Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
12.01.2012, 17:20

Граѓаните ќе избираат нова влада, ама фасада

На владината веб-страница може да се гласа за петте идејни решенија за нова фасада

Деспина Трајковска


И граѓаните можат да се изјаснат како би сакале да изгледа новата фасада на владината зграда, давајќи го својот глас за една од петте идеи кои се предложени на јавниот конкурс. Неочекувано, без најава, владината служба за општи и заеднички работи вчера отвори анкета: идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата, во која можат да учествуваат сите посетители на веб-страницата www.vlada.mk. Во прилог, прикажани се и фотографии и видеопрезентации на идеите за новата фасада.

„Бидејќи се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата, ние сметаме дека овие решенија, или потребата од истите, треба да биде дадена на финална оцена и потврда од страна на граѓаните. Таа оцена ќе биде од значајна корист и за стручната комисија при натамошните постапки“, стои во објаснувањето зошто во изборот ќе се вклучи и мислењето на граѓаните.

До вчера до 14,30 часот, свое мислење дале вкупно 349 граѓани. Најмногу од нив, 144 го бендисале првиот предлог. Помалку гласале за вториот, додека за петото идејно решение гласале 63 граѓани. Четвртиот предлог имаше 40 гласови, а најмалку гласови беа за четвртото понудено решение.

Од Владата најавуваат дека граѓаните ќе имаат можност да гласаат во наредните две недели. „Се' уште немаме утврдено до кога ќе трае анкетата, сигурно ќе биде отворена во наредниве 10 до 15 дена. Сметаме дека тоа е доволен период за граѓаните да го дадат своето мислење“ изјави вчера владиниот портпарол Мартин Мартиновски, кој немаше информација до кога е крајниот рок надлежната комисија да го избере конечниот нов лик на владината фасада.

Од владината служба објаснија дека фасадата ќе се менува бидејќи постојната веќе со години им создава проблеми на владините функционери. Застарените прозорци биле причина за слаба изолација, односно зголемена потрошувачка на енергија за ладење и затоплување. Подновата на фасадата на „Илинденска“ бб ќе биде прва интервенција на објектот откако е изграден во 70-тите години на минатиот век. Досега, единствено се интервенирало во внатрешноста на владиниот дом.


Статијата е прочитана 2555 пати.

Испрати коментар



„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“
Нови упати за нови главоболки
Никој не знае за што и колку и' плаќа на „Топлификација“



