3553 пати.
|
Испрати коментар
|
|
BUGARSKI AKL-DEMIK, 10.01.2012 05:59:28 | NEGOVATA BUGARSKA TEZA vredit kolku i negovata titula,..Sekogas BUGARITE SE EKSPERTI ZA MAKEDONISTIKA PRVO: Imat eden TON dokumenti , nee vazno mislenjeto na BEZ-AKL-DEMIKOT,vazni se dokumentite,koji seuste postojat. VTORO, drugoto ime na Dragan e (DE LIHNIDA), so sto se dpolnuvat tezata, TRETTO, otkoga krena veva , koga vide kako zgresl staa PISMAN-ADZIJA,
..a da go dopolnam za Kolumbo dosega imat samo eden dokument za negovo roganje i toj e otkrien na eden Hrvatski ostrov ,so sto bliskosta so Dragan od Ohrid se dopolnuvat,..A toa so NAPOLEON, e CISTA GLUPOST,..BUGARSKI NEIZLECIV KOMPLEKS, ..so sto se pokazuvat samo strav od malata i nevazna Makedonija nasproti golemata BBugaria ...TRICI |
| Dragica Lapajkoska-Belchevska, 10.01.2012 06:40:07 | Na g0not profesor nekako ne mu odgovara ova istrazuvanje na nekoj si Dragan od Ohrid.
Kade bese dosega javno da kaze deka prema nivnata teza ,,Bugarinot,,od Ohrid ne e onoj so Kolumbos.
G-ne profesore,vo kraen slucaj vie od sekogas ja iskrivuvate istorijata, si prisvojuvate se deka e vase iako vo vas tece makedonska no za zal janicarska krv,zasto vasiot lik ve otkriva deka ste asli Makedonec so bugarsko drzavjanstvo pa sto ste zapnale sega za nekoj si Dragan od Ohrid deka ne bilo vistina.
Pa i da ne e Makedonija ima mnogu pobogata istorija i od toa,a toa sto se falite deka vie kako istoricar mnogu znaete,boga mi na eden ugleden profesor kako vas ne dolikuva da bide so detski um. |
| Богомил, 10.01.2012 08:32:32 | Во 1981 година Бугарија со големи помпи ја прославуваше 1300-годишнината од создавањето на бугарската држава и тогаш, за нејзините историчари половина од шесте милијарди жители на планетата Земја беа Бугари . Само немаа технички можности сите тие да ги усреќат со доделување бугарски пасоши. Тогаш морепловецот АЛОНСО ДЕ ОХИДА го претставуваа како ДРАГАН ДЕ ЛИХНИДА, ШТО ТРЕБАШЕ ДА ЗНАЧИ - ДРАГАН ОД ОХРИД. А бидејки, според нив, ,,Охрид е бугарски, а Македонците Бугари,, дојдоа до саканата теза дека Алонсо всушност бил ,,голјам,, Бугарин од Охрид. Тогаш СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК СТАНА СТАРОБУГАРСКИ, А БУГАРСКОТО ПИСМО ПОСТАРО ДУРИ И ОД КРИТСКОТО. И така шпанскиот морепловец ДРАГАН ДЕ ЛИХНИДА бугарските историчари - алхемичари го укотвија во бугарските води и го престорија во ДРАГАН ОД ОХРИД. |
| kumanovec, 10.01.2012 09:02:42 | I do sega se somnevav vo istorijata voopshto,no odsega ne veruvam vo nishto.Doziveavme da istorijata ja pishuvaat razni sharlatani kako ovoj Bugarinot i nashiov Paskal kuzman koj od mnogu angaziranost vo istrazuvanje jaden nema vreme ni kosata da si ja izmie.Tie ne lazat i za onaa vreme koe sme go preziveele a kamo li za drugo vreme od istorijata. |
| Kharn, 10.01.2012 09:22:42 | Уф лошите бугари па ни го негират идентитетот.
Добро дека сеуште си имаме Батман, нели е родом од Прилеп.Па и на овоj хероj споменик му треба |
| More nas e i tocka!, 10.01.2012 09:24:43 | Ovaj od Bugarija ce ni kaze deka Dragan od Ohrid ne bil vo otkrivacite na Amerika, ami se rabotelo za nekoj Alonso de Oheda?!. Ajde ber begaj tamu! toa e maslo na Spancite.Toa bil Dragan de Lihnidos i tocka! Pa uste vo brodskite knigi stoi kako socno gi pcuel po nasinski mornarite na Kolumbo i site mu se plasele i begale od nego. E od tuka idi i ime plasicaza ribata od Ohridskoto ezero. Ne samo sto ja otkril Amerika ,ami tamu i cinar posadil, za da ostavi beleg na mestoto.Redno e na plostadot vo Skopje da mu izgradime golem spomenik, ako se najde slobodno mesto. |
| Tina, 10.01.2012 11:35:44 | Bas ubava razmislotina, i sepak odi na kaj Makedonskiot jazik, a iminjata se menuvat po nacionalen akcent, i toa e fakt.
A da togiska Makedonija ne postojala, e Bugarski fakt, ne internacionalni. Mapite nemozat da ja izbrisat Makedonija bez obzir pod cija vladejenje e. Imeto na toj Spanolec e prevedeno dobro.
Se znae da mnodu Makedonci zivejt vo Spanija.
Ako ziveat vo Grcija, im se davat novi iminja.
Sto sega da razglabuvame, i sto ako toj bese Makedonec. ne e kriminal da bides Mako,
A sto da kazime za Don-----de la Mancha?
toj isto dojde od Makedonija, ne od Bugarija.
Inaku ke se vikase, Bug---de la garija ili taka nesto. Izmislotini na iminja si nosat koren.
Makedonskiot koren ne se izdrgnuva lesno.
Bez obzir kolku Bugarite i Grcite toa do sakat.
Don- sekogas oznacuvalo-zemjodrzac.
A kolku imalo Donovi vo Spanija? eheheeeeee!
Don Alejandro, Don Huan, Don Pedro, se Makedonci. nim plaki, ne si ti kriv za golemina na
Makedonistika. |
| Како немало Драган од Охрид?, 10.01.2012 13:25:24 | Како тоа немало Драган од Охрид , кога јас лично се имам сретнато со него?! Шпанците го викале Драган де Лихнидос дос Плашицос , или на галено „ Ел Чинарињо“! Тоа лично ми го кажа Драган , пред повеќе од две години и се качи на бродот „ Илинден “! |
| istoricar, 10.01.2012 13:34:42 | covekot vi kazuva sto ima vo istoriski izvori dokumenti pa toa e istoriski fakt no vie sakate povece nekoj da vi kazuva bajki kako na mali deca... |
| фанатик, 10.01.2012 14:11:26 | Македонизмот е религија и како секоја религија во него се верува. Тој не е построен на докази, туку само на вера. |
| Луда Мара, 10.01.2012 17:40:59 | Ма,грешка е човеков!Што знаат бугарскиве историчари!Па тие не земаат дипломи како Ачковска-на жими мајка!Еве,и таа,како и Гелева,Иљов,Аристотел,може да потврди: Алонсо е нагалено од Драган,а Охеда е стариот назив за Охрид!Што?!Не верувате?!Еве...жими Паско,така е! |
| do fanatik, 10.01.2012 18:50:45 | Makedonizmot e etnicka realnost niz vekovite.Nekoi od sosednite nasi narodi,nivnite etniciteti se kako religija. |
| hunza, 10.01.2012 23:04:31 | Sramota, negirajki go Dragan, ovoj profesor, negira i makedonstvoto, kazuvajki ni uoci deka nie ne postoime. A treba da se znae deka Ohrigjanecot se vrabotil pri Kolumbo po makedonska zemljacka linija. Tatkoto na Kristofer se vikal Ace Kolumboski, poteknuval od Resen i so tatkoto na Dragan vozele gemii po Ohridskoto ezero. Ako ne veruvate prasajte go Donski. |
| Uste eden dokaz deka e nas, 11.01.2012 01:01:01 | Aja pa susumiga, cudam se zaso koa bese na Karibite lani na nekolku turisti im bea izbuseni gumite od kolite. Mora Dragan da e ostavil nekoj potomci poso samo u Ohird i tam sum go videl toa cudo... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|