Хороскоп
Овен
Годината ја започнувате со чувство на слобода, но тоа не значи дека треба да се олабавитее премногу. Подготвени сте да покажете заби на секого што ќе ви застане на патот. Не почнувајте да работите повеќе работи одеднаш, може да заглавите. Посвете му внимание на партнерот кој во последно време го запоставивте.
Бик
Успешен старт за бикови во јавни професии. Имате потреба од дружење и комуникација со странство. Бидете трпеливи и се' ќе си дојде на свое место. Не очајувајте ако нешто не е како што сакате. Партнерот ви посветува се' повеќе внимание, искористете го тоа и уживајте. Не претерувајте со алкохолот.
Близнаци
Тврдоглави сте, но тоа е поради вашиот силен карактер. Доколку сте во конфликт со партнерот, бидете свесни дека некој треба да попушти. Подгответе му изненадување. Зачувајте ја храброста, бидејќи ве очекува период на шокирање. Работните обврски се повеќе ви причинуваат задоволвство. Очекувајте успех.
Рак
Емотивните ракови во првите денови на Новата ќе се вљубат. Ве очекуваат незаборавни моменти. Наредните денови бидете умерени во се', особено во исполнување на работните обврски. Неретко знаете да претерате со работата и да се чувствувате преморено. Занимавајте се со спорт за да ја зачувате формата.
Лав
Имплусивни сте и брзи на јазик. Тоа не е ваша особина, па се чудите што ви се случува. Се трудите нешто да промените, но целосно сте збунети и не ви успева секоја намера. Партнерот со нетрпение очекува малку нежност, овозможете му незаборавни моменти. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи имунитетот ви е доста слаб.
Девица
Чувствувате потреба да се обезбедите за моменти кога ќе ви биде најтешко. Тоа не е лоша особина само ако никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар ако се занимвате со трговија. Имате целосна поддршка од блиските, прифатете ја, но потрудете се никого да не разочарате. Здравјето ви е одлично.
Терезија
Ова е успешен работен ден придружен со обилни контакти и договори. Имате поддршка од партнерот, а тоа ви дава посебно сила и желба да продолжите понатаму. Соработувајте со блиските ако сакате да постигнете успех. Среќни сте и задоволни, бидејќи се' ви оди од рака. Внимавајте на здравјето.
Скорпија
Вредни сте и постојано работите. Очекувате успех и мотивирани сте затоа и постигнвате резултати. Постојано сте во акција па потрудете се да ја зачувате енергијата која се' повеќе се намалува. Бидете внимателни и не дозволувајте да настанат здравствени промени. Доколку ви се јават проблеми, ќе ги решите од прва.
Стрелец
Самоуверени сте и постојано во акција, бидејќи само така ќе успеете да докажете дека ништо не е невозможно. Зрачите со енергија но нетрпеливи сте, а тоа може да ви донесе проблеми. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе биде на удар. Односите со партнерот се одлични потрудете се така да остане.
Јарец
Се чувствувате немоќно бидејќи сте преполни со негативна енергија. Секоја ситуација за вас е проблематична, мора да се промените. Бидете посигурни во себе ако сакате да ве почитуваат и другите. Партнерот е ладен кон вас, потрудете се да го зацврстите односот. Не претерувајте со алкохолот и цигарите, здравјето не ви е баш сјајно.
Водолија
Вредно работите и ги остварувате своите цели. Друштвени сте и интересни, затоа ве очекува пријатен и комуникативен ден. Големи количини енергија трошите на креативни работи и тоа ќе ви врати со успех. На емотивен план очекувајте изненадување од партнерот, но и прекрасни моменти. Внимавајте на здравјето.
Риби
Најголема мана ви е влегувањето во конфликти. Благодарение на вашата енергија ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете. Ве очекува мирен емотивен период.
|