za demagogijata, 13.01.2012 01:04:06
Baranjeto gragjanite da se izjasnat za izgledot na zgradata na Vladata e chista, DEMAGOGIJA! Nikade vo svetot NEUKITE zhiteli ne biraat kako ke izgleda fasada na nekoj vazhen drzhaven objekt, toa zadovolstvo mozhe da go prakticiraat samo, po doma. Za izgledot na drzhavnite objekti mora da vodat smetka odbrani struchni lugje. So ovoj akt na glasanje vlasta pokazhuva kolku i e gajle za drzhavata
Laik, 13.01.2012 01:44:52
Da se prasha arhitektot i negoviot struchen tim, dokolku postoi, a ne laici kako mene i Grujo. Kolku slushnav, arhitektot rekol da ne se dira. Ama zlaten tender, ne daje mira!
Весна.С. од Прилеп, 13.01.2012 01:46:28
Ми се допаѓа второто,до некаде третото и петтото идејно решение(првото не доаѓа во предвид)
sasko, 13.01.2012 03:37:17
Гласам за првото идејно решение,со то што ќе се покрие другото просторно уредување како што е местото покрај камениот мост односно зградите што се градат покрај кејот на Вардар! Мислам дека таа фасада би требало да го изразува западниот стил на градби а не како што има даден предлог во новоидејно решение со стаклена архиктетура...нема благе везе со загубите во топлотно-изолационото решение!
Kole, 13.01.2012 07:09:52
Uste edna stranska investicija - Bravo za Mizer Makedonija...
miki, 13.01.2012 09:11:40
Gi zalam tie kutri sto ke glasaat protiv glupavata i selska idea za barokna fasada! Veke e reseno!
PETRE, 13.01.2012 09:29:58
MERODAVNO E SAMO MISLENJETO NA AVTOROT!!!! OBJEKTOT E SAMO NEGOVO AVTORSKO DELO.
Bojan, 13.01.2012 09:43:46
Ako im duva od prozorite, najdobro e da gi smenat prozorite a ne da trosat drzavni pari na nova fasada. I nie ziveeme vo stari kuki, pa koga Ni duva doma menuvame prozori a ne cela fasada! I kade se culo i videlo obicen graganin da kazuva mislenje za nesto sto treba da ostane so denecii za slednite generacii? zatoa postojat fakultetti, profesofi, luge specijalizirani za taa bransa koi treba da dadat strucno mislenje dali treba Voopsto da se menuva fasadata i dokolku se menuva kako treba da izgleda!!! Sramota...
Оливер, 13.01.2012 09:53:07
Господа за демагогијата, очигледно не сте ја разбрале поентата на анкетата бидејќи зградата од Владата не е од Груевски или за него сигурно тој не ја реновира, оти и твоите надредени ќе трба да седнат некогаш внатре и други генерации кој сега немаат никаква врска со зградата а можеби и ваши деца. Затоа, анкетата е за сите, за да придонесат во новиот изглед на зградата, МИСЛЕЊЕ да се даде од грѓаните зошто таа секако ќе се реновира дајте затоа да се вклучиме сите. Депресивци, деструктивци и фрустрирани ликови како вас најмногу одмагаат на оваа држава во секоја смисла па дури и во оваа, кога никој не е дирекно засегнат, односно е од добро за сите.
slartibartfast, 13.01.2012 11:24:51
Aj irlija uste eden aramiski proekt, ali neka dade gospod vo renoviraniot objekt na ne stapne Grujo so svite palavkovci.
Caci London, 13.01.2012 12:27:30
Ako ubavo e da se gradi i razubavuva, no so novi futuristicki idei. Zosto kako nacia sme talku zatapkani vo minatoto? Minatoto e minato i barokot bill nekogas,idealno e da se vratime vo denesninata i gledame vo idninata. Ako gledame od visoko razvienite zemji ili popularno zapad, sekoja nova gradba e arhitectonsko futuristicka.Berlin,London,Paris, Brussels... Da posocam Dubai, Shanghaj, Singapor,Doha... Vreme e kako nacia da se soocime so idninata a ne so minatoto. Pozdrav S
Violeta, 13.01.2012 12:32:20
Avtorot e toj koj treba da ja napravi rekonstrukcijata na vladata. Vo sprotivno toa e nepochituvanje na negovoto tvoreshtvo. Kako bi bilo da mu se rekonstruira Papokot na svetot na Venko Andonovski, na Lichenovski namesto afioni da mu zasadime tutun, na Martinovski da mu gi doterame vo barok negpvite Ciganki i...da ne nabrojuvam ponatamu. Ja povikuvam arhitektonskata fela glasno da progovori za ova.
Vinci, 13.01.2012 13:46:38
Kako na ovaa vlast ne im ,,teknuva,, da postavat idejni resenija za izgradba na nekoja fabrika, hidrocentrala, patista, prugi, mostovi......,vaka se glupost do glupost (sracunato) od ovoj rezim, samo arcenje narodni pari na grbot i na taka osiromasena raja.Vo konkretniov slucaj najprvin go slusnavme i mislenjeto na cenetiot arhitekt koj go proektirase objektot na Vladata i toj sekako e najrelevanten da se proiznese za bilo kakva izmena na fasadata, a od druga strana postoi i fela na arhitekti od koi treba da se cue strucno (ekspertsko) mislenje, a ne demek sega da se pravi anketa na koja polupismeni luge ke se izjasnuvaat za idejnite resenija za novata fasada, bozem istite kako relevantni faktori dobro poznavajki gi ARHITEKTONSKITE STANDARDI ke go dadat svojot ,,doprinos,, vo izgledot na vakva rekonstrukcija!!!!!!???????Smesno i zalosno........
Povreda, 13.01.2012 16:55:04
So promena na fasadata na Vladata, dokolku avtorot na istata ne se soglasi, se povreduva negovoto avtorsko pravo!
Ing.arh, 13.01.2012 17:50:30
FASADATA , KAKO I VKUPNO OBJEKTOT OD ING.ARH. MULICKOVSKI E ARHITEKTONSKI BREND NA MAKEDONIJA I NE SMEE DA SE MENUVA - NI SLUCAJNO.VO IME NA ARHITEKTURATA.
Зевзекмен, 13.01.2012 18:26:23
треба фасада што може да се Пере од јајца и патлиџани
ane, 14.01.2012 00:33:13
Prvovo idejno resenie da ne e slucajno Belata kuka vo SAD ili jas nesto pomesav, ne mi se veruva do kaj ide coveckata glupost. Aman lugeee do koga ke prodolzi ovaa glupost i blamaza

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Петок
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Сабота
Магла
Макс: 2°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